Долари

Term Main definition
Долари

Или некоја друга странска валута означува среќа во работата.

Што значи да сонувате долари?

Ако сонувате долари

Ако на сон видите долари, тоа укажува дека ќе имате голема добивка. Веројатно сте се одлучиле во наредниот период да обрнете поголемо внимание на својата кариера. Ќе сакате да заработите доволно пари за да ги обезбедите вашето семејство и во мир и благосостојба да си ја дочекате староста.

Ќе бидете заинтересирани средствата да ги вложите во недвижнини или работа која во иднина ќе ви донесе приходи.

Ако давате долари на сон

Кога сонувате дека давате долари, тоа имплицира дека некој ја искористува вашата добрина. Веројатно станува збор за пријател или некој член на семејството кому не знаете да му кажете „не“, па макар и себеси да си создадете проблеми.

Тој/таа ќе ја согледа вашата слабост, па покрај сето посветено време кое го издвојувате ќе очекува и финансиска помош.

Ако изгубите долари на сон

Ако сонувате дека сте изгубиле долари тоа симболизира непромислени постапки. Можеби од мали нозе сте имале се што ви било потребно и никогаш не сте се нашле во ситуација да се помачите за нешто.

Последиците од таквото воспитување ќе биде несигурни инвестиции и долгови во кои ќе западнете кога ќе дојде ред на вас да ракувате со имотот кој родителите во го оставиле во наследство.

Ако сонувате дека сте добиле долари

Ако на сон личноста која ја познавате ви позајми одредена сума на долари тоа значи дека ќе ве игнорира на јаве. Можеби пријателот или пријателката ќе ви го одбие повикот за дружење, па ќе стекнете впечаток дека ве избегнува. Ќе се прашувате каде сте погрешиле и ќе инсистирате на тоа да се видите. Најдобро би било кога би прашале отворено за што се работи. Можеби несвесно сте го/ја навредиле.

Доколку непозната личност на сон ви дава долари тоа е индикатор на голема среќа. Ќе ви се случи нешто за кое долго време мечтаете. Можеби е поврзано со емотивниот или деловниот дел од вашиот живот. Ако сте во долга врска можно е партнерот или партнерката да ви предложи да почнете да живеете заедно или да се венчате. Од друга страна, не е исклучено и дека ќе добиете покачување на платата на работа или понуда за подобро платено работно место.

Ако сонувате дека сте пронашле долари

Доколку сонувате дека сте пронашле долари тоа симболизира материјална корист и среќа во животот. Со оглед на тоа дека доларите или парите во генерална смисла симболизираат моќ, богатство или просперитет, можете да очекувате дека во иднина ќе го стекнете сето она што наведено.

Од друга страна, овој сон може да укажува и на потрага за среќа. Личностите кои се осамени и на сон ќе пронајдат долари, тоа значи дека ќе го пронајдат вистинскиот партнер.

Ако сонувате дека сте украле долари

Овој сон значи дека недостатокот на креативност ќе ви ја загрози работата. Можеби сте под притисок да смислите добра деловна идеја или да предложите најповолно решение за некој проблем, а никако не можете да наидете на инспирација. Баш кога ви е најпотребна, инспирацијата исчезнала од вашиот живот. Сепак, немојте да очајувате, бидејќи вашиот талент е неоспорен и сигурно ќе ви помогне да се ослободите од сите проблеми.

Ако сонувате дека некој ви украл долари

Кога на сон некој ви украл долари тоа укажува на пропуштени прилики. Веројатно се каете бидејќи не сте имале доволно храброст да прифатите некоја работа или своите пари да ги вложите во нешто ризично, но исплатливо. Како и да е, свесни сте дека тој воз поминал. Свртете се кон други нешта и задачи и следниот пат размислете добро пред да прифатите или одбиете нешто.

Ако сонувате дека сте наследиле долари

Ако сонувате дека сте добиле долари во наследство тоа е поврзано со начинот на разменување идеи со други луѓе. Како парите, па така и доларите доаѓаат после смртта на некоја друга личност, така и вие предолго чекате да направите нешто или да кажете. Можеби вашето решение ќе биде најповолно во даден момент. Се што е поврзано со недостатокот на самодоверба. Време е да стекнете поголема верба и тоа на вистински начин да го артикулирате.

Ако сонувате лажни долари

Доколку на сон плаќате со лажни долари тоа значи дека ќе се соочите со предавство.  Можеби партнерот/партнерката ќе ви признае дека ве изневерил/а или дека пријателот/пријателката или некој член на семејството ја изневерил вашата доверба.      

Во секој случај, ќе бидете повредени и ќе ви треба доволно време да го надминете тоа.

Ако некој нешто ви плаќа со лажни долари значи дека сте жртва на манипулација. Во своето опкружување имате лице кое ве користи за да ги оствари своите лични цели. Се уште не можете да го видите тоа бидејќи ви се „пакува во украсна хартија“, па сметате дека личноста ви посакува добро. Меѓутоа, работите не стојат така. Обрнете внимание кому и зошто му верувате, сигурно ќе сфатите на кого се однесува овој сон.

Ако сонувате дека фалсификувате долари

Овој сон симболизира финансиски проблеми со кои се соочувате во моментот. Веројатно сте потрошиле повеќе отколку што сте требале, па сега се соочувате со тоа и внимавате на секој потрошен денар. Можеби сте имате и мали непредвидени трошоци кои сепак влијаеле врз вашиот буџет. Во секој случај ќе мора да го „стегнете каишот“ до следната плата.

Ако сонувате дека менувате долари

Ако сонувате дека менувате долари во некоја друга валута тоа значи дека се уште не знаете да го примените она што сте го научиле во животот. Вие, едноставно, не умеете да располагате со својот талент, знаења и вештини туку непрекинато залудно ги трошите. Време е да направите план и да работите на негова реализација. Немојте да копирате туѓи идеи затоа што ви делуваат правилни, туку самите смислете како да постигнете нешто.

Ако станува збор за спротивна ситуација кога, на пример, ако менувате денари во долари, тоа ја покажува вашата желба да се збогатите преку ноќ. Сметате дека за добра заработка не се потребни многу труд и работа туку добра идеја поради која ќе стекнете голема количина на пари. Тоа е во ред, но додека чекате на тоа, не можете да седите со скрстени раце. Работите нешто за да преживеете до оној момент кога желбата ќе ви се оствари.

Ако сонувате дека други менуваат долари

Овој сон нема никаква врска со парите туку симболизира недостаток на внимание или љубов. Можеби партнерот или партнерката не ви посветува доволно внимание и време, па се чувствувате запоставено.

Значењето на сонот би можело да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте менувале пари во долари или пак во некоја друга странска валута, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за долари

Долар е официјална валута со која се врши плаќање, пресметки и размена во Соединетите Американски Држави.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg