Дивеч

Term Main definition
Дивеч

Ако видите дивеч на сон тоа значи дека ви претстои патување; ако ловите означува мала љубовна авантура; за некого симболизира несреќа.

Што значи да сонувате дивеч?

Ако сонувате дивеч

Ако на сон видите дивеч тоа ви укажува дека ви претстои патување. Можно е некое време никаде да не сте бидејќи обврските кои ги имате кон семејството и работата не ви го дозволувале тоа.

Во наредниот период ќе почувствувате дека немате сила ниту трпение да им удоволувaте на луѓето, па ќе земете одмор и ќе изберете дестинација која најмногу ви се допаѓа.

Ако ловите дивеч на сон

Кога сонувате дека ловите дивеч тоа симболизира мала љубовна авантура. Ве привлекува она кое не можете да го имате и најмногу уживате во заведување на личноста која ви се допаѓа.

Штом сфатите дека чувствата ви се возвратени, губите интерес и барате нова жртва. Веројатно наскоро ќе запознаете лице со кое ви претстојат страсни моменти.

Ако сонувате дека други ловат дивеч

Доколку во ваш сон некој друг лови дивеч тоа значи дека нема да се согласите со одлуката која ќе ја донесе партнерот или некој член на семејството. Ќе ја сметате за погрешна и ќе се лутите бидеjќи не ве консултирал пред да направи нешто.

Послушајте ги неговите причини пред да го нападнете.

Ако сонувате дека јадете месо од дивеч

Ако сонувате дека јадете месо од дивеч тоа значи дека ќе созреете. Во вашиот живот ќе дојде до многубројни промени и ќе увидите дека ништо не е црно или бело туку дека постојат нијанси.

Искуствата кои сте ги доживеале ќе ве направат да станете пофлексибилни и да имате поголемо разбирање за луѓето и нештата кои претходно сте ги осудувале.

Ако сонувате дека некој друг јаде дивеч

Сон во кој некој друг јаде дивеч е порака да престанете да дозволувате предрасудите да ви го управуваат животот.

Поради тоа сте пропуштиле многу прилики и не сте дозволиле интересни луѓе да станат дел од вашиот живот. Не донесувајте заклучоци пред да запознаете некого.

Ако поставувате стапици за дивеч

Ако на сон поставувате стапици за дивеч тоа значи дека треба да правите долгорочни планови. Време е да престанете да живеете од денес за утре. Тоа сте можеле да го правите кога сте биле доста млади, но сега би требале поодговорно да се однесувате кон себе и кон другите.

Потрудете се да сфатите што сакате од животот. Направете план и работете на неговото остварување.

Ако во сон некој се обидува да ви постави стапица за дивеч тоа имплицира дека треба да обрнете внимание на колегите што ви говорат зад грб. Можеби некој од нив ќе се обиде да ве оцрни пред работодавците или пред шефот.

Веројатно некогаш сте му погрешиле нешто и сака да ви се одмазди поради тоа.

Ако сонувате дива свиња

Дива свиња на сон значи некоја неволја. Можеби ќе се најдете во друштво на лица кои ќе се обидат да ви свои наметнат ставови и мислења на сила.

Ќе се потрудите да останете присебни на неговите/нејзините злонамерни коментари, но ќе настојувате да се оддалечите што повеќе од него или неа.

Доколку сонувате дива патка тоа значи дека ќе бидете повикани на славје кај личност која ве задолжила со нешто и сега ќе се потрудите да обезбедите што поубав подарок во знак на благодарност.

Веројатно ќе се ангажирате да му помогнете и на друг начин за специјалниот настан.

Ако сонувате фазан

Фазан на сон значи пријатно изненадување. Партнерот, членовите на семејството или пријателите ќе се одлучат да ве израдуваат по повод роденден или некој друг важен настан во животот. Ќе се потрудат ништо да не дознаете, а за да биде изненадувањето поголемо, ќе се преправаат дека заборавиле.

Можеби ќе добиете нешто за кое долго време сте мечтаеле. 

Ако сонувате срна

Кога на сон ќе видите срна тоа имплицира дека повторно ќе стапите во контакт со лице со кое некогаш сте биле блиски, но во последно време сте се оддалечиле.

Можеби случајно ќе се сретнете во град, ќе заминете на кафе или пијалaк и добро ќе се забавувате. Со оглед на тоа дека ова дружење многу ќе ве изненади, ќе си ветите дека ќе продолжите да се гледате.

Ако сонувате див зајак

Див зајак на сон симболизира љубов, брак или романса. Можеби ќе бидете горди на некого кој ќе одлучи на заеднички живот или брак со партнерот или партнерката, од причина што сметал/а дека никогаш нема да завршите со една личност.

Ќе се потрудите да го убедите во исправноста на неговата одлука.

Ако сонувате лисица

Доколку на сон видите лисица тоа имплицира дека некој ви дава лажна надеж. Можеби се работи за лице на кое сте му изјавиле љубов, а кое не е потполно искрено со вас.

Во еден момент ќе согледате дека не е искрен кон вас и дека ве искористува за да направи трета личност љубоморна, па ќе престанете да комуницирате.

Ако видите волк

Ако на сон видите волк тоа значи дека не можете да и простите на личноста поради грешката што ја направила.

Постојано зборувате за тоа и се обидувате кај оваа личност да предизвикате чувство за вина. Понекогаш се прашувате дали вашиот однос воопшто има смисла.

Ако сонувате елен

Кога на сон ќе видите елен тоа значи дека наместо туѓиот совет си го слушате сопствениот инстинкт. Во еден момент ќе мора да донесете важна одлука, па долго ќе размислувате што да правите. Ќе побарате совет од искусни луѓе, но на крај ќе одлучите да се послушате себеси.

Веројатно тоа е една од подобрите одлуки и вистинска формула за успех.

Ако сонувате дива коза

Див коза е предупредување да внимавате како се однесувате кон партнерот, бидејќи во афект може нешто да кажете или да направите поради кое подоцна ќе се каете.

Вашите хистерични напади не траат долго, но за нивно времетраење способни сте да искажете многу нешта кои не ги мислите. Колку и да ве сака оваа личност нема уште долго да остане со вас ако се однесувате на ваков начин.

Значењето може да биде поедноставно. Ако сте оделе на лов на дивеч, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за дивеч

Дивеч се животни кои слободно живеат во природа, а човекот ги лови поради исхрана или поради спорт.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg