Данок

Term Main definition
Данок

Ако сонувате дека плаќате данок или сметки, тоа е предупредување дека ќе имате големи трошоци.

Данок – што значи да сонувате данок или сметки?

Ако сонувате како плаќате данок или сметки

Ако сонувате дека плаќате данок или сметки, тоа е предупредување дека ќе имате големи трошоци. Во наредниот период ќе се опуштите и ќе си го дозволите она кое, ако бидете реални не ви е неопходно.

Ќе си дозволите луксуз кој не е во склад со вашата заработка што ќе резултира со бројни долгови кои наскоро „ќе ви излезат на нос“.

Ако сонувате дека некој ви плаќа данок или сметки

Кога сонувате дека некој ви плаќа данок, тоа означува дека паметно ќе ги вложите парите. Многу сте внимателни околу управувањето со финансиите што резултира со успешно работење.

Пред да донесете одлука секогаш се консултирате со луѓе кои се стручни и се придржувате до нивните предлози.

Ако одбиете да платите сметки

Ако сонувате дека одбивате да платите сметки тоа имплицира дека сте неблагодарни. Можеби не го цените доволно вложениот труд на лице кое се обидува да ви обезбеди се што барате.

Тоа може да се однесува на член на семејството или на партнерот. Постојано ќе се споредувате со останатите мислејќи дека тие поседуваат повеќе нешта од вас. Тогаш кога оваа личност ќе престане да се труди околу вас, ќе сфатите дека сте погрешиле и колку сте биле неправедни.

Ако завршите на суд поради неплатени сметки

Ако сонувате дека поради неплатени сметки сте завршиле на суд тоа укажува на загуба. Постои можност некој да се обиде да ви го одземе наследството или имотот кој долго време сте го стекнувале.

Веројатно ќе морате да се борите за да го одбраните она што е ваше, а притоа многу ќе се разочарате од луѓето кои ви поставиле замка.

Ако видите дека некој завршил на суд поради неплатени сметки

Доколку некој во вашиот сон заврши на суд поради неплатени сметки тоа значи дека треба да внимавате кому се доверувате. Во блиско опкружување има луѓе кои се обидуваат да ја злоупотребат вашата доверба.

За своите планови, желби и тајни разговарајте само со оние луѓе кои ви докажале дека ви се вистински пријатели.

Ако завршите во затвор поради неплатени долгови

Кога сонувате дека од некоја причина сте завршиле во затвор тоа претставува предупредување да водите сметка за финансиите и да внимавате кога потпишувате договори за позајмување или за кредит. 

Ако немате друг избор освен да позајмите, така се изложувате на уште поголем ризик. Можеби лицето кое во моментот ви дало пари ќе ви бара да го вратите долгот за екпресно време и со огромна камата.

Ако некој друг заврши во затвор поради неплатени долгови

Сон во кој некој е во затвор поради неплатени долгови значи дека сте загрижени за него/неа. Можеби сте забележале дека се однесува чудно и се сомневате дека западнал во лошо друштво. Дополнителен проблем ви создава тоа што тој/таа не сака да разговара со вас и што постојано се расправате поради тоа. Време ви е да ја промените тактиката, бидејќи сегашната не ви е делотворна.

Подетално толкување на овој сон ќе можете да прочитате во продолжение на текстот.

Ако плаќате царина

Ако сонувате дека плаќате царина тоа имплицира дека сте незадоволни од вашата финансиска ситуација. Можно е да вложувате многу труд на работното место надевајќи се дека еден ден тоа ќе ви се исплати.

Работодавецот во скоро време ќе реши да ве награди, но подгответе се на разочарување од неговата награда.

Ако плаќате судска такса

Кога сонувате дека плаќате судска такса тоа имплицира дека треба да бидете внимателни при потпишување на договори. Внимавајте каде ги вложувате парите и како го трошите заработеното.

Некој производ кој многу  скапо сте го платиле веројатно нема да ги исполни вашите очекувања.

Ако плаќате поштенска такса

Овој сон значи дека ќе чуете лоши вести. Можеби нема да го положите важниот испит или ќе ви се јават да ви кажат дека не сте ја добиле работата за која сте конкурирале.

Ако планирате преселба во странство не би било лошо кога би почекале да се стекнат подобри услови за тоа. Немојте да одите со глава низ ѕид и имајте трпение и послушајте совет од поискусно лице.

Ако плаќате данок на имот

Доколку на сон плаќате данок на имот тоа укажува на непријатна средба со личност на која нешто сте и ветиле, а не сте го исполниле. Чувствувате одговорност и срам што не сте го испочитувале вашиот договор, но ќе се потрудите да не ви се забележи тоа.

Веројатно ќе посакате средбата да биде кратка за да можете што побргу да се извлече од непријатната ситуација.

Ако плаќате данок на приход

Сон во кој плаќате данок на приход значи дека треба да ги намалите апетитите. Можеби сте почнале повеќе да заработувате, па ви пораснале апетитите. Сте почнале да трошите пари на нешта кои реално не ви се потребни.

Ако не сакате да се доведете до непријатна состојба, обидете се да штедите за црни денови.

Ако плаќате такса за складиште

Ако сонувате дека плаќате такса за чување артикли во складиште тоа имплицира  дека се плашите другите да не ви ја откријат тајната. Веројатно ве мачи некој грев од минатото кој би сакале да го заборавите и никогаш да не излезе на виделина.

Меѓутоа, и самите сте свесни дека планот е неодржлив и вистината ќе исплива на површина. Подгответе се да доживеете удар и да си ја признаете грешката како возрасна личност.

Ако плаќате гробарина

Кога сонувате дека плаќате такса за гробно место тоа значи дека сте загрижени за својата или за иднината на вашите деца. Можеби во моментот поминувате низ турбулентен период и се плашите дека нема да го постигнете она што сте го замислиле.

Ако сте родител грижата за иднината на сопствените деца е сосема нормална и повеќето родители ја чувствуваат. Сепак, немате простор за грижа бидејќи вашите деца ќе знаат да се снајдат во животот.

Ако плаќате бродарина

Ако сонувате дека плаќате бродарина тоа укажува дека ќе запознаете влијателна личност која ќе ви помогне да успеете во животот. Потрудете се повеќе време да поминувате заедно за да ја придобиете неговата//нејзината доверба.

Можеби нема да ви се допаднат некои негови/нејзини идеи и ставови, но ќе поминете преку тоа бидејќи не сакате да се замерувате со никого на чија помош сметате. Размислете дали ви се исплатат некои жртви во животот.

Ако сонувате дека плаќате сметки за струја, вода, комуналии

Овој сон е почест од останатите бидејќи повеќето луѓе секој месец плаќаат сметки. Ако сте сонувале дека неодамна сте плаќале сметки потсвеста ве предупредува да ги исконтролирате сите досегашни платени сметки.

Значењето може да биде поедноставно. Доколку скоро време сте плаќале сметки или некој друг ги плаќал, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за сметки

Сметки се материјална обврска коа мора да се подмири во одреден рок.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg