Диви животни

Term Main definition
Диви животни

Во кафез: посилни сте од вашите противници, љубовни победи.

Што значи да сонувате диви животни?

Ако сонувате диви животни

Ако на сон видите диви животни тоа означува дека ќе се соочите со вашите стравови. Често сте на чекор до остварување на вашите желби кога на сцена се појавуваат сомнежта и вашата несигурност. Ќе сфатите дека поради тоа сте пропуштиле многу убави моменти во животот, што е далеку пострашно и од самиот неуспех.

Ќе се обидете да ја промените оваа ваша лоша навика и да уживате во она што го имате. Ќе ви биде потребно време да се промените, но и препознавањето на проблемот е голем чекор кон негово решавање.

Ако сонувате диви животни во кафез

Кога сонувате диви животни во кафез тоа имплицира дека ќе ги победите непријателите. Ќе се трудите први да не започнувате расправии, но некој ако ве нападне нема да останете должни. Можеби некој од колегите ќе се обиде да ви наштети, но вие ќе приложите факти со кои ќе докажете дека сте биле во право.

Најмногу уживате да покажувате супериорност на интелектуално ниво и противниците да ги победувате со нивното оружје.

Ако бегате од диви животни

Ако сонувате дека бегате од диви животни тоа укажува дека не сте зрели за обврските кои сте ги презеле на себе.

Веројатно ќе се фатите во костец со проблемот кој изискува искуство и зрелост која вие ја немате. Ова може да ви послужи како корисна лекција која ќе ве спречи во иднина да правите такви грешки.

Ако храните диви животни

Овој сон е показател на комплициран однос со блиска личност. Можеби премолчувате некои нешта на партнерот или членот на семејството бидејќи вистината би можела да го повреди.

Затоа често избегнувате да разговарате на таа тема. Сепак, кога тој/таа конечно ќе сфати дека криете нешто, ќе инсистира да му признаете за што се работи. Кога-тогаш ќе мора да кажете што ве мачи.

Ако некој друг храни животни

Ако во вашиот сон некој друг храни животни тоа значи дека се воодушевувате на погрешни луѓе. Во состојба сте да ги идеализирате они кои се успешни и познати, а при тоа за нив не знаете апсолутно ништо. Кога дете има идоли тоа е симпатично и убаво, но на возрасни лица им станувате смешни.

Во ред е да ви бидат мотивација, но не значи дека треба да го ставите на пиедестал.

Диви животни во циркус

Ако сонувате диви животни како на пр. лавови или тигри во циркус, тоа е предупредување што побргу да се откажете од нешто што не ви донесува ниту материјално ниту морално задоволство.

Немојте да водите инает, туку посветете му се на она што ве исполнува или ви носи повеќе пари.

Ако видите диви животни во зоолошка градина

Кога на сон ќе видите диви животни во зоолошка градина тоа значи дека ви недостасува слобода. Можеби не сте самостојни и важните одлуки во животот ви ги донесуваат други луѓе.

Од друга страна, не е исклучено да работите некоја работа која ви одзема премногу време, па понекогаш ви се чини дека многу нешта пропуштате само за да го задржите работното место.

Ако сонувате дека ве нападнале диви животни

Ако на сон ве нападнале диви животни тоа е предупредување да се чувате од неискрени луѓе. Во блиско опкружување имате некого чии намери не се сосема познати, но се труди да ви се приближи.

Наместо да го пуштате во вашиот живот и да му ги кажувате тајните, потрудете се да откриете што всушност сака од вас. Тоа не ве прави параноични, туку внимателни.

Ако сонувате дека диви животни нападнале некого

Овој сон укажува дека ќе избегнете некоја неволја или опасност. Можеби ќе го обезбедите имотот пред да почувствувате дека ќе се оштети во поплава, пожар или некоја друга катастрофа. Опасноста можете да ја избегнете ако водите сметка за тоа дали сте ги исклучиле лесно запаливите уреди во домот пред да излезете надвор.

Ако сонувате дека ловите диви животни

Кога на сонот ловите диви животни тоа значи дека не би требале секогаш да се потпирате на вашата среќа. Понекогаш мора да се потрудите со знаење, труд, и работа да постигнете некој успех.  Добро е што умеете да се извлечете кога е најпотребно, но не можете да дозволите главниот адут да ви биде тоа што сте родени под среќна ѕвезда.

Ако сонувате дека некои луѓе ловат диви животни

Ако сонувате дека некои други луѓе ловат диви животни можеби ќе се разочарате од блиска личност.

Ќе сфатите дека цел живот напразно сте се труделе да и помогнете, дури и кога тоа значело дека би си наштетиле себеси. Меѓутоа, тој/таа нема да ви возврати со иста мера, туку своите потреби, желби и обврски ќе ги стави на прво место наместо вас.

Ако сонувате младенчиња на диви животни

Сон во кој гледате младенчиња на диви животни значи дека ви е потребна возбуда во животот. Веројатно сте западнале во монотонија и животот ви се сведува на две-три секојдневни обврски. Би сакале да пробате нешто ново, да се впуштите во некоја авантура, но немате вистински партнер за тоа.

Размислете дали ви е потребен некој за да ја остварите ова ваша желба. Одлучете што сакате да правите, побарајте информации на интернет и остварете си го сонот. Диви животни опфаќаат илјадници видови, па толкувањето може да зависи и од тоа каков вид на животно сте сонувале.

На пример, ако сте сонувале лав, значи дека имате заштитник, а не сте свесни за тоа. Некој силно се труди да не ви се случи нешто лошо.

Тигар на сон порачува да не обрнувате внимание на злобни коментари на љубоморни луѓе. Некој од сопствена завист се обидува да го обезвредни вашиот успех, па вие не смеете да му го дозволите тоа. Не дозволувајте да ве испровоцираат луѓе кои не ви се ниту до колена.

Кога на сон ќе видите слон тоа имплицира дека пред вас е еден убав период во текот на кој ќе остварите нешто за кое не сте можеле ниту да сонувате.

Ако сонувате некое друго диво животно кое не се споменува во текстот, со помош на пребарувачот на врвот брзо и лесно можете да го пронајдете неговото конкретно значење.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте биле на сафари, во зоолошка градина или на телевизија сте гледале диви животни, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за диви животни

Диви животни се животни кои живеат во природа далеку од луѓето кои ги ловат поради спорт или исхрана.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg