Чизми

Term Main definition
Чизми

Ако видите: не пребирајте работа, немаштија; ако ги навлекувате: успех во работата или во љубовта; ако ги соблекувате: смртен случај во околината; нови: радост, среќа, стари: бега, загуба; валкани: некој тешко ќе ве обвини.

Што значи да сонувате чизми?

Ако сонувате чизми

Ако на сон видите чизми, тоа е предупредување дека не би смееле да пребирате работа. Можеби сте незадоволни со моменталното работно место и размислувате да дадете отказ. Тоа воопшто не би ви била добра одлука бидејќи се наоѓате во лоша финансиска состојба. Сите ќе ве посоветуваат да се стрпите и да не правите нешто поради што подоцна би можеле да зажалите.

Ако облекувате чизми на сон

Кога сонувате дека навлекувате чизми, тоа укажува на тоа дека ќе имате успех на работа или во љубовта. Наредниот период ќе ви биде повеќе од поволен бидејќи сите ваши квалитети ќе дојдат до израз. Што се однесува до работата, можеби ќе добиете договор на неопределено време и вашиот шеф ќе биде воодушевен од вашите резултати.

На љубовниот план ќе имате многу додворувачи и нема да знаете за кого да се одлучите.

Ако соблекувате чизми

Ако сонувате дека соблекувате чизми тоа означува смртен случај во околина. Веројатно се работи за некој кој е постар или веќе долго време е болен. Секако дека ќе ве погоди веста и ќе обидете да помогнете колку можете на погребот.

Нови чизми

Доколку на сон видите нови чизми, тоа симболизира среќа. Можеби наскоро ќе се вработите и тоа ќе биде вашата прва сериозна работа. Со особен ентузијазам ќе работите се она што се бара од вас и ќе се трудите да впивате знаење како сунѓер. Од прва плата ќе можете да си дозволите нешта кои отсекогаш сте ги сакале а не сте можеле да ги побарате од родителите.

Стари чизми

Кога сонувате стари чизми, тоа имплицира дека ќе имате материјални загуби. Веројатно сте одложувале долгови кои ви се собирале и дошле на наплата. Ќе бидете приморани трошоците да ги сведете на минимум и да се одрекнете од луксузот во кој сте имале прилика да уживате во минатото. Оваа ситуација ќе ви падне тешко, но ќе биде корисно искуство кое нема да сакате да се повтори во иднината.

Валкани чизми

Ако на сон носите валкани чизми тоа имплицира дека некој сака да ве наклевети. Не сте биле свесни дека сте биле опкружени со луѓе кои сакаат да ве претстават во најлошо светло. Ќе се обидат да ви припишат особини и дела кои не се ваши што ќе ве натера да им возвратите и да се научите да се борите за себе.

Ако купувате чизми

Доколку сонувате дека купувате чизми тоа значи дека ќе промените мислење за некого. Веројатно ќе сфатите дека погрешно сте процениле некоја личност и дека првиот впечаток ве излажал. Ќе произлезе дека тој/таа поседува многу повеќе квалитетни особини одошто сте мислеле на почетокот.

Ако продавате чизми

Ако на сон продавате чизми тоа имплицира дека сте подготвени да поднесете многу жртви за да ја постигнете својата цел. Прво ќе го жртвувате семејството и пријателите поради работата, а подоцна самите ќе сфатите дека сте погрешиле. Не дозволувајте парите да ви бидат поважни од поддршката и љубовта на блиските луѓе.

Ако подарувате чизми

Кога некому на сон ќе му подарите чизми тоа значи дека нема да жалите пари за да израдувате драга личност. Ќе се потрудите да му го купите најдобриот и најубавиот подарок бидејќи знаете дека го заслужува тоа.

Ако добиете чизми на подарок

Доколку некој на сон ви подари чизми можеби поради работата ќе морате да отпатувате во странство. На почетокот кратко ќе се задржите, а потоа толку ќе се навикнете што ќе посакате да останете таму засекогаш.

Ако изгубите чизми

Ако на сон не можете да си ја пронајдете чизмата тоа значи дек сте збунети. Сте дошле до фаза кога мора да донесете важни одлуки, но немате претстава што да правите. Од една страна би сакале да градите кариера, а од друга страна би сакале да основате семејство. Обидете се да се помирите од тие две нешта.

Ако покрај вас се наоѓа вистински животен сопатник, ќе можете да ги добиете и двете. Ако на сон сте ги изгубиле и двете чизми веројатно ваш пријател ќе ве искритикува  бидејќи сте заборавиле да му го честитате роденденот.

Ако носите тесни чизми

Сон во кој носите тесни чизми значи дека е време да престанете да се преправате во нешто што не сте. Се трудите на сите да им се допаднете и да се покажете во најдобро светло, а притоа го занемарувате фактот дека во своето опкружување имате многу луѓе кои многу добро ве познаваат.

Наместо да стекнувате нови пријателства, вие ќе почнете да ги губите и старите.

На толкувањето на соновите влијае и бојата на чизмите која ја сонувате.

Гумени чизми

Гумени чизми укажуваат дека сте многу вредна личност. Не ви е тешко да работите било каква работа, дури и уживате во тоа. Сепак, не смеете да дозволите луѓето да ве искористуваат. Не мора баш се да преземате на вашите плеќи.  Мора да научите да заповедате. Така ќе бидете добар лидер и со својот пример ќе можете да ги мотивирате останатите луѓе.

Каубојски чизми

Кога на сон гледате каубојски чизми тоа значи дека вашиот јак карактер ќе ве спречи да се зближите со личноста која ви се допаѓа. Нема да сакате да попуштите и да го направите првиот чекор и тоа кај него/неа ќе предизвика сомнеж кој нема да ви се допадне. Едноставно ќе се откаже од вас. Од тоа ќе научите дека понекогаш не се исплати да бидете тврдоглави.

Воени чизми

Ќе излезете посилни и помудри во однос на противникот во нешто.

Црни чизми

Црни чизми на сон укажуваат на победа над непријателите. На време ќе сфатите кој се обидува да ви наштети, во деловниот или во приватниот живот. Ќе смислите добра тактика и ќе го/ја поразите со неговото/нејзиното оружје. Тој триумф нема да ви го донесе задоволството на кое сте се надевале, но барем ќе можете мирно да спиете.

Кафени чизми

Кафени чизми симболизираат сила или моќ. Веројатно сте почитувани во друштвото и сте свесни дека секој од нив би ви помогнал кога тоа би го побарале од нив. Потрудете се да не го злоупотребувате влијанието кое го имате врз другите луѓе.

Бели чизми

Сон во кој видите или носите бели чизми укажува на тоа дека сте си поставиле големи цели и ќе мора малку повеќе да се помачите за да ги остварите. Ќе наидете на многу пречки, но ако не губите надеж и трпение, сите ќе ги надминете со леснотија.

Останати бои

Ако сонувате жолти, беж, портокалови, или црвени чизми тоа значи дека се соочувате со криза на идентитетот. Толку сте се труделе да му се допаднете некому што сте заборавиле кои сте. Ова ќе ви биде лекција да не се обидувате да бидете друга личност, бидејќи луѓето сигурно ќе ве засакаат онакви какви што сте, само ако им дадете шанса.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте купиле или носеле чизми или сте виделе модел кој ви се допаѓа, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чизми

Чизми се еден вид на обувки кои ја покриваат ногата од глужд до колена. Достапни се во различни големини, а некои се долги и до бедрата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg