Давате нешто некому - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Давате нешто некому

Term Main definition
Давате нешто некому

Ако сонувате дека давате нешто некому тоа означува пријатно изненадување, средба со личност која некогаш многу ви значела.

Што значи ако некому нешто му давате на сон?

Ако сонувате дека давате некому нешто

Ако на сон некому давате нешто, тоа значи дека ве очекува пријатно изненадување. Веројатно ќе сретнете личност која многу ви значела што ќе ви разбуди чувства за кои сте мислеле дека припаѓаат во минатото.

Од една страна, ќе посакате да ја обновите врската со поранешниот партнер, додека од друга, ќе ве плаши сознанието дека се враќате на старо и дека повторно може да дојде до несогласувања кои би можеле да ве оддалечат.

Ако сонувате дека вам некој ви дава нешто

Кога сонувате дека некој ви дава нешто, тоа укажува дека имате среќа во љубовта. За вас слободно може да се каже дека сте ја пронашле сродната душа со која секој изминат ден ви е бајковит.

На почетокот можеби сте мислеле дека вашата врска нема да опстои, но партнерот секојдневно ве демантирал преку подареното внимание и доказите на љубовта.

Ако сонувате дека не давате нешто

Ако сонувате дека одбивате да дадете нешто тоа укажува дека се сомневате во нечија искреност. Веројатно сте имале лошо искуство со таа личност и не сакате повторно да ве изневери.

Во случај да реши да ви побара услуга ќе се потрудите на убав начин да ја одбиете и да и дадете до знаење дека повеќе не може да смета на вас.

Ако сонувате дека сте одбиле нешто

Ако сонувате дека сте одбиле нешто што ви било дадено од некого тоа значи дека не и верувате на таа личност.

Потрудете се да не си ја делите интимата со него/неа додека не ги подобрите односите. Своите тајни, планови и стравови задржете ги за себе или поделете ги само со луѓето кои веќе ви докажале дека ви се искрени пријатели.

Ако сонувате дека барате нешто назад што сте го дале

Доколку сонувате дека некому нешто сте му дале и си го барате назад тоа имплицира дека ќе се најдете пред голем тест. Можеби ќе бидете присилени да правите нешта што не ви се допаѓаат затоа што ви се потребни пари. Во секој случај, ќе се двоумите дали да ја прифатите работата и да го занемарите фактот дека истата се коси со вашите морални начела или да барате друг начин да се стекнете со пари.

Ако некој ви бара да му вратите нешто што сте му земале тоа значи дека со вашето однесување се изложувате на ризик да ја изгубите саканата личност. Веројатно се наоѓате во фаза кога не уживате во друштвото на некои луѓе иако ги сакате. Едноставно сте уморни од некои приказни и немате сили повеќе да слушате нечии тажни исповеди.

Ако сакате оваа личност да остане покрај вас ќе мора да се жртвувате.

Толкувањето може да зависи и од тоа што давате, односно, што сте добиле во сонот.

Ако давате милостина

Сон во кој давате милостина е многу добар знак. Тој е показател дека сè уште им верувате на луѓето и сте убедени дека они кои се лоши можат во секој момент да се променат ако им дадете шанса. Не сте дозволиле лошото искуство да ве поколеба и да стекнете впечаток дека сите луѓе се лоши.

Кога сонувате дека некој ви дава милостина тоа имплицира дека ќе ве навреди понудата која ќе ја добиете од колега, деловен партнер, или некое трето лице со кое соработувате. Можеби ќе ви бидат понудени помалку пари за вашите услуги, што вие тоа ќе го доживеете како провокација.

Ако давате облека или обувки

Доколку во сонот давате облека тоа значи дека ќе ја изгубите поддршката за своите постапки. Можеби родителите или пријателите ќе ве осудат поради некои ваши одлуки. Ќе се обидат да ве убедат да се откажете од нешто што може да ви наштети, но кога ќе сфатат дека немате намера да ги послушате едноставно ќе кренат раце од вас.

Ако сонувате дека некому давате облека постои можност да се разочарате од некоја личност и да одлучите да престанете да комуницирате со неа.

Сон во кој некому давате облека е знак дека треба да внимавате што зборувате и пред кого. Вашите зборови би можеле да се протолкуваат на погрешен начин, па да се најдете во голема неприлика.

Ако, пак, некој на сон ви дава облека постои можност конечно да заминете на патувањето за кое мечтаете.

Ако давате совет

Ако сонувате дека некому сте дале совет и дека тој ве послушал знали дека имате големо влијание врз другите луѓе околу вас. Со својот став и однесување сте стекнале интегритет и луѓето го почитуваат вашето мислење. Немојте да паднете во замка и да почнете да го злоупотребувате тоа.

Ако на сон некому давате совет, но личноста не ве слуша, можно е некој да ве држи на ланец. 

Немате слобода сами да донесувате одлуки иако имате чувство дека во потполност сте самостојни. Со вешти манипулации оваа личност ве наведува да правите нешта кои само тој/таа сметаат дека се правилни.

Ако сонувате дека некој ви дал добар совет кој сте го послушале е порака исто така да постапите и на јаве. Сослушајте ги соговорниците и немојте да бидете тврдоглави, особено кога се работи за животни одлуки, како на пример факултет, работа, кариера, потомство и слично.

Кога на сон одбивате да прифатите совет значи дека сè уште не сте почнале да учите од сопствените грешки. Константно повторувате некои постапки кои воопшто не се добри за вас. Овој проблем морате да си го решите самите со себе.

Ако давате клучеви

Ако на сон некому давате клучеви значи дека немате кому да се ослоните. Можеби сте осамени и копнеете по партнер, пријател или соработник кој ќе може да ве разбере и кому смеете да му верувате. Ова може да им се случи и на луѓето кои се во врска или во брак, особено во моментите кога односот е во криза.

Сон во кој некој вам ви дава клучеви укажува на тоа дека се плашите да не ја изневерите довербата која ви била укажана, без разлика дали се работи за приватниот или за деловниот дел од вашиот живот. Можно е во моментот да не сте сигурни, но со текот на времето ќе го совладате овој проблем.

Ако давате пари

Овој сон може да има повеќе значења кои зависат од контекстот во кој се одвиваат. Доколку на сон некому давате пари, во смисла враќање на долг, тоа значи дека ќе имате прилика да се ослободите од проблемите со финансиите кои веќе долго време ве мачат.

Доколку, пак, на сон вие позајмувате пари тоа имплицира дека ќе прифатите ризична работа.

Ако некому на сон давате пари на подарок, без намера да ви се возврати тоа симболизира подготвеност да менувате животни навики.

Ако сте затворена личност по природа, постои можност дека ќе почнете да се доверувате некому кој досега немал таква привилегија.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте дале некому подарок или, пак, сте добиле, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg