Детектив

Term Main definition
Детектив

Ако видите детектив на сон тоа значи дека треба да се чувате од ситни кражби, измами, малверзации.

Што значи да сонувате детектив?

Ако сонувате детектив

Ако на сон видите детектив, тоа е предупредување да се чувате од кражби. Можеби некој се обидува да ве измами на прилично подмолен начин.

Ќе ви понуди пријателство за да почнете да му се доверувате и откривате тајни. После некое време ќе му ги сфатите намерите и дека преку манипулации се обидува да ги оствари своите цели.

Ако сте детектив на сон

Кога сонувате дека сте детектив, тоа означува дека ќе бидете сомничави. Во наредниот период нема да имате доверба во никого и ќе се трудите задачите што ви се важни да си ги завршите сами.

Таквиот став ќе ве заштити од луѓето кои имаат лоши намери, но ќе ве направат непристапни за оние кои се искрени кон вас.

Ако сонувате дека сте најмиле детектив

Сон во кој сте изнајмиле детектив имплицира дека не сакате да ја прифатите болната вистина.

Веројатно ќе пронајдете докази дека некој од луѓето за кои се грижите не е искрен кон вас, но ќе одбиете да го прифатите тоа. Ќе барате оправдување за таквите постапки и ќе се лутите на сите оние кои се обидуваат да ви отворат очи.

Ако видите приватен детектив

Овој сон е предупредување за скриена опасност. Бидете внимателни при донесување на важни одлуки.

Не се избрзувајте пред да ги добиете сите потребни информации за да донесете конечен суд. Не дозволувајте другите да ве наговорат на нешто што не го сакате.

Ако сонувате дека ве уапсил детектив

Доколку сонувате дека ве уапсил детектив тоа значи дека ќе добиете неочекуван деловен предлог.

Можеби личноста која неодамна сте ја запознале ќе ви понуди некаков вид на соработка. Немојте да прифаќате ништо пред да проучите за што се работи. Во спротивно би можеле да си направите проблеми.

Сон во кој гледате како детектив уапсил друг човек укажува на тоа дека постои можност дека ќе изгубите некои привилегии или овластувања во кои моментално уживате, а се поврзани со вашата работа.

Внимавајте како разговарате со претпоставените бидејќи некои од нив се премногу суетни за да уважат спротивно мислење од она кое го имаат.

Ако сонувате дека ве испрашува детектив

Овој сон укажува на тоа дека очајнички се обидувате да сокриете некои сочни детали од својот приватен живот.

Можеби имате некоја навика која на луѓето им е чудна или во младоста сте направиле нешто поради кое сега не се поднесувате себеси. Лоша вест е дека вашата тајна ќе излезе на виделина.

Ако сонувате дека детектив испрашува некој друг човек тоа значи дека ќе се најдете во непријатна ситуација. Веројатно ќе присуствувате на некоја расправа помеѓу две лица кои не ги познавате доволно.

Тоа нема да ги спречи да си разменат погрдни зборови пред вас. Нема да знаете како да изреагирате, па ќе посакате да побегнете од таму.

Ако сонувате дека ве следи детектив

Кога сонувате дека ве следи детектив на улица тоа значи дека јаве би требале да покажете максимална воздржаност и висок степен на толеранција. Потрудете се да избегнувате расправии и судири во јавни институции, како на пример, општина, училиште, полициjа и слично, бидејќи нема да ви донесе ништо добро.

Единствено што ќе направите е што ќе им создадете слика на агресивна личност која не умее да се контролира кога ќе биде потребно.

Ако сонувате дека бегате од детектив

Доколку во сонот панично бегате од детектив тоа укажува дека ќе имате неволји и проблеми. Можеби ќе направите нешто што не е во склад со законите. Ако се вовлечете во неволја потрудете се да не бидете откриени.

Сон во кој гледате како други бегаат од детектив значи дека пријателот или познаникот ќе ви каже некоја голема тајна. Нема да можете да претпоставите за што се работи и тоа силно ќе ве шокира. Сепак, ќе му/и ветите дека нема да ја издадете тајната и ќе се потрудите да го исполните ветувањето што сте и го дале.

Ако се расправате со детектив

Кога на сон се расправате со детектив тоа е предупредување да престанете да си го комплицирате животот. Во состојба сте од најбанални нешта да си создадете проблем. Често паничите и не умеете да се контролирате.

Со своите проблеми често ги заморувате луѓето околу себе, па немојте да се изненадите кога еден ден немоќно ќе почнат да креваат раменици бидејќи вие што го сметате она за проблем, на другите им е смешно.

Ако сонувате дека некој друг се расправа со детектив тоа значи дека ќе ви помогне личност од која најмалку очекувате. Нема да станува збор за пријател или член на семејството, туку за познаник кого сте го сретнале неколку пати во животот. За услугата која ќе ви ја пружи ќе му бидете благодарни до крајот на животот.

Ако се тепате со детектив

Ако сонувате дека се тепате со детектив тоа значи дека е време да престанете да ги наметнувате вашите ставови и мислења на другите луѓе. Во состојба сте да давате совети на сите околу вас, а притоа не сте ги решиле сопствените проблеми.

На луѓето им е повеќе од јасно дека сакате да се плеткате во туѓи животи, па затоа ова е знак дека е време да ја напуштите ова грда навика.

Доколку некој друг се тепа со детектив тоа укажува на проблеми од правна природа. Можеби поради неплатени долгови или погрешно книжена уплата да добиете опомена пред тужба. Ако сте го сочувале доказот за извршена уплата тоа ќе го решите многу брзо.

Меѓутоа, ако ги фрлате сметките штом ќе платите, подгответе се на повеќемесечно докажување дека сте биле во право.

Ако нанесете повреда на детектив

Ако раните детектив тоа имплицира грижа на совеста. Веројатно на јаве сте направиле нешто со што не се гордеете. Потрудете се да ја исправите оваа грешка, доколку е возможно. Ако не е, научите да живеете со тоа.

Ако на сон видете дека други пукаат во детектив тоа значи дека е време да престанете да живеете во некои илузии. Соочете се со реалноста и обидете се да го извлечете максимумот од она што го имате.  Не дозволувајте желбата за богатство да ве раздели од вистинските нематеријални вредности.

Ако убиете детектив

Сон во кој сте убиле детектив е симбол на нов почеток. Можеби ќе донесете одлука која ќе го промени текот на вашиот живот. Ќе промените работа, факултет или место на живеење или конечно ќе се ослободите од бракот или врската која не ве прави среќни.

Ако, пак, на сон видите мртов детектив тоа имплицира дека ќе најдете решение на некој проблем кој долго време ве мачи.

Ако се бакнувате со детектив

Доколку во сонот се бакнувате со детектив тоа значи дека на јаве ќе имате интересна средба. Можеби на некое неочекувано место ќе запознаете личност која ќе ве фасцинира со својот став и физички изглед. Значењето може да биде поедноставно. Доколку работите како детектив или сакате да изнајмите детектив, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Друга веројатност е дека можеби сте гледале некој филм со детективи што се одразил на вашата потсвест.

Дефиниција за детектив

Детектив е личност чија работа е да собира докази за злосторство и кривични дела кои ги истражува.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg