Чувар

Term Main definition
Чувар

Ако сонувате дека чувате нешто тоа предупредува да внимавате да не ве ограбат деловните партнери, вложувате пари во сигурни проекти.

Што значи да сонувате дека сте чувар?

Ако сонувате дека сте чувар во банка

Кога сонувате дека сте чувар, односно член на обезбедување во банка тоа е предупредување да не се впуштате во нелегални или во ризични зделки. Поради добра заработка веројатно ќе бидете во искушение да влезете во бизнис кој не е сосема чесен. Сепак, би можеле да си направите голем проблем.

Освен тоа, во случај некој ве открие, се изложувате на опасност да изгубите углед и доверба кои сте ги граделе цел живот. Обрнете внимание како ги бирате деловните соработници бидејќи некој би можел да го злоупотреби тоа.

Ако сонувате дека сте чувар во болница

Доколку сонувате дека сте чувар во болница тоа имплицира дека постои опасност стресот и уморот да ви го нарушат здравјето. Хроничната исцрпеност ќе дојде до својот максимум, па ќе одлучите да им ставите крај. Ќе решите накратко да отпатувате за да се посветите на хобито кое благотворно ќе делува на вашето тело и духот. Продолжете да се занимавате со она што ве релаксира со оглед на тоа дека секојдневно се соочувате со голема доза на стрес.

Ако сонувате дека сте чувар во дом за стари лица

Овој сон укажува на тоа дека ви е потребно повеќе трпение и толеранција. Тоа што со леснотија завршувате некои задачи или можете да научите се што е потребно, не значи дека сите функционираат така.

Ако можете и ако сакате некому да му помогнете направете го тоа, а ако не сакате немојте да се однесувате безобразно ако некој ве праша за помош или за совет. Ќе дојдете до слична ситуација кога ќе немате кому да се обратите бидејќи сте ги срушиле сите мостови зад вас.

Ако сонувате дека сте чувар во затвор

Ако сонувате дека сте чувар во затвор тоа значи дека некој настан од минатото и понатаму ве мачи. Можеби некого сте повредиле со зборови или со дела, а не можете да најдете начин да се извините. Се плашите од неговата реакција, а притоа го занемарувате фактот дека долго време не сте во добри односи, па извинувањето може да а унапреди врската, а не дополнително да ја загрози.

Ако сонувате дека сте чувар во зоолошка градина

Сон во кој сте чувар во зоолошка градина укажува дека во блиска иднина ќе запознаете личност која воопшто нема да ви се допадне. За жал, ќе морате да соработувате на дневна база, па нема да можете да избегнете контакт. Чувствувате нестрпливост и од негова/нејзина страна, но ако си дадете шанса и подобро се запознаете ќе сфатите дека првиот впечаток ве излажал.

Ако сонувате дека сте ангел чувар

Ако сонувате дека сте ангел чувар тоа имплицира дека безуспешно се обидувате да импресионирате личност која ни се допаѓа. Веќе некое време сакате да стапите во контакт, но не ви оди од рака. Можеби едноставно премногу се трудите. Попуштите малку, можеби тој/таа ќе се предомисли кога ќе види дека не сте луди за него/неа.

Ако неодамна сте чувале деца, кучиња, се грижеле за пари или посетиле банка, болница, затвор, сонот не се толкува. Исто важи и ако сте член на обезбедување во некоја од горенаведените установи.

Дефиниција за чувар

Чувар е личност која одржува ред во болници, банки, затвори и други установи од јавно значење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg