Детелина

Term Main definition
Детелина

Обична детелина означува среќа во бракот и љубовта; со четири листа значи дека премногу сте самоуверен или самоуверена.

Што значи да сонувате детелина?

Ако сонувате обична детелина

Ако сонувате обична детелина тоа значи среќа во бракот или во врската. Вашиот однос со партнерот првенствено се заснова на почит, а потоа и на безусловна љубов и доверба.

Уживате во секој момент што го поминувате заедно и се трудите секое недоразбирање да го решите со разговор без расправии.

Ако сонувате детелина со четири листа

Ако на сон видите детелина со четири листа, тоа имплицира дека премногу сте самоуверени. Знаете колку вредите и свесни сте за своите квалитети што може да биде протолкувано како вообразеност.

Не дозволувате никој да ве потценува и во секој момент сте спремни да сторите се за да се заштитите себе и луѓето кои ги сакате.

Ако сонувате дека берете детелина

Ако сонувате дека берете детелина тоа значи дека ќе ви се остварат целите. Од мали нозе сте навикнати да бидете независни што ќе ви помогне да се изборите за она што го сакате и покрај тоа што никој од вашето опкружување не ви пружа поддршка.

Ќе напредувате полека, но сигурно и секој чекор кој ќе го направите ќе претставува доказ дека упорноста се исплати.

Ако сонувате дека садите детелина

Доколку сонувате дека садите детелина тоа значи дека имате преголеми очекувања од другите луѓе. Веројатно се занимавате со нешто што изискува тимска работа. Наместо активно да учествувате во реализација на проектите, се повеќе и повеќе обврски префрлате на другите.

Иако се уште не ви кажале, многу луѓе ви замеруваат поради тоа. Ако сакате да успеете во животот ќе мора и самите да ги засукате ракавите.

Сон во кој гледате дека други луѓе садат детелина ја симболизира вашата потреба за поголема самостојност.

Можно е семејството или партнерот да донесуваат одлуки во ваше име. И покрај тоа што ви е полесно другите да преземаат одговорност за успех и за неуспех, би сакале и вие некогаш да научите од сопствените грешки.

Ако сонувате дека косите детелина

Ако на сон косите детелина тоа значи дека ќе морате да вложите дополнителен труд и работа за да го постигнете успехот по кој копнеете.

Ќе мора да бидете упорни и да не се откажувате при наидување на пречка. Подгответе се за падови и разочарувања, па ќе ви биде полесно да се опоравите кога ќе ви се случи нешто од тоа и вам.

Ако сонувате дека шетате на ливада полна со детелина

Кога сонувате како шетате на ливада со детелини тоа имплицира дека ќе го остварите замисленото. На тој пат ќе се сретнете со безброј предизвици, но ќе имате доволно сила и волја да ги совладате.

Ако во некој момент изгубите мотивација, туку ќе бидат вашите драги луѓе кои ќе ви пружаат безрезервна поддршка.

Ако сонувате семе од детелина

Доколку на сон препознаете семе од детелина можно е дека ќе чуете добри вести. Пријател, познаник или некој член на поширокото семејство ќе ви соопшти дека ќе се жени/мажи или дека чека принова.

Многу ќе ве израдува ова сознание, па веднаш ќе ги започнете подготовките околу избор на подароците за него/неа.

Млада детелина

Ако сонувате млада детелина тоа значи дека богатството ќе го стекнете релативно рано во вашиот живот. Богатството не мора да се однесува само на пари и материјални нешта.

Ако под богатство подразбирате здраво семејство, добри пријатели и многу љубов, тогаш не се сомневајте дека ќе го постигнете сето тоа.

Овената (сува) детелина

Сон во кој гледате овената детелина имплицира дека ќе се соочите со горчливо разочарување. Лицето од кое најмалку очекувате ќе ве повреди или ќе ја изневери вашата доверба.

Затоа внимавајте кому ги раскажувате своите стравови, желби и тајни, некој би можел тоа да го злоупотреби.

Ако сонувате црвена детелина

Кога на сон ќе видите црвена детелина тоа значи дека сте склони на чести промени на расположение. Вашите емоции се движат во екстреми – од голема среќа до длабока депресија.

Можно е дека имате некој проблем со кој се соочувате. Сигурно би ви помогнало кога би разговарале со некого за тоа. Ако не сте сигурни кому да верувате обратете се на стручно лице за помош.

Бела детелина на сон

Доколку на сон видите бела детелина можно е да запознаете личност која ќе ви го промени ставот кон животот. Ќе сфатите дека на многу нешта сте гледале од сосема погрешен агол.

Ќе почнете повеќе да ги цените пријателите семејството и се што имате, а помалку да страдате по материјалните нешта.

Виолетова детелина

Лицата кои сонуваат пурпурна детелина се нежни и пречувствителни. Ако самите сте сонувате пурпурна детелина тоа значи дека ви недостасува љубов и внимание. Можеби партнерот/партнерката не се доволно романтични, па понекогаш се прашувате како сте завршиле заедно.

Ако веќе подолго време немате партнер, овој сон е индикатор дека би требале тоа да го промените.

Ако сонувате дека јадете детелина

Кога сонувате дека јадете детелина тоа значи дека ќе чуете неповолна вест. Нема да ви се допадне исходот од некое судење или заклучок на состанокот на кој ќе присуствувате.

Ако пиете чај од детелина

Ако на сон пиете чај од детелина тоа значи дека треба да водите сметка за здравјето. Иако во моментот се чувствувате добро, не би било лошо кога би направиле еден превентивен преглед.

Така ќе си ја смирите совеста и ќе знаете за сигурно дека со вашето здравје се е во ред.

Сон во кој некој друг пие чај од детелина значи дека ќе се разочарате бидејќи вашиот пријател или колега нема да ве покани на неговата прослава.

Ќе се прашувате зошто токму вас ве изоставил и ќе се прашувате да не сте го навредиле на некој начин. Кога ќе сфатите дека не сте го навредиле, ќе одлучите повеќе да не размислувате за тоа.

Ако пиете сируп од детелина

Ако сонувате дека пиете сируп од детелина тоа значи дека сте загрижени за здравјето на драга личност. Можеби веќе некое време се обидувате да го/ја убедите да посети лекар, но нема да ве послуша.

Често ви се случува да посакате на сила да го/ја одвлечете на преглед, но така само би го/ја навредиле. Нека не ве гризе совеста бидејќи сте направиле се што е во ваша моќ. Неговата/нејзината одлука е неодговорно да се однесува кон сопственото здравје.

Кога некој друг во ваш сон пие сируп од детелина веројатно сте хипохондрик. Одлично е што посетувате толку често лекар, но претерувате кога самите си поставувате дијагнози.

Кога ќе ви кажат дека се е во ред со вас вие помислувате дека се неспособни, па барате друго мислење.

Обидете се да не размислувате негативно и да им верувате на лабораториските наоди на стручните лица отколку на својата интуиција.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе или береле детелина, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за детелина

Детелина е зелена повеќегодишна билка со величина 15-40 цм и најчесто има три листа, но некои мутации имаат и четири.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg