Чивија

Term Main definition
Чивија

Ако сонувате чивија тоа значи дека ќе бидете унапредени на работа.

Чивија – што значи да сонувате чивија?

Ако видите чивија на сон

Ако видите чивија на сон тоа симболизира радост. Конечно ќе бидете задоволни од постигнатото во животот и ќе можете со гордост да кажете дека не постои нешто што би го направиле поинаку или нешто поради што се каете. Цврсто стоите на земја и не допуштате никој да ве поколеба.

Секогаш добро размислите пред да донесете одлука или да кажете нешто што би можело да ве компромитира.

Ако сонувате дека користите чивија

Кога сонувате дека користите чивија, тоа укажува дека ќе бидете строги кон колегите. Можно е на работа да добиете поголеми овластувања од досегашните и ќе посакате да докажете дека сте на ниво на секоја задача која ќе ви се постави.

Бидејќи новата позиција со себе носи и поголема одговорност, ќе мора да надгледувате како работат вашите колеги и да ги критикувате ако има потреба. Таквиот став ќе ви ја намали популарноста во колективот, но вашите приоритети ќе бидат појасни од кога било.

Ако некој друг користи чивија

Доколку во ваш сон некој друг користи чивија значи дека ќе станете жртва на нечија манипулација. Личноста која ја сметате за блиска ќе се обиде да ве искористи за да оствари некои свои цели. Можеби се дружи со вас само поради таа причина. Нема да забележите што се случува, а нема ниту да верувате кога вашите пријатели ќе ве предупредат за тоа.

Тогаш кога ќе бидете ставени на свршен чин ќе сфатите колку сте биле наивни. Во секој случај ќе научите важна лекција.

Ако купувате или исправате чивија

Ако сонувате дека купувате или исправате чивија имплицира дека ќе вложувате во она што го сакате. И покрај опомените дека вашето занимање не е профитабилно и дека нема лесно да најдете работа, ќе продолжите да учите и да се усовршувате во областа која ве интересира. Тоа може да биде музика, сликарство, книжевност и слично.

Ако видите дека некој поправа чивија можеби во блиска иднина ќе запознаете личност која би ви помогнала да завршите некоја работа. Не е исклучено ниту дека со своите контакти ќе успее да ви обезбеди подобро платено работно место. Од деловно дружење ќе се развие едно сјајно пријателство за цел живот.

Ако продавате чивија

Кога на сон продавате чивија тоа значи дека посакувате да побегнете од проблемите. Сте изгубиле контрола над ситуацијата и не гледате друг излез освен да побегнете. Време е да преземете одговорност за сопствените постапки и да почнете да се однесувате како возрасна личност. Немојте да ги обвинувате другите луѓе, државата, универзумот, и вие некогаш грешите! Учете од грешките за да не ги повторувате.

Ако изгубите чивија

Ако сонувате дека сте изгубиле чивија укажува дека ќе решите голем проблем со леснотија. Се плашите да му пристапите, но благодарение на својата интелигенција ќе бидете прилично успешни. Бидете внимателни при потпишување на какви било договори. Прочитајте го секој збор за да спречите главоболка на време.

Ако пронајдете чивија

Ако на сон пронајдете чивија тоа значи дека постои голема веројатност да дојдете до идеја со која ќе се збогатите. Работата со која се занимавате во моментот не ви носи задоволство, туку преставува начин да си обезбедите нормален живот. Отсекогаш сте мечтаеле да работите што помалку, а да имате што повеќе. Ако имате доволно трпение желбата може да ви се оствари.

Ако украдете чивија

Доколку сонувате дека сте украле чивија тоа значи дека се залажувате дека сте клучен фактор во фирмата во која работите. Сметате дека сте најкомпетентни и дека најдобро си ја работите работата. Но, се почесто се наоѓате во ситуација кога некој друг покажува поголема иницијатива и ентузијазам што на работодавецот му се допаѓа. Додека неговиот/нејзиниот рејтинг расте, вашиот стагнира. Ако сакате да ја задржите својата позиција, немојте да се опуштате и да живеете од „стара слава“.

Кога некој на сон ќе ви украде чивија тоа имплицира дека ќе се соочите со финансиски проблеми. Можеби ќе имате поголеми трошоци кои не сте можеле да ги предвидите. За момент ќе помислите да позајмите пари за да го санирате тоа, но ќе сфатите дека повеќе ви се исплати да стегнете каиш отколку неколку месеци да одвојувате дел од своите примања за рата од кредит.

Ако менувате чивија на гитара

Сон во кој менувате чивија на гитара укажува на тоа дека вашиот мир нема долго да трае. Таман кога ќе помислите дека животот сте го довеле во ред ќе се случат нешта на кои нема да можете да влијаете. Тоа на кратко ќе ви го измести компасот, но ако се помирите со фактот дека така морало да биде ќе ви биде полесно да ја надминете пречката.

Ако на сон некој друг менува чивија на гитара тоа е порака да не се откажувате од своите цели, колку и да ви е тешко. Потрудете се да не губите мотивација и фокус. Знајте што сакате и држите се до плановите кои сте си ги поставиле. Не дозволувајте да ве обесхрабрат негативни луѓе.

Ако менувате чивија на виолина

Ако на сон менувате чивија на виолина тоа укажува на судири во семејството. Веројатно меѓусебното недоразбирање ќе ескалира до таа мера што ќе се скарате со постарите членови на семејството. Ќе имате различни погледи кои треба заедно да ги решите. Ако спуштите топка, можеби ќе постигнете некој компромис кој ќе им одговара на сите.

Сон во кој гледате дека други менуваат чивија на виолина значи дека ќе се најдете во незавидна ситуација. Две лица кои еднакво ги сакате и почитувате ќе ги вкрстат мислењата и ќе побараат од вас да донесете пресуда. Нема да ви биде лесно да пресечете, бидејќи се плашите дека ќе повредите некого. Ако добро ја проанализирате сигурно ќе донесете правилен суд.

Стари чивии

Кога сонувате стари чивии тоа значи дека треба да ги унапредите вештините за преговарање. Тоа ќе ви биде потребно за да постигнете некој деловен договор или да си обезбедите поголема плата. Вие не сте личност која сака да се ценка, па ќе ви биде многу неудобно да поставувате услови. Сепак, овојпат мора да се потрудите и да излезете од „сигурната зона“, ако сакате да постигнете нешто.

Нови чивии

Нови чивии на сон симболизираат судири. Пред вас е период во кој ќе морате да донесете големи и важни одлуки. Нема да ви биде лесно бидејќи понекогаш ќе бидете многу збунети поради ситуацијата. Обидете се да анализирате и да предвидите можни исходи, па после одлучете што ќе правите. Не плашете се да побарате совет од личноста на која и верувате.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе чивија, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чивија

Чивии се машински елементи кои служат за точно одредување на положбата на еден машински дел во однос на друг. Исто така, се наоѓаат на главата на гитарата и со нивна помош се штимаат жиците.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg