Црна боја

Term Main definition
Црна боја

Предупредува на жалост, тага, грижа која ќе ве снајде на јаве.

Што значи да сонувате црна боја?

Маж кој сонува црна боја

Кога маж сонува црна боја, тоа означува мажественост. Во наредниот период ќе бидете магнет за жени кои ќе ве опсипуваат со внимание и комплименти кои позитивно ќе влијаат на вашата самодоверба. Сите ќе бидат воодушевени од вашиот шарм, па со леснотија ќе завршувате работа во банка, пошта и други места каде што работат вашите пријателки.

Доколку жена сонува црна боја, тоа укажува на намера да заведете некого кој веќе долго време ви се допаѓа. Можно е тој да калкулира со секој збор или поглед кој ќе ви го упати што ќе ве доведе до лудило. Одлучете се да ја промените тактиката и да му покажете дека многу мажи би биле среќни да се на негово место.

Ако сонувате дека боите нешто со црна боја

Ако на сон боите нешто со црна боја, тоа симболизира солзи. Веројатно вашата врска или брак се наоѓаат пред искушенија кои ќе ја одлучат неговата иднина. Ќе бидете изложени на многубројни стресни ситуации и единственото нешто што ќе сакате да направите е да се осамите и со ладна глава да размислите за се она што сте го преживеале.

Ако сонувате црн коњ

Ако на сон видите црк коњ тоа значи дека ќе мора да вложите многу труд и работа за да остварите некој голем успех. Нема да можете со пречки да ја постигнете својата цел. Имате време на располагање, па на вам е да одредите како ќе го потрошите. Потрудете се да најдете мотивација, енергија и доволно трпение и бидете сигурни дека тоа еден ден ќе ви се исплати.

Ако сонувате црна овца

Кога сонувате црна овца тоа имплицира дека ви претстојат потешкотии поврзани со членовите на далечното семејство. Можни се недоразбирања поради кои ќе се оддалечите. Сепак, доколку и двете страни признаат дека погрешиле, проблемот би можел да се реши на брз и на многу ефикасен начин.

Ако сонувате црно куче

Црно куче на сон има повеќе значења во зависност од контекстот во кој се одвива, како и чувствата што го следат. Ако на сон сте се исплашиле од црно куче тоа укажува на долг период на неволја, проблеми, недостаток на работа или пари. Ако црното куче на сон ви предизвикало позитивни чувства може да значи дека ќе сретнете личност која ќе ве заведе на прв поглед.

Ако сонувате црна мачка

Иако се смета дека црната мачка на јаве претставува опасност, проблеми, па дури и смрт, во соновите има сосема поинакво значење. Овие соништа потврдуваат дека сте суеверна личност која се плаши да помине покрај црна мачка, никогаш не седи на работ на масата од страв да не и се случи нешто лошо.

Можно е луѓето околу вас исто така да се оптоваруваат со вакви нешта, а кога не ве послушаат ги барате за да проверите дали е се во ред со нив.

Ако сонувате црна птица

Доколку на сон видите црна птица тоа значи дека веројатно ќе чуете вести кои ќе ве загрижат. Можеби работодавачот ќе ви каже дека мора да го намали бројот на вработените или партнерот или член на семејството ќе ви признае дека се соочува со тежок финансиски проблем.

Во секој случај, таквите информации ќе ве шокираат и загрижат, но ќе умеете да се изборите со тоа и да пронајдете најбезболно решение за моменталните проблеми.

Ако сонувате црно пиле

Кога сонувате црно пиле тоа симболизира успех на деловен план. Оние кои веќе долго време планираат да започнат сопствен бизнис конечно би требале да се нафатат на тој зафат. Ако работите во фирма, работодавецот би можел да ви даде унапредување или да ви ја зголеми платата.

Ако сонувате црна змија

Сон во кој гледате црна змија укажува на тоа дека ќе бидете тажни поради загубата на пријателот. Можеби станува збор за смрт или болест во неговото/нејзиното семејство. Потрудете се да му бидете при рака во овие тешки моменти.

Ако сонувате црни мравки

Црни мравки на сон се однесуваат на вашиот поглед на свет. Можеби се наоѓате во фаза кога имате чувство дека сите бродови ви потонале. На ваша среќа, овој период успешно ќе го пребродите со помош на саканите луѓе околу вас.

Ако сонувате црни бисери

Ако на сон видите црни бисери, почнете да се радувате бидејќи ваквите соништа имаат многу позитивно значење. Истите укажуваат на благосостојба на емотивниот, деловниот и на финансискиот план. Конечно ќе дочекате нештата да тргнат по свој тек, на начин на кој сте сакале.

Сепак, не дозволувајте да станете премногу еуфорични поради тоа и немојте многу да се фалите бидејќи не се сите добронамерни како што ви изгледа.

Ако сонувате црна дупка

Доколку на сон видите црна дупка тоа значи дека ќе се ослободите од големи грижи. Веројатно ве плашело дали ќе се запишете на факултетот што го сакате, дали ќе положите важен испит или ќе ја добиете работата за која мечтаете. Она кое ве загрижувало, ќе се реши на најдобар можен начин. Конечно ќе можете да се опуштите.

Ако сонувате црна ружа

Кога сонувате црна ружа тоа укажува на нов почеток. Ќе донесете големи одлуки кои ќе го променат текот на вашиот живот. Можеби ќе дадете отказ од работа и ќе започнете сопствен бизнис или ќе се преселите во странство. Можеби ќе ја раскинете долгогодишната врска или ќе одлучите да прифатите состанок со личност на која и се допаѓате.

Во секој случај, оваа промена добро ќе ви дојде и нема да се покаете поради тоа.

Ако сонувате црна коса

Сон во кој гледате црна коса имплицира дека некое непријатно или лошо искуството дополнително ќе ве зајакне. Сте мислеле дека не можете сами да ги совладате тешките моменти, но тек сега ќе согледате дека сте психички јаки. Искористете ја силата за да ги остварите своите цели.

Дефиниција за црна боја

Црна боја е боја од трет ред и се добива со мешање на една основна боја со една секундарна боја од различни мери.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg