Давење

Term Main definition
Давење

Ако сонувате дека давите некого тоа предупредува да се чувате од суд, на граници сте да направите кривично дело.

Давење – што значи да сонувате како давите некого или некој ве дави вас?

Ако сонувате дека давите некого?

Сон во кој давите некого  е предупредување дека сте на работ да направите кривично дело. Можно е некој од вашето опкружување прави се за да ви го загорчи животот.

Ќе бидете во искушение на сила да му објасните да ве остави на мир, бидејќи со приказна и мирен пат ништо не сте постигнале досега. Ако се пределите вашите намери да ги спроведете на дело, ќе имате проблеми со законот.

Ако сонувате дека некој ве дави

Кога сонувате дека некој ве дави тоа укажува дека одложувате некоја обврска. Иако постојано ве предупредуваат дека немате преостанато уште многу време, не можете да се натерате да го извршите здодевниот дел од работата.

Сакате да го работите само она што ви оди добро и што го сметате за забавно. Ова особено се однесува за вас ако одите на факултет и никако не успевате да ги положите последните неколку испити.

Ако сонувате дека браните некого од давење

Ако сонувате дека браните некој човек од давење тоа значи дека не можете да поднесете неправда. Тоа е нешто што најлесно може да ве изнервира и да ве извади од такт.

Отсекогаш сте се трудeле да бидете на страната која се бори за вистината бидејќи сметате дека таа, каква и да е, е подобро од лагата. Ваквиот став често ви создава неприлики бидејќи не водите сметка со кого ќе се скарате.

Доколку на сон давите некоја личност која не ја познавате тоа е знак дека сте под стрес поради бројните обврски и проблеми со кои се соочувате.

Ќе мора да ја канализирате сета негативна енергија со која сте опкружени. Обидете се да се дружите со ведри и позитивни луѓе, а да ги избегавате они кои постојано се жалат и плачат.

Тоа е еден од начините како без поголеми последици по своето здравје да ги преживеете овие тешки моменти.

Ако во вашиот сон се дави личност која не ја познавате тоа може да има повеќе значења, а сите се поврзани со емоциите. Едно од толкувањата е дека се чувствувате збунето или некој ви г отежнува донесувањето на одлука.

Друго значење е дека се обидувате да сокриете некоја мрачна тајна од минатото за да спречите осуда од околината.

Ако го давите партнерот

Кога сонувате дека си го давите сопствениот партнер/партнерка тоа имплицира дека имате некој проблем кој не можете да го решите. Можеби се работи за недоразбирање помеѓу вас или едноставно сте се оддалечиле.

Имате различни интереси и се помалку време поминувате заедно. Ако се грижите за него/неа, потрудете се да најдете некој компромис и да го сочувате вашиот однос.

Ако ве дави партнерот на сон

Доколку сонувате како ве дави партнерот можеби чувствувате дека ве спречува во некоја смисла. Можеби поради него сте се откажале од професионалното усовршување или сте одбиле работа која би можела да ви донесе напредок во кариерата.

Можеби потајно го обвинувате бидејќи не сте ги оствариле вашите амбиции. Имајте на ум дека никогаш не е доцна човекот да го постигне она што го сака колку и да има години.

Ако ги давите мајка ви или татко ви

Сон во кој ги давите мајка ви или татко ви значи дека упорно се трудите да ги сокриете вашите емоции, било да се лоши или добри. Веројатно имате некого кого премногу го почитувате и сакате за да му се спротивставите иако многу често сметате дека не е во право.

Чувствата можат да бидат врзани со личноста која ви се допаѓа. Можеби чувствувате страв да му/ ѝ признаете.

Ако во вашиот сон мајка ви или татко ви ве дават тоа имплицира дека треба да се воозбилите. Време е да ја прифатите одговорноста која ја имате. Колку и да е убаво што сте останале дете во душа, никој го нема тој луксуз да живее така засекогаш. 

Едноставно, ќе мора да пораснете и да се соочите со бројните предизвици кои ви претстојат во иднината.

Ако давите баба или дедо

Сон во кој давите баба или дедо е предупредување да престанете да живеете во илузија. Сигурно мечтаете што би направиле кога би имале многу пари.

Мечтаете за нов стан или куќа, скап автомобил или летување на луксузни дестинации.

Живеете со убедување дека еден ден тоа ќе го доживеете, а притоа се потпирате само на вашата среќа, а не на макотрпна работа. Ако ги одредите приоритетите и се потрудите да заработите доволно, би можеле да ги остварите своите фантазии.

Кога сонувате дека баба или дедо ве дават тоа значи дека би требале да учите од своите грешки, без оглед дали се работи за работата или за приватните односи.

Немојте постојано да го бирате погрешниот пат, промените перспектива и сигурно ќе го најдете вистинскиот баланс помеѓу желбите и можностите.

Ако давите дете

Ако сонувате дека давите дете тоа укажува дека мора да се соочите со своите стравови и да се обидете да ги надминете. Веројатно влечете некоја траума од минатото и тешко ви оди да се ослободите од товарот. За што и да се работи, разговорот секогаш може да помогне. Ако не верувате никому од вашето опкружување, побарајте совет од стручно лице.

Што порано се ослободите од лошите спомени толку порано ќе почнете да напредувате во животот.

Кога сонувате дека дете ве дави тоа може да има повеќе значења. Едно од нив е дека се плашите од одговорности и дека не сакате другите да зависат од вас, а друго е дека ќе мора да преминете преку многу пречки за да успеете во животот. Потребни ви се само храброст, истрајност и трпение.

Ако давите пријател или пријателка

Ако на сон си ги давите пријателот или пријателката тоа симболизира завист. Можеби личноста која ја сонувате поседува сè  она за кое вие можете само да мечтаете – подобра работа, внимателен и нежен партнер или повеќе пари. Во секој случај, колку да се трудите да го скриете тоа, често љубомората ви излегува од очи.

Доколку сонувате дека пријателот/пријателката ве дави веројатно ќе ве праша за совет. Можеби ќе има проблеми со дечкото/девојката, родителите или децата. Ќе се обидете да му/ ѝ помогнете колку што сте во можност.

Ако давите животно

Сон во кој се обидувате да давите куче или некое друго животно укажува дека ќе доживеете неправда. Можеби работодавецот ќе одлучи да го унапреди вашиот колега наместо вас. Ќе сметате дека неговата одлука е погрешна бидејќи вие повеќе заслужувате да бидете наградени за вашиот труд и работа. Не дозволувајте јазикот да ви биде побрз од паметот, па во афект кажете нешто што не би смееле.

Ако во ваш сон некој друг дави мачка или некое друго животно тоа значи дека ќе застанете на нечија страна. Ќе дадете гаранција за да не ја изгуби работата или почитта во друштвото. Времето ќе покаже дали ваша одлука била правилна.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку сте гледале некој акционен филм во кој глумците се дават, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Ако сонувате да се давите во крв

Кога сонувате да се удавите во сопствената крв, тоа е предупредување да бидете поумерени во сè што правите. Обидете се да не претерувате во ниту еден сегмент од вашиот живот. Ако работите премногу напорно или не ги контролирате вашите емоции, тоа може да има негативни последици по вашето здравје.

Ако се удавите во туѓа крв во сон, можно е да откриете нечија тајна. Бидејќи ова може да влијае на животот на луѓето кои ви се драги, ќе се двоумите дали ќе го споделите знаењето со нив. Најдобро би било да се ставите во нивна ситуација и да се запрашате дали сакате да знаете за што станува збор.

Ако сонувате дека другите се дават во крв

Ако видите во сон како другите се дават во крв, тоа значи дека ќе го поразите непријателот со неговото оружје. Ќе можете на време да ги забележите неговите/нејзините намери и врз основа на тактиката што тој/таа ја користи, ќе извојувате победа.

Прочитајте уште подетално толкување на ваквите соништа подолу во понатамошниот текст.

Ако се давите во море

Сон во кој се удавите во морето го симболизира вашиот страв од заминување. Можеби се плашите да не го изгубите партнерот или некој друг што е многу важен. Со оглед на тоа дека ви е тешко да стекнете нови пријатели, најлошото сценарио би било да останете без неколку луѓе кои ви се најважни во животот. Овој сон е порака конечно да се „отворите“ кон светот и да започнете да организирате средби со други луѓе.

Ако се давите во река

Ако се удавите во река во сон, тоа укажува на дилема. Можеби се двоумите дали да ја смените работата, местото на живеење, па дури и да раскинете со партнерот. Сигурно сте незадоволни од вашата моментална состојба, но се плашите да промените нешто затоа што се плашите да не го изгубите она што е вредно во вашиот живот.

Ако се давите во езеро

Сон во кој се давите во езеро ги симболизира скриените чувства кон некого. Можеби ви се допаѓа личност која не би смеело да ви се допаѓа или се обидувате да не им кажете на некои луѓе што навистина мислите за нив. Без разлика дали овие емоции се позитивни или негативни, тешко е да се сокријат. Затоа, подобро е да признаете пред себе и другите што навистина чувствувате и да сносите можни последици поради тоа.

Ако се давите во поток

Ако се давите во поток во сон, тоа е страв дека случајно ќе ја откриете нечија тајна. Пријател или познаник ви доверил нешто, затоа што знае дека тоа ќе остане меѓу вас. Сепак, честопати ви се чини дека сте на работ да „се излетате“ и така лесно ја расипете вашата врска.

Ако се давите во базен

Кога сонувате да се давите во базен, можно е да имате проблем со вашиот партнер. Ако сте во врска или брак подолго време, постои можност дека сè  повеќе и повеќе ги забележувате неговите/нејзините маани. Често го обвинувате за ситници и не сакате да поминувате време заедно. Ако оваа состојба опстојува долго време, запрашајте се зошто е тоа така. Разговарајте со вашиот партнер и обидете се да го решите проблемот или едноставно раскинете.

Ако сонувате дека се давите во поплава

Сонот во којшто се давите во поплава укажува на тоа дека конечно ќе согледате каде грешите и ќе започнете да работите на поправање. Конечно, ќе се откажете од некои идеи и проекти кои не ви носат ништо добро и ќе се посветите на она во што сте најдобри. Веројатно ќе се фокусирате на учење што повеќе за овој бизнис со цел да бидете поефикасни и поконкурентни на пазарот.

Дефиниција за давење

Дефиниција е насилен обид да се лиши некој од воздух кој му е неопходен за дишење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg