Документи

Term Main definition
Документи

Ве очекува наследство на кое никој не се надевал.

Што значи да сонувате документи?

Ако сонувате документи

Ако на сон видите документи, тоа значи дека сте преоптоварени со обврски. Можеби околината има преголеми очекувања од вас што ви создава дополнителен притисок и тензија.

Не би ви биле доволни ниту 48 часа да го сработите се она што ви е наложено на дневен ред. Ќе сфатите дека со тоа темпо нема ништо да постигнете и дека за ваше добро е да кажете „не“ на другите луѓе.

Ако сонувате дека средувате документи

Кога сонувате дека средувате документи, тоа имплицира дека ќе добиете наследство. Веројатно сте го  очекувале како и сите останати перипетии поврзани со него.

Најтешко ќе ги поднесете расправиите со останатите наследници кои ќе сакаат да приграбат се за себе. Ќе бидете во големо искушение да се откажете од своите права за да го сочувате мирот во семејството.

Ако сонувате дека сте изгубиле документи

Ако сонувате дека сте ги изгубиле документите тоа укажува дека сте неодговорни. Често ви се случува да западнете во некои проблеми кои не се само на ваша штета туку и на луѓето од вашата околина. Доколку работите, би требале да внимавате да однесувањето бидејќи колегите се жалат кога доцните и не си го сработувате вашиот дел како што се очекува од вас.

Сон во кој прелистувате некои документи е индикатор на напредок. Ако сте студент можеби се надевате дека вашиот труд ќе биде награден во вид на стипендија за продолжување на студии во друг град. Доколку сте вработени можеби работодавецот ќе ви понуди да се усовршувате во некоја странска партнерска компанија. Во секој случај, тоа ќе биде остварување на вашите соништа.

Ако читате документи

Ако на сон читате документи можеби се плашите да не ве измамат пријателите или познаниците. Имате некои искуства со луѓето на кои сте им верувале, а кои ја изневериле вашата доверба. Сега сте прилично внимателни кога бирате кому ќе ги доверите своите тајни, планови и пари.

Ако не можете да прочитате што пишува до документите тоа имплицира дека сте збунети. Во вашата глава владее хаос, па не сте сигурни што треба да направите. Тоа е само доказ дека сега не е добар момент да донесувате одлуки. Почекајте да се смири ситуацијата, па после направете го следниот чекор.

Ако пронајдете документи

Кога сонувате дека сте пронашле тајни или доверливи документи тоа значи дека тешко заработените пари повторно ќе ги потрошите на глупости. Сигурно сте доживеaле во некој момент да имате многу пари, а во следниот да бидете изложени на ризик од банкрот. Најдобро би било кога би ги запишувале трошоците или планирале потрошувачка. Единствено така нема да се најдете во таа непријатна положба, а можеби нешто и ќе заштедите.

Ако подредувате документи

Сон во кој подредувате расфрлани документи е симбол на време во кое ќе мора да ја погазите својата гордост. Можеби ќе треба да направите нешто „под ваше ниво“. Сепак,  запомните, ниту една работа не е понижувачка ако знаете како да ја работите.

Ако потпишувате документи

Ако на сон потпишувате документи, тоа може да има повеќе значења. Доколку на сон потпишувате договор тоа значи дека би можеле да добиете понуда за работа. Ако, сепак, потпишувате непознат документ тоа имплицира дека ќе се вовлечете во контроверзна ситуација, не е исклучено дека ќе бидете сведок против некого на суд. Во случај на сон да се потпишувате во книга на венчани тоа предвидува некаква должност која нема да ви се допадне.

Сон во кој некој друг потпишува документи укажува на проблем со купување на стан, куќа, автомобил или некој друг вреден предмет. Проблемот веројатно е последица на нерешени или комплицирани имотно-правни односи.

Ако предавате документи

Доколку сонувате дека сте предале документи на шоферот или во службена канцеларија веројатно ќе се соочите со загуби поради вашето невнимание или непромисленост.  Ако во вашата врска или брак во моментот постои некој голем проблем овој сон укажува на разделба или развод.

Ако примате документи

Ако некој на сон ви предава документи тоа значи дека сте личност на која многу луѓе и веруваат. Имате беспрекорна репутација која долго време сте ја граделе и се трудите да ја одржите на исто ниво. Не се занимавате со никаква зделка што е сомнителна и секогаш наоѓате најповолно решение за секаква ситуација. Ако, пак, не се занимавате со таков вид на работа кандидирајте се за претседател на општина или во парламент, сигурно ќе добиете многу гласови.

Ако фрлите документи

Доколку на сон фрлите документи тоа укажува на загуба. Можеби ќе вложите пари во нешто што нема да ви донесе очекувана добивка или други бенефиции. Тоа може да се однесува и на купување на скап уред кој нема да ги исполни вашите очекувања.

Кога сонувате дека некој друг фрла документи тоа значи дека имате сопeрник/ сопeрничка. Можеби колегата на работа сака да ви го преземе работното место и се што доаѓа со него. Од друга страна, овој сон може да се однесува на емотивниот дел од вашиот живот. Можеби некој се обидува да ви го презеде партнерот или партнерката.

Ако палите документи

Ако на сон палите документи тоа е показател дека во блиска иднина ќе наидете на недоразбирање од околината околу вашите одлуки и постапки. Веројатно колегите, пријателите и семејството нема да можат да сфатат зошто толку работите. Вие сте убедени дека така ќе успеете во животот, па ќе се понудите да им го објасните тоа.

Ако сечете документи

Доколку сонувате дека со ножички сечете некои документи тоа имплицира дека совеста не ви е мирна. Можно е од  страв поради критика да сте премолчеле некому нешто многу важно, па потсвеста ви порачува дека би требале да ја кажете вистината. Не се обидувате со ситни лаги да се извлечете од тоа бидејќи би можеле да западнете во уште поголеми проблеми.

Ако кинете документи на сон

Ако на сон кинете документи тоа значи дека е можно да ве очекува неповолен исход од некое судење. Веројатно сте дошле во ситуација некој проблем да го решавате по пат на суд, но дека на судските трошоци вредноста ќе ја надминува вредноста за која се борите.

Службени документи

Сон во кој гледате или читате службени или официјални документи на владата или на некоја друга институција тоа ви е предупредување дека треба да внимавате со кого соработувате.  Некој во вашата фирма ќе се обиде зад ваш грб да оствари бенефиции за себе. Ако имате некоја приватна работа обрнете внимание со кого соработувате. Не потпишувајте ништо пред да бидете сигурни дека разбирате за што се работи.

Ако сонувате лажни документи

Фалсификувани документи укажуваат на внимание. Доверливи информации кои сте ги добиле немојте да ги споделувате со другите, колку и да сте убедени дека се точни. Со самото тоа дека се „доверливи“ значи дека не би требале да ги разгласувате понатаму. Исто важи и ако некој од пријатели или познаници ќе ви довери некоја тајна.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте средувале или изгубиле документи, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за документи

Документ е напис на кој се наоѓаат податоци кои можат да бидат приватни, тајни или доверливи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg