Даска

Term Main definition
Даска

Ако сонувате дека редите даски на куп тоа значи дека ве очекува свадба или кумство, додека ако стругате даска тоа предупредува на смртен случај.

Што значи да сонувате даска?

Ако сонувате дека редите даски

Ако сонувате дека редите даски тоа значи дека со упорност ќе стигнете до целта. Се раководите според изреката дека патот од илјада милји започнува со првиот чекор.

Се трудите на сè  што ќе го започнете да му обрнете внимание и да работите совесно и квалитетно. Вашиот став и карактер не ви дозволуваат да се откажете од она што ќе ви овозможи да го остварите сè  она што сте го замислиле.

Ако сонувате дека стругате даски

Кога сонувате дека стругате даски тоа предупредува на неволја. Можеби во фирмата во која работите да настапи лош период во кој ќе дојде до отпуштање или доцнење на плата.

Со оглед на тоа дека имате големи трошоци, ќе бидете приморани да работите неколку работи истовремено и да пронајдете дополнителен извор на заработка кој ќе ви овозможи пристојни услови за живот.

Ако купувате даски

Доколку на сон купувате даски тоа укажува на парична добивка. Можеби ќе наследите пари од далечен роднина или среќата ќе ви се насмевне на лотарија или во кладилница.

Овој неочекуван прилив ќе го искористите за да ги пополните дупките и да подмирите некои долгови. Потрудете се нешто да оставите настрана за да можете да сметате на тоа кога повторно ќе ви надвиснат црни денови.

Ако продавате даски

Ако сонувате дека продавате даски тоа претставува предупредување да не губите време на нешто што не ви донесува ниту материјална, ниту емотивна сатисфакција.

Веројатно сте прифатиле работа која не е исплатлива, а не сакате да се откажете бидејќи тоа не ви е во природа. Од друга страна, можеби се обидувате да одржите однос со личност која има други планови.

Ако крадете даски

Ако сонувате дека крадете даски тоа имплицира дека залудно се обидувате да скриете тајна од минатото, бидеjќи вистината кога-тогаш ќе излезе на виделина. Можеби ви се чини дека сте успеале да сокриете трагови и да ја залажете јавноста така што сте ја префрлиле вината на некој друг, но сте се излажале.

Време е да го прифатите својот грев и, како и секоја возрасна личност, да го признаете пред сите. На тој начин ќе си ја смирите совеста и ќе покажете дека не сте кукавица која бега од проблемите.

Ако некој на сон ви украде даски тоа укажува на штета. Можеби ќе ви се расипе автомобилот или некој арапат во домаќинството. Ако правилно ги распоредите средствата со кои располагате ќе успеете да ги санирате штетите без да позајмите или да подигнете кредит од банка.

Тоа ќе ви биде лекција секогаш да чувате пари за непредвидени трошоци.

Ако фарбате даски

Сон во кој фарбате даски значи дека би сакале да ја разубавите реалноста. Се трудите вашиот живот пред другите луѓе да изгледа идеално. Мислите дека тоа го постигнувате со купување на убави нешта и фотографии на кои изледате среќно и задоволно.

Сепак, самите сте свесни дека вашиот живот во реалноста е дали од бајковит и дека има многу нешта кои ви ја расипуваат среќата. Наместо да ја „шминкате“ реалноста, гледајте да поработите на проблемите кои ги имате.

Ако удрите некого со даска по глава

Кога сонувате дека некого сте удриле со даска по глава тоа значи дека сакате да се прикажете како поинтелигентни од она што сте. Вистина е дека работите на себе, но бидете сигурни дека не можете да знаете баш сè на овој свет. Затоа луѓето ви се потсмеваат кога ќе им кажете нешто што нема никаква врска со темата на разговор.

Престанете да им докажувате на луѓето колку сте паметни и информирани. Добро би било кога би го задржале тоа што го знаете за себе.

Ако доживеете удар со даска по глава

Доколку сонувате дека некој ве удрил со даска по глава тоа имплицира дека би требале внимателно да бирате што ќе кажете во друштво на непознати луѓе. Вашата духовитост и спонтаност е симпатична, но не им годи на сите луѓе. Затоа во некои ситуации делувате детинесто и несериозно. За сè постои време и место и во сè треба да имате мера.

Толкувањето зависи и од други детали.

Така, на пример, дабова даска симболизира сила, храброст и издржливост. Веројатно тоа се особини кои би сакале да ги поседувате.

Букова даска е симбол на превртливост. Можеби во непосредна близина имате лица кои често менуваат мислење.

Даска од јасен укажува на тоа дека би требале почесто да се дружите со луѓе кои размислуваат позитивно. Вие сте прилично реална личност и поради тоа често сте загрижени. Ако се дружите со лица кои се слични на вам веројатно често би биле изложени на стрес. Позитивните луѓе би можеле да ве насмеат и орасположат, што ви е повеќе од потребно.

Кога на сон ќе препознаете даска од липа тоа значи дека сте во фаза кога го привлекувате вниманието на спротивниот пол. Вашите позитивни особини доаѓаат до израз.

Даска за сурфање

Ако на сон користите даска за сурфање тоа имплицира дека сте подготвени да прифатите секаков предизвик кој животот ќе ви го понуди. Имате длабоко вкоренет нагон за опстанок и имате чувство дека можете да се снајдете во секоја можна ситуација. Притоа имате помош и од натпреварувачкиот дух поради кој сте во состојба да се борите за она што ви е важно.

Даска за пеглање

Доколку сонувате даска за пеглање тоа значи дека обврските ве преоптовариле до таа мера што не знаете каде ви е главата. Ситуацијата дополнително ја влошува фактот дека многу нешта паднале на ваш грб. Чувствувате умор и стрес, но се трудите никој да не го забележи тоа, бидејќи не сакате членовите на семејството да ги оптоварувате со тоа.

Ова е далеку од добар пристап, бидејќи кога би ги поделиле задачите вам би ви било многу полесно, а никој не би бил премногу преоптоварен со обврски.

Даска за WC школка

Кога сонувате даска за WC школка можеби сметате дека вашите претпоставени и шефови ве потценуваат. Ви се чини дека ви даваат само безначајни задачи бидејќи се плашат дека не се дораснати за сериозни работи. Постојано се докажувате, но никако не можат да ве забележат.

Можеби е време да промените тактика и да почнете да се наметнувате, наместо да стоите настрана и да набљудувате туѓи успеси.

Ако сонувате театарски даски

Ако сонувате театарски даски тоа имплицира дека работите на себе. По завршетокот на школувањето сте продолжиле да се усовршувате и да си ги проширувате видиците.

Сакате да бидете информирани и секогаш наоѓате време културно да се издигнете. Доколку имате деца, се трудите да ги насочите и да ги научите да ги ценат вистинските вредности во животот.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте стругале или ределе даски тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за даска

Даска има повеќе значења од кои: долго, широко и четириаголно парче дрво кое се добива со стругање, дрвен прибор за сечење на храна, даска за сурфање и така натаму.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg