Долгови

Term Main definition
Долгови

Ако правите долгови тоа значи дека ќе живеете на туѓа пот; ако исплатите долг тоа предупредува на болест, неволја.

Што значи да сонувате долгови?

Ако сонувате дека се задолжувате или сте должни

Ако на сон правите долгови тоа имплицира дека живеете од туѓа пот. Можеби во моментот се наоѓате во тешка финансиска состојба и некој ве издржува финансиски. Доколку живеете во семејство, ќе се почувствувате како да сте во затвор и дека имаат право да ви го одредуваат секој чекор.

Ако сонувате дека сте ги исплатиле долговите

Кога сонувате дека сте ги исплатиле долговите тоа предупредува на болест. Веројатно сте имале кредити и други обврски кои почнале да се собираат и да ви создаваат главоболка. Сте биле приморани да работите повеќе нешта и да трчате на сите страни. Таквиот начин на живот ќе остави последици врз вашето здравје и ќе направи да чувствувате страв и кога нема потреба за тоа.

Ако сонувате дека плаќате туѓи долгови

Ако сонувате дека плаќате туѓи долгови тоа значи дека нема да доживеете успех во борба против неправди. Можеби некој од вашите колеги не си ја работи својата работа како што би требало и вие ги сносите одговорностите за неговите/нејзините грешки. Свесни сте дека нема поента да се буните и ви останува само да соберете храброст и да одите на местата на кои повеќе ќе ве почитуваат.

Ако сонувате дека непозната личност плаќа долг

Ако на сон непозната личност плаќа долг тоа значи дека конечно ќе најдете решение за проблемот со кој не сте сакале да се соочите. Можеби ќе вклучува и некои радикални потези и промени, но е знаете дека тоа е неопходно за подобра иднина за вас и за вашето семејство.

Ако сонувате дека пријателот плаќа долг

Доколку сонувате дека пријателот плаќа долг или некој друг член на семејството тоа укажува на расправија во домот предизвикана од недостаток или неразумно трошење на пари. Можеби партнерот без ваше знаење ќе купи нешто кое го сметате за прескапо или ќе им замери на членовите на семејството бидејќи трошат премногу.

Во секој случај чувствувате голема одговорност и притисок да заработите доволно за се, но од ден на ден сфаќате дека никој од вашите домашни не ја ценат вашата жртва.

Ако сонувате дека должите пари на банка

Кога сонувате дека не сте исплатиле одредена сума на пари на банка на име на кредитот или позајмицата тоа може да укажува на проблеми на работа или во љубовниот живот. Можеби ќе се соочите со конкуренција, бидејќи за ваше место ќе се бори и некоја друга личност. Од друга страна, овој сон укажува на некоја недоверба која владее меѓу вас  и вашиот партнер. Пронајдете ја причината за проблемот и решете го што побргу.

Ако сонувате дека сте должни на државата

Сон во кој не сте платиле данок или некоја друга државна давачка значи дека она што го работите во моментот има поголеми штети отколку корист. Можеби сте прифатиле работа која изискува многу вложувања, а не сте ни сигурни дека ќе ви се исплати инвестицијата. Поразговарајте со личноста која има многу поголемо професионално искуство од вас. Ако ви каже да се откажете, послушајте го/ја!

Ако сонувате дека сте должни пари на некој пријател

Ако на сон сте должни пари на некој пријател тоа симболизира срамота. Веројатно се срамите поради некои грешки што сте ги направиле во минатото. Истите биле последици на вашата младост или неискуство, така што нема смисла да се навраќате на тоа. Потрудете се вашите сегашни одлуки и постапки да бидат што подобри и поисправни.

Ако сонувате дека должите пари на родители

Доколку сонувате дека должите пари на родители тоа укажува на изразено чувство на одговорност кон нив поради се што сториле за вас. Можеби сакате на некој начин да им се оддолжите бидејќи ве школувале и издвојувале од уста за да не ви недостасува ништо. Меѓутоа, во моментот не сте во можност за такво нешто, бидејќи едвај заработувате доволно пари за себе. Сепак, знајте дека тие не го очекуваат тоа од вас. Најголемо задоволство ќе им биде ако сте среќни и здрави.

Ако сонувате дека должите пари на лихвар

Овој сон значи дека туѓиот грев или грешка ќе ја преземете на себе. Со намера да заштитите личност која ја сакате и почитувате, ќе ја преземете вината и ќе одговарате за тоа. Наредниот период ќе ви биде прилично стресен. Оваа ситуација ќе ви донесе многу проблеми, па ќе се потрудите од тоа да се извлечете како знаете и умеете.

Ако сонувате дека не можете да го платите долгот

Ако сонувате дека не сте во можност да го платите долгот тоа значи дека криете нешто од партнерот. Можеби сте направиле нешто поради кое не сте особено горди и не сакате да дознае. Ве мачи грижа на совеста бидејќи досега сте имале прилично отворен и искрен однос. Ако размислите малку подобро ќе дојдете до заклучок дека најдобро е да си го признаете гревот. Партнерот сигурно ќе покаже разбирање кон вас.

Ако сонувате дека наплатувате долгови

Доколку сонувате дека наплаќате долгови за други тоа претставува предупредување да не посегнувате по ризични решенија. Ако имате финансиски или каков било друг проблем, немојте да правите нешто што не е во склад со законот, бидејќи, во случај да ве откријат би можеле уште полошо да поминете. Без разлика за каков проблем да се работи, сигурно ќе се ослободите од дополнителниот ризик.

Ако сонувате дека имате коцкарски долг

Ако сонувате дека имате коцкарски долг тоа имплицира дека планот ќе ви се расипе. Идејата дека ќе ја надминете пречката за да постигнете успех ќе се покаже како лоша, а бидејќи нема да имате план Б, голема е шансата повторно да се вратите на самиот почеток. Би требале да бидете пореални и да не очекувате дека ќе се збогатите преку ноќ.

Понекогаш треба да имате трпение и рационално да гледате на нештата. Убаво е да сонувате големи соништа и да не губите надеж дека ќе се остварат, но морате чекор по чекор да се движите до целта. Во спротивно ќе ви се случат некои големи падови кои ќе ви донесат разочарување коешто ќе влијае врз вашата мотивација.

Ако сонувате дека поради коцкарски долг сте изгубиле се

Овој сон значи дека сте невнимателни и поради тоа си го загрозувате здравјето. Ако лекарот ви препорачал некој лек или физичка активност, потрудете се да го послушате, бидејќи се подразбира дека тој знае како да ви помогне. Од друга страна, ако воочите дека ви пречи кафето, цигарите или некоја храна, немојте да бидете мазохист и да продолжите да ги консумирате. Со сила на волјата можете да се победите себеси.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте направиле долг или плаќале долгови, тоа сигурно ви оставило впечаток врз вас.

Дефиниција за долг

Долг е обврска на правно или физичко лице да плати нешто на некоја друга личност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg