Дедо - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Дедо

Term Main definition
Дедо

Ако го сонувате вашиот дедо значи дека ќе имате долг живот.

Што значи да сонувате дедо?

Ако го сонувате вашиот дедо

Ако на сон го видите вашиот дедо, тоа имплицира дека ќе доживеете длабока старост. Можеби сте имале здравствени проблеми кои ве присилиле од корен да си го промените животот.

Ви требало многу волја да ги елиминирате лошите навики и да почнете да ги почитувате инструкциите кои ви ги дал лекарот.

Освен промена во исхраната, се трудите што повеќе време да поминувате во природа занимавајќи се со физичка активност и избегнувајќи стресни ситуации.

Ако разговарате со дедо ви на сон

Ако разговарате со дедо ви тоа укажува дека не сте сигурни со вашиот избор. Не сакате да донесувате важни одлуки пред да се консултирате со некого чие мислење го почитувате.

Се раководите според изреката „три пати мери, еднаш сечи“. Имате трпение да ги сослушате искусните луѓе кои можат да ви укажат на добрите и лошите страни од она што сакате да го направите.

Ако се расправате со дедо на сон

Кога сонувате дека се расправате со дедо, тоа значи дека ќе имате недоразбирања во домот. Веројатно често доаѓа до судир на генерациите кој создава непремостлив јаз помеѓу вас.

Околината не ви пружа поддршка, па, со самото тоа, ниту вие немате разбирање за нивните проблеми.

Ако сонувате дека се тепате со дедо

Ако во сон се тепате со дедо тоа имплицира дека ќе му погрешите некому. Можеби ќе го обвините партнерот/партнерката дека ви е неверен/на или колегата/колешката дека се обидува да ви ја преземе работата.

Во секој случај, нема да сослушате што ви говори другата страна, туку ќе донесете заклучок врз основа на интуиција. Кога конечно ќе сфатите дека сте направиле грешка ќе ви треба многу време да ја повратите довербата која некогаш ја имал/а во вас.

Ако во ваш сон некој друг се тепа со дедо тоа значи дека ќе се обидете да спречите другар/другарка во донесување штетна одлука. Ќе му/ ѝ дадете корисен совет, но нема да ве послуша. Кога конечно ќе го стори она што го наумил/а ќе сфати дека вие сте биле во право.

Најлошото нешто што можете да го направите во таков момент е да кажете „ти реков“. Бидете му/ ѝ вистинска поддршка во тешките моменти.

Ако сонувате дека се криете од дедо

Сон во кој се криете од дедо ја симболизира вашата потреба да бидете подобри од другите. По природа сте амбициозна личност со истакнат натпреварувачки дух.

Овие особини се корисни во деловниот свет, но во приватниот живот би можеле да ви создадат проблеми.  И самите сте свесни дека никој не ги сака оние кои се трудат да победуваат по секоја цена. Бидете поблаги кон пријателите и луѓето кои ве сакаат.

Кога сонувате дека некој друг се сокрива од дедо тоа значи дека ќе направите глупост. Одлуката која што ќе ја донесете набрзина или во афект ќе влијае врз односите со некој член на семејството, но ќе ви ги расипе понатамошните планови.

Раководете се според изреката „три пати мери, еднаш сечи“, па во иднина нема да правите вакви грешки.

Ако сонувате дедо како се смее

Ако видите насмеан дедо на сон тоа имплицира дека пред вас е еден многу убав период. Во текот на наредните неколку месеци сè ќе ви оди од рака.

Ќе бидете задоволни од работата, а и односите со партнерот или лицата од спротивен пол ќе бидат задоволителни. Искористете го овој убав период за правење планови за во иднина.

Ако сонувате дедо како плаче

Доколку сонувате дедо како плаче тоа значи дека ништо не сте научиле од сопствените грешки. Упорно правите грешки  бидејќи претерано сте тврдоглави и суетни да си го признаете тоа себе и на другите.

Не можете да докажете дека вашите ставови и постапки се правилни ако сите аргументи упатуваат на тоа дека не се. Непотребно си ја трошите енергијата и наместо тоа треба да ја насочите кон нешто што ќе ви донесе благосостојба.

Ако бакнувате дедо во рака

Сон во кој бакнувате дедо во рака означува остварување на желби. Она за кое долго време мечтаете ќе ви стане реалност. Без оглед на тоа колку ви била голема и недостижна вашата фантазија, сигурно во еден момент од животот ќе ви се оствари.

Ако, пак, некој друг на сон бакнува рака на дедо тоа имплицира дека сте укажале почит кон погрешна личност. Веројатно ќе ве разочараат постапките на некоја личност која многу сте ја ценеле. Ќе дојдете до заклучок дека претерано сте ја идеализирале личноста и незаслужено поставиле на пиедестал.

Тоа нека ви биде лекција да не донесувате избрзани заклучоци за луѓето додека не ги запознаете поубаво.

Ако сонувате дека вие сте дедо

Кога женска личност сонува дека е дедо тоа е показател дека е роден лидер. Вие сте некој кој умее да организира работа и да подели задачи , како на работното место, така и дома.

Тоа, сепак, не значи дека не работите ништо, туку дека преку својот пример пружате мотивација на другите. Ако досега не сте стасале на раководна позиција тоа би било баш голема штета.

Ако помлад маж сонува дека е дедо веројатно се кае поради нешто што не направил во минатото. Сигурно тагувате по пропуштената прилика, или, пак сакате да се вратите во минатото за да исправите некоја неправда.

Бидејќи и самите сте свесни дека такво нешто е невозможно, време е да се свртите кон иднината.

Ако сонувате дека сте убиле дедо

Овој сон е порака дека вишокот енергија и време да го пренасочите кон хуманитарна работа.  Сигурно постојат луѓе на кои можете да им помогнете, па наместо да денгубите направете нешто за овие луѓе.

Ако сонувате дека ви умрел дедо

Доколку на сон ви умре дедото иако во реалноста е жив, тоа значи дека ќе го послужи здравјето уште долго време. Можеби без причина се плашите за неговата здравствена состојба, па таквото чувство ви се пренело и на сон, можно е и да сте се скарале околу нешто па ви се појавила толку морбидна слика.

Ако сонувате дека покојниот дедо ви е жив

Ако на сон го гледате покојниот дедо жив тоа имплицира дека во тежок момент ќе ви помогне личност од која најмалку сте очекувале. Можеби се работи за познаник со кого не сте во контакт. Сепак, ќе дознае дека ви е потребна помош и нема да се двоуми да ја пружи. После тоа дополнително ќе се зближите и ќе продолжите интензивно да се дружите.

Ако го сонувате гробот на дедо ви

Сон во кој го гледате гробот на дедо ви има повеќе значења и секое е позитивно. Ако сте му должни некому на јаве, ќе успеете да го вратите долгот. Доколку сте болни ќе оздравите, а ако подолго време сте потстанар ќе успеете да го решите станбеното прашање.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте се виделе со вашиот дедо и разговарале за нешто, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за дедо

Дедо е татко на вашата мајка или на вашиот татко.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg