Девојка

Term Main definition
Девојка

Ако ја бакнете: наскоро на јаве, среќа; девојка која плаче: ќе бидете изневерени; убава, млада, чесна: среќа; љубовно доживување со невина девојка: беда, проклетство; грда: срамота, срам.

Што значи да сонувате девојка?

Ако сонувате дека бакнувате девојка

Кога сонувате дека сте бакнале девојка, тоа е знак дека наскоро ќе ја бакнете и на јаве. Во облаци сте и постојано размислувате за личноста која ви се допаѓа.

Не поминува минута без да погледнете во телефонот очекувајќи нејзина порака или повик. Бидете храбри и кажете и што чувствувате. Нема ништо да изгубите, а многу ќе добиете.

Ако сонувате девојка како плаче

Ако во вашиот сон плаче девојка, тоа имплицира дека ќе бидете изневерени. Ќе се разочарате од лице од кое не сте очекувале. Можеби ве предупредиле да внимавате, но вие не сте обрнувале внимание. Ако разочарувањето е на емотивен план, најдобро би било врската да ја прекинете на одреден период.

Со текот на времето ќе сфатите дали има поента да вложувате во однос кој ви нанел болка. Ако разочарувањето е поврзано со работата, добро размислите дали би можеле да соработувате со луѓе во кои немате доверба. Постои можност вие некого да сте го изневериле па совеста ви дава знак да се поправите.

Кога сонувате убава, млада девојка

Кога на сон гледате во убава, млада и чесна девојка, тоа е симбол на среќа. Наредниот период е идеален за остварување на љубовните желби.

Ќе запознаете личност со која после малку време заедно ќе сфатите дека е создадена само за вас. Сите нешта ќе ви одат во прилог, па затоа немојте долго да размислувате дали да започнете заеднички живот.

Ако сонувате невина девојка

Кога сонувате дека имате љубовно доживување со невина девојка, тоа предупредува на беда и проклетство.

Потсвесно знаете дека вашите намери не се правилни и дека така можете да ја повредите личноста која ве сака. Вие одлучувате дали ќе злоупотребите нечии чувства.

Ако сонувате грда девојка

Ако на сон видите грд девојка тоа предупредува на срамота. Немојте пред секого да се поверувате бидејќи може погрешно да бидете сфатени. Вашите зборови погрешно ќе бидат протолкувани што ќе ви нане штета.

Ако ја сонувате поранешната девојка

Ако ја сонувате поранешната девојка во позитивен контекст без романтични конотации тоа значи дека сте ја надминале врската или пак сте подготвени да ја надминете, но ако сте ја сонувале во позитивен контекст и романтична конотација, тогаш макар и потсвесно ви недостасува.

Ако ја сонувате поранешната девојка на сон кој има негативни конотации независно од романтичните чувства значи дека треба да продолжите напред иако се уште чувствувате нешто.

Ако сонувате дека девојка се смее

Доколку на сон се смее девојка тоа значи дека вашиот труд и работа ќе бидат предмет на потсмев. Нешто околу што долго време се трудите околината ќе го доживее со потсмев. Најтешко ќе ви падне тоа што ниту блиски луѓе нема да покажат разбирање за тоа. Колку и да ви е тешко не дозволувајте нивните зборови да ве демотивираат.

Знаете што сакате и потрудете се да го остварите тоа. Работете на себе секој ден и не им обрнувајте внимание на злонамерните коментари. Единствено на тој начин ќе им докажете дека не биле во право.

Ако сонувате девојка како игра

Кога на сон ќе видите девојка што игра тоа означува загуба. Можеби нема да можете да ја преболите разделбата со некого кого сте го сакале. Веројатно ви е тешко поради раскинувањето на долгогодишната врска или поради тоа што блиска личност одлучила да се пресели во странство.

Честопати размислувате за среќните моменти кои сте ги поминале заедно и се сеќавате на секој детаљ поврзан со него/неа.

Ако сонувате дека девојка се шминка

Ако на сон видите девојка која се шминка тоа е знак дека треба да престанете да ја разубавувате стварноста. Во животот има уште малку нерешени прашања на кои би требале да поработите. Затоа немојте да се идеализирате пред другите луѓе туку работете да го остварите тоа во реалноста.

Ако сонувате дека девојка се чешла

Доколку во ваш сон се чешла некоја девојка тоа значи дека пречесто се двоумите и менувате мислења и одлуки. Таквото однесување произлегува од сопствената несигурност. За да немате проблеми со блиските би требале некои нешта да си ги расчистите самите со себе, а потоа и со другите.

Ако сонувате дека се облекува девојка

Ако на сон маж види дека се облекува девојка тоа укажува дека има некои желби и потреби кои не може да ги сподели со другите. Веројатно се работи за фантазии кои сака да ги сокрие од останатите, бидејќи околината би можеле да го осуди поради тоа.

Доколку жена на сон види девојка која се облекува тоа означува завист или љубомора. Можеби во блиското опкружување имате личност која постигнала се она за кое вие мечтаете. Наместо да ви служи како мотивација, вие и завидувате.

Признајте си дека таквото однесување е сосема неконструктивно и лошо и почнете да се менувате.

Ако сонувате дека ве прогонува девојка

Кога сонувате дека ве прогонува девојка тоа е показател дека треба да бидете похрабри и поодлучни. Често им наметнувате став на другите и имате поинаков став дури и кога се разликува од останатите ставови. Можеби луѓето од опкружувањето би ве ценеле повеќе кога без страв би ги изнесувале своите идеи и мислења.

Ако сонувате дека ве напаѓа девојка

Овој сон укажува на непријатности. Можеби ќе се најдете во улога на арбитер во спор помеѓу две лица. Секој од нив ќе ги изнесе своите аргументи и ќе тврди дека е во право, а на вам  е да донесете конечна одлука. Нема да ви биде драго што ве донеле во таква позиција, особено кога секој од нив врши притисок и ве убедува на исправноста на својата приказна.

Послушајте ги и двете страни и сосема објективно кажете им што мислите.

Ако сонувате дека се тепате со непозната девојка

Ако на сон се тепате со непозната девојка тоа имплицира дека треба да си ги контролирате негативните чувства. Сета таа лоша енергија која се наоѓа во вас ескалира до таа мера што грдо се однесувате кон оние кои најмалку заслужиле.

Ако сонувате дека се тепате со својата девојка

Кога на сон се тепате со својата девојка тоа укажува на расправии во домот. Можно е ситниците кои ви пречат кај партнерката да ги доживеете посериозно отколку порано. Ќе се обидете да и го свртите вниманието на тоа,  но таа нема да има волја да се промени.

Ќе сфатите дека е важен компромисот во секој однос и потрудете се да дојдете до него.

Дефиниција за девојка

Девојка е личност од женски пол.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg