Доење

Term Main definition
Доење

За немажени и неженети значи брак во скоро време, за венчаните благосостојба и среќа.

Што значи да сонувате доење?

Немажени и неженети личности ако сонуваат доење

Кога немажени и неженети сонуваат доење, тоа укажува дека наскоро ќе стапат во брак. Можеби со партнерот ќе направите сериозен разговор на тема заедничка иднина што ќе резултира со веридба и барање ваша рака од родителите. Од самиот почеток на вашата врска сте чувствувале дека сте ја пронашле личноста за цел живот со која сакате да создадете семејство.

Венчани ако сонуваат доење

Ако венчани сонуваат доење, тоа симболизира благосостојба. Среќни сте бидејќи покрај себе имате личност која ве поддржува во се што ќе одлучите и за која знаете дека секогаш работи во ваш интерес.

Хармонијата која владее во вашиот однос ќе се пренесе на другите членови на семејството и ќе настојуваат секој проблем да се решава со разговор.

Ако сонувате дека доите туѓо дете

Ако сонувате дека доите туѓо дете тоа имплицира дека сте презеле преголема одговорност. Веројатно се грижите за член на семејството кој од некоја причина останал сам. Се трудите да му пружите се најдобро и да најдете време и убав збор за него/неа. Овој подвиг бара многу трпение и време, но свеста дека правите добро дело ја компензира секоја мака и тешкотија.

Сон во кој некој друг дои ваше дете може да има повеќе значења. Укажува на нелојалност, неверство или љубомора. Од друга страна може да значи дека сте се оддалечиле од партнерот/партнерката и дека помалку се сомневате во нејзината/неговата верност.

Ако бремена жена сонува дека дои дете

Доколку бремена жена сонува дека дои бебе значи дека на јаве размислува за тоа што ја чека кога ќе стане мајка. Овие соништа се прилично чести кај жените во бременост бидејќи тоа е една од најважните одговорности на раното родителство.

Ако трудница не може да го дои своето бебе тоа го симболизира нејзиниот најголем страв на јаве. Би требале да се обидете да се опуштите малку бидејќи бременоста не е само физичка туку и психичка подготовка за она што следи и умее да биде многу убава. Потрудете се да уживате во неа.

Ако мајка сонува дека дои бебе

Кога жена која има возрасни деца сонува дека дои бебе имплицира дека се плаши дека изгубила контрола над животот на своите деца. Можеби сте загрижени за нивното однесување или иднина и сметате дека сте биле најсигурни  кога биле бебиња и додека вие сте се грижеле за нивното здравје.

Ако мајка сонува дека не може да го дои бебето тоа ја одразува нејзината потреба да ги заштити децата. Тоа исто така укажува на неспремност да се раздели од веќе возрасно дете, бидејќи е познато дека таквата постапка за некои мајки е прилично тешка и вознемирувачка.

Ако маж сонува дека дои бебе

Овој вид на соништа е особено невообичаен бидејќи мажите не го препознаваат чувството кое го предизвикува доењето на бебето. Иако ретко, мажите можат да сонуваат дека дојат или дека млеко им тече од градите. Втората слика се толкува како добар знак како се во прашање финансиите. Укажува на добивка или исплатливо вложување.

Од друга страна, ако маж сонува дека дои дете тоа е лош знак. Можеби сте осамени во своите идеи или немате поддршка од саканите за одлуките кои сте ги донеле или ќе ги донесете на работа.

Ако разговарате со доилка

Доколку во вашиот сон некој разговара со доилка тоа имплицира дека сте дозволиле другите да управуваат со вашиот живот. Ниту една важна одлука во животот ја немате донесено сами туку ви ја наметнале оние кои се „грижат“ за вас. Време е да се осамостоите и да станете одговорни за своите одлуки и постапки.

Ако се расправате со доилка

Ако на сон се  расправате со доилка можеби постар член на семејството ве обвинил дека сте неблагодарни за се што сторил за вас. Веројатно ви е здодеано да ги слушате неговите/нејзините приказни за секоја можна тема. Суптилно ќе му покажете дека не го делите истото мислење, што ќе доведе до бурни реакции. Вашата намера не била лоша, а кога ќе ги прежалите обвинувањата кои ви ги ставиле на товар, ќе бидете помирни бидејќи после овој инцидент нема непрестајно да се замарате за исти приказни.

Сон во кој гледате како доилка се расправа со некого укажува на клевета. Некој ќе прошири непријатен трач за вас. Наместо да трошите енергија во докажување на вистината, искористете ја на подобар начин. Занемарете ги трачевите и немојте никому да се правдате. Штетата веќе  е направена и вие ништо не можете да направите околу тоа.

Ако се тепате со доилка

Кога на сон се тепате со доилка тоа значи дека ќе наидете на рамноправен соперник. Можеби во вашата фирма ќе се појави некој со слични квалификации и ќе морате да се борите за исто место. Тој/таа ќе покаже завидно знаење и вештини, па на момент ќе се исплашите дека би можел/а да ве исфрли од игра. Ако покажете што умеете сигурно нема да се случи ништо лошо со вас. Ќе уживате во чесна борба со рамноправен ривал.

Доколку во вашиот сон доилката се тепа со некој друг човек тоа имплицира ќе застанете во одбрана на некого. Веројатно членовите на семејството или пријателите ќе се најдат во неволја, па ќе ве повикаат да му/и помогнете. Иако вашиот збор тука нема да има голема тежина, ќе се потрудите да го/ја заштитите колку што е можно повеќе. Сепак, земете предвид дека е можно да браните виновна личност.

Ако се бакнувате со доилка

Ако маж сонува дека се бакнува со доилка тоа укажува на сексуална фрустрација. Можеби на партнерката не смеете да и признаете што се би сакале да правите во кревет, бидејќи се плашите дека би можела да ве смета за чудак или перверзен. Доколку никогаш не и кажете дека сте незадоволни, никогаш нема да дознае што мислите за тоа.

Доколку жена се бакнува со дадилка тоа значи дека им се восхитувате на луѓето кои се жртвуваат себеси за добродетелта на некој друг поединец, група или семејство.  И самите не сте себични и разгалени, но едноставно не разбирате како може некој да се загрози себеси за да им биде подобро на другите. Ако се уште немате деца, не можете да ги сфатите овие постапки.

Ако убиете доилка

Овој сон е предупредување да престанете да изигрувате ментор на некои луѓе во своето блиско опкружување. Се трудите да им наметнете свои ставови и начин на размислување бидејќи мислите дека секогаш сте во право. Кога некој ви противречи како на пример детето вие веднаш се лутите. Време е конечно да сфатите дека не сте најпаметни и да ги пуштите другите да донесуваат свои одлуки. Советите ги делите само кога некој ќе ви ги побара.

Мртва доилка укажува на тоа дека ќе ви се изјалови некој план или ќе ви пропадне работата во прилично сте вложиле. Веројатно не сте ги разгледале сите последици, па сега тоа ви се одбило од глава. Не треба да очајувате, туку побарајте друг начин да го реализирате она што сте го наумиле. Најлошо би било кога после оваа пречка би изгубиле мотивација.

Ако видите доилка во својот дом

Ако сонувате како непозната жена дои дете во вашиот дом тоа укажува на добри вести.  Можеби некој од пријателите или членовите на семејството ќе ви соопшти дека се жени/мажи или дека чека принова. Тоа многу ќе ве израдува и се надевате дека заедно ќе го прославите тој настан.

Ако видите доилка како се смее

Доколку доилка во вашиот сон се смее тоа значи дека пред вас е многу убав и успешен период. Се што ќе го почнете ќе ви оди од рака, па ќе бидете задоволни од деловниот и од емотивниот сегмент на вашиот живот. Тоа ќе ви претставува големо олеснување со оглед на тоа дека неодамна сте преживеале тешка и турбулентна фаза. Не е исклучено дека ќе донесете некои одлуки кои ќе ви го променат животот на подобро.

Ако видите доилка како плаче

Кога на сон ќе видите доилка како плаче можеби некој ќе ве праша за совет или ќе ја побара вашата помош. Радо ќе прифатите се иако нема да знаете како да му/и помогнете со оглед на тоа дека досега не сте се сретнале со таква ситуација. Сепак, ќе сфатите дека оваа личност ви верува, па ќе се потрудите да и бидете поддршка во секоја смисла на зборот.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку доите дете или сте биле во друштво на доилка, тоа сигурно оставило силен впечаток врз вас.

Дефиниција за доење

Доење е процес на хранење на новороденчето или бебе со млеко од мајчините гради.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg