Домино

Term Main definition
Домино

Ако играте значи дека лажете помалку.

Што значи да сонувате домино?

Ако сонувате домино

Ако на сон видите домино, тоа укажува дека не ја кажувате вистината. Веројатно често се наоѓате во ситуации кои ја бараат вашата снаодливост и во кои морате да го премолчите она што би ви наштетило. Се трудите да бидете внимателни за да не ве фатат луѓето од вашата околина и да го стават под знак прашалник се она што го зборувате.

Ако сонувате дека играте домино

Кога сонувате дека играте домино, тоа имплицира дека ризикот ќе ви се исплати. Можеби обврските ве изморуваат, па ќе почнете да внесувате малку неизвесност во секојдневната рутина. Инаку ги сакате сите активности кои ви го покачуваат адреналинот и ви ветуваат незаборавна забава.

Ќе почнете да се занимавате со нешто што нема да ви донесе профит и задоволство, но не би зажалиле и ако од тоа немате никаква материјална корист.

Ако сонувате дека други играат домино

Доколку на сон видите дека други играат домино тоа ја претставува вашата претерана грижа за здравјето. Веројатно сте прележале некое поблаго заболување, но се плашите дека вашата здравствена состојба би можела да се искомплицира дополнително. Важно е да знаете дека стресот може да донесе многу поголеми проблеми, затоа обидете се да не размислувате на најлошото, туку за подобри сценарија за вашата иднина. Во тешките моменти важно е да се задржи позитивното размислување.

Ако победувате во домино

Ако сонувате дека победувате во домино значи дека не знаете да прифатите пораз. Не се раководите според изреката дека е најважно да учествувате, туку се трудите во се да бидете најдобри и најуспешни. Истото го барате и од партнерот/партнерката и колегите со кои соработувате. Многу луѓе од вашето друштво чувствуваат притисок и никако не успеваат да се опуштат. Честопати нивниот максимум го сметате за недоволен и на крајот сами ги сработувате сите задачи.

Ако губите во домино

Сон во кој губите во домино укажува на тоа дека ќе се посрамотите во поголемо друштво. Можеби ќе присуствувате во разговор на тема која воопшто не ја познавате. Со намера да бидете рамноправен соговорник ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај останатите присутни. Тогаш ќе сфатите дека понекогаш е најдобро да се молчи.

Ако сонувате како уривате домино

Овој сон значи дека морате да пружите прилика на луѓето да ви докажат дека се промениле. Веројатно некој ве разочарал и не сакате да ги послушате причините за неговите постапки. Дајте му/и шанса да ви покаже колку се кае и немојте да бидете злопамтило.

Ако видите урнато домино

Ако на сон видите дека се урива домино тоа укажува на загуба. Може да се однесува на некоја материјална штета, но и на загуба на личноста која многу ви значи во животот. Можеби се работи за постар член на семејството или пријател. Од друга страна, оваа загуба може да се однесува и на поблиска личност која ќе се одлучи да се пресели далеку од вас. Ќе сфатите дека сте ја изгубиле и последната личност во која сте можеле да се доверите и таа разделба многу тешко ќе ви падне.

Ако правите нешто од домино плочки

Ако правите нешто од домино плочки тоа имплицира дека сте креативна личност, но вашата креативност и фантазија не ги користите во секојдневниот живот. Веројатно се занимавате со работа која не изискува таква работа, па помалку сте ги занемариле вашите таленти. Обидете се да се занимавате со хоби. Можеби еден ден ќе ви стане добар извор на заработка.

Сон во кој гледате дека некој гради домина од плочки тоа значи дека ќе запознаете личност која ќе ве импресионира со своите ставови и погледи на свет. Ќе дојдете до заклучок дека на многу нешта сте гледале од погрешен агол. Тој/таа ќе внесе свежина во вашиот живот. Можеби ќе прерасне во нешто поголемо од пријателство, но во оваа личност ќе видите лице на кое секогаш може да му се доверите.

Ако купувате домино

Ако на сон купувате домино тоа значи дека ќе работите работа што воопшто не ве интересира. Главниот мотив ќе ви биде заработката и едвај ќе чекате да дојде крај на работното време да побегнете од работното место. Во моментот го немате луксузот да го работите она што го сакате, но додека да дојде и тој момент нема да седите со скрстени раце, туку ќе работите за да преживеете. Ако сте храбри обидете се да започнете свој бизнис. Така би можеле да го споите убавото со корисното – да го работите она што го сакате, а при тоа да заработувате.

Ако продавате домино

Овој сон е порака да не се обидувате напразно да ги сокриете грешките што сте ги направиле. Можеби чувствувате срам поради тоа и се трудите никој да не дознае што сте направиле. Сепак, вистината кога-тогаш ќе излезе на виделина, а тогаш ќе наидете на уште поостри критики бидејќи не сте признале за што се работи.

Ако подарите домино

Ако некому на сон му подарите домино тоа претставува предупредување да не се играте со туѓите чувства. Немојте да давате лажна надеж некому кој ви ги открил чувствата. Подобро веднаш признајте дека не чувствувате исто, отколку да го/ја „завлекувате“ додека не смислите што да направите. Во љубовта нема резерва.

Ако добиете домино за подарок

Кога некој ќе ви подари домино тоа значи дека имате таен обожавател. Веројатно станува збор за некој/а колега/колешка од работа или од факултет или дури личност со која сте имале можност да соработувате само неколку пати. Сте го/ја воодушевиле со својата интелигенција и подготвеност да прифатите и да одработите работа на вистински начин. Можеби никогаш нема да ви го признаат тоа, но после ова сигурно ќе знаете за што се работи.

Ако украдете домино

Доколку на сон украдете домино тоа е знак дека треба да пораснете. Сигурно членовите на семејството и пријателите ве предупредуваат дека премногу сте несериозни и детинести. Тоа сепак е вашиот одбранбен механизам кој ве чува од секакви непријатности. Можеби со негова помош спречувате луѓето да ви ги повредат чувствата.

Ако сонувате дека некој ви го украл доминото

Ако сонувате дека некој украл домино покажува дека без причина се лутите на личноста која ја сакате. Можеби партнерот/партнерката направил/а нешто што не ви се допаднало и не можете да му/и простите. Токму овие ситни нешта би можеле да ве разделат засекогаш. Ако сакате некого не смеете да дозволите банални нешта да влијаат врз вашиот однос. Покажете разбирање и подготвеност за компромис.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте играле домино или гледале некои други како играат домино, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за домино

Домино се мали плочки поделени на два дела и на секој се наоѓа или празно поле или точкички од 1 до 6.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg