Цртан филм - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Цртан филм

Term Main definition
Цртан филм

Ако гледате цртан филм на сон ве очекуваат безгрижни времиња.

Што значи да сонувате цртан филм?

Ако гледате цртан филм на сон

Кога сонувате дека гледате филм во својот дом тоа значи дека конечно ќе излезете од кризата во која се наоѓате. Проблемите кои сте ги имале на работа, здравјето или партнерот ќе ги надминете, па ви следува убав и безгрижен период.  Искористете го да се одморите, уживате и да ги наполните батериите за се она што ви претстои. Не би било лошо да направите планови кои сакате да ги реализирате во иднина.

Доколку, пак, сонувате дека гледате цртан филм во кино тоа имплицира дека би требале повеќе да се дружите. Поради работата или факултетот и хроничниот недостаток на енергија највеќе претпочитате времето да го поминувате сами дома.

Можеби пријателите ќе почнат да ви префрлаат поради тоа. Сепак, би требале понекогаш времето да го посветите на оние кои ги сакате, сигурно ќе ви годи нивното друштво.

Ако некој друг гледа цртан филм на ваш сон

Ако сонувате дека некој друг гледа цртан филм на ваш сон тоа симболизира жал за безгрижните денови од детството. Често размислувате колку би ви бил животот поедноставен доколку другите би се грижеле за вас, а вие да размислувате само со кои играчки би се играле кога ќе се вратите од училиште.

Сите понекогаш размислуваме за тоа, но не вреди да се живее во минатото бидејќи морате да се посветите на сегашноста и да се грижите за иднината.

Ако сонувате дека деца гледаат цртани филмови

Кога сонувате дека деца гледаат цртани филмови потсвеста ве предупредува дека е време да ги покажете своите таленти и да станете вистински лидер, а не пасивен набљудувач. Обидете се да го материјализирате она што го имате и тоа на начин на кој ќе ви се исплати.

Зошто би си го трошеле времето и енергијата за нешто за кое други заработуваат, а вам ви исплатувале минимален дел од тоа. Вистински момент е да започнете сопствен бизнис и да си одредите што, кога и како ќе правите.

Ако правите цртан филм

Ако сонувате дека правите филм во работилница за филм тоа значи дека ќе направите добро дело. Ќе и помогнете на личноста која првпат ја гледате и нема да барате ништо за возврат, но подоцна животот ќе ви врати.

Ако сонувате дека глумите во цртан филм

Иако овие соништа се многу ретки, нив ги сонуваат воглавно креативни личности.

Можеби уметноста е она што ве привлекува, но работите на некое место каде не можете да ги покажете своите таленти. Посветете се на некое хоби и веројатно со текот на времето ќе профитирате од тоа.

Ако сонувате ликови од цртан филм

Кога сонувате ликови од цртани филмови тоа имплицира дека би требале да избегнувате неволји. Повнимателно донесувајте одлуки бидејќи на тој начин би можеле да наидете на проблем. Ризичните вложувања би можеле да ви донесат повеќе штета отколку корист.

Погрешен момент е и за љубовните авантури, бидејќи постои опасност наместо забава која ја барате за добиете „главоболка“.

Ако сонувате дека ве бркаат ликови од цртан филм

Доколку на сон ве бркаат ликови од цртани филмови тоа симболизира потреба за искрен разговор. Иако сте личност која свесно во себе си ги чува проблемите, желбите и тајните, постојат моменти кога би ви годело кога би имале да поделите со некого нешто што ве мачи. 

Во моментот сте во фаза кога добро би ви дошол совет од личност на која и верувате, па не двоумете се да побарате.

Ако сонувате дека се расправате со ликови од цртан филм

Кога сонувате дека се расправате со ликови од цртани филмови тоа имплицира дека луѓето од непознати причини ве обвинуваат дека сте незрели и неодговорни. Можеби се работи за постар член на семејството со чии ставови и погледи на свет воопшто не се сложувате.

Често влегувате во расправија која не води никаде. Наместо залудно да си ја трошите енергијата, потрудете се да ги игнорирате критиките и да се посветите на конструктивните нешта од расправата.

Ако сонувате дека се тепате со некој лик од цртан филм

Сон во кој се тепате со ликови од цртан филм претставува порака да се откажете од некого или нешто. Можеби предолго време сте посветувале на некоја работа која не ви донесува успех или многу внимание сте дале на личност која не ве заслужува. Сте верувале дека ќе успеете на крај и дека ситуацијата ќе се поправи, но сепак, ништо не се случило.

Потсвеста ви порачува дека едноставно е време да кренете раце.

Ако сонувате дека некои ликови од цртан филм се обидуваат да ве убијат

Доколку сонувате дека ликови од цртан филм ве бркаат за да ве убијат тоа значи дека ќе успеете да ги остварите сите желби што сте си ги замислиле.

Ако сте размислувале да промените факултет, работа, занимање, место на живеење или емотивен партнер, сега е вистински момент за тоа. Пред вас е еден многу успешен период  кој треба да го искористите за сопствено добро во иднината.

Ако сонувате дека сте убиле лик од цртан филм

Ако сонувате дека се обидувате да убиете некој лик од цртан филм тоа имплицира дека конечно ќе почнете да ги решавате проблемите. Веќе некое време ги одложувате работите кои не ви се допаѓаат, бидејќи купот е се поголем и поголем. Во клучен момент ќе сфатите дека така си задавате повеќе грижи.

Ќе се одлучите подобро да се организирате и чекор по чекор да ги решавате сите задачи. Не би било лошо да побарате совет од некој пријател или од член на семејството. Секако, под услов и вие да ја возвратите услугата некогаш.

Ако сонувате дека други убиваат ликови од цртан филм

Овие соништа покажуваат дека ви е потребна помош и заштита. Ви треба силен партнер. Некој ќе знае да го препознае тоа и да ви го следи животното темпо. Веројатно личноста со која во моментот сте во врска или во брак нема многу амбиција, што понекогаш ви делува фрустрирачки.

Меѓутоа, ако тоа е единствената работа која ве дели, немојте лесно да се откажете од врската/бракот, туку потрудете се најдете компромис.

Ако сонувате дека водите љубов со лик од цртан филм

Кога сонувате дека водите љубов со лик од цртан филм тоа имплицира дека ви недостасува внимание. Веројатно ви се чини дека партнерот ве запоставува и своите потреби ги става пред вашите. Ако сте во некоја трајна врска, можно е да сакате да ја побарате среќата со некоја друга личност, но ви е страв дека ќе го изгубите оној/онаа кој го сакате.

Ако неодамна сте гледале цртан филм филмот не се толкува. Исто важи и ако сте читале за настанување на некој цртан филм, па тоа ви оставило силен впечаток. Цртан филм или анимиран филм е еден вид на филмска уметност. За разлика од играниот филм, во цртаниот филм ликовите и позадината се нацртани.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg