Душек

Term Main definition
Душек

Ако сонувате дека спиете на душек, тоа значи дека ви претстои период на големо одмарање, но и големи проблеми коишто ќе се решат самите од себе.

Што значи да сонувате душек?

Ако сонувате душек

Ако во вашиот сон гледате душек, тоа означува дека наскоро ќе ја постигнете вашата посакувана цел. Кога нешто цврсто одлучите вие се стремите со сета сила да го остварите. Имате исклучително јасна визија за вашиот живот и секогаш се држите до приоритетите.

Овие ваши особини ќе ви бидат од исклучителна корист и огромна помош во моментите кога нема да бидете потполно сигурни дека сте на вистинскиот пат и кога ќе посакате да се откажете од сè.

Ако сонувате дека се одмoрате на душек

Кога сонувате дека се одмoрате на душек, тоа имплицира дека ви претстои одмор. Конечно ќе бидете во можност да се опуштите и да заборавите на сите обврски кои ве очекуваат. Можно е да сте одлучиле да отпатувате сами некаде далеку и да ги наполните батериите за новите работни победи.

Ако сонувате дека менувате душек

Ако на сон менувате душек тоа укажува дека ве очекуваат нови работни задачи во домот. Долго време сте планирале да го реновирате вашиот животен простор, но секогаш сте наидувале на нешта кои имале предност кога доаѓало до одлучување каде да ги вложите вашите време и пари.

Конечно ќе се наредат коцките и ќе почнете да го осмислувате новиот распоред и изглед на просторот. Можеби ќе најдете место и за работна соба во која во мир и тишина би можеле да се посветите на работата.

Ако сонувате валкан душек

Доколку во вашиот сон здогледате валкан душек тоа значи дека намерите на личноста со која поминувате многу време од денот воопшто не се искрени како што мислите. Веројатно се обидува да ја злоупотреби вашата доверба. Луѓето кои ви помагаат во моментот сигурно имаат скриени мотиви за такво нешто. Своите идеи, планови и желби не им ги откривајте на сите луѓе околу вас. Малку луѓе има околу вас на кои можете во целост да им верувате.

Ако сонувате нов душек

Сон во кој гледате нов душек укажува на тоа дека сте започнале нова фаза во својот живот. Можеби ќе промените работно место, место на живеење или пријатели, но ќе знаете дека сте ја донеле вистинската одлука за вас. Ќе добиете безрезервна поддршка од семејството во сè  она што сте замислиле да го направите.

Ако сонувате стар душек

Ваквиот сон значи дека едноставно сте го надраснале односот. Луѓето со кои сте се дружеле интензивно останале на исто ниво како и порано, додека вашите желби и потреби и интереси во потполност се промениле. Разговорите кои ги водите со нив ви се сосема здодевни и празни, што значи дека ви е потребен некој кој има поинаква перспектива и поглед на животот.

Ако сонувате искинат или растргнат душек

Ако сонувате искинат или растргнат душек тоа значи дека сте пропуштиле многу можности бидејќи сте биле мрзеливи или неодговорни. Дури сега сте дошле до заклучок дека сте направиле огромна грешка, се обидувате колку што можете да ја поправите. Нема логика да се жалите за поминатите времиња и можности. Најпаметно би ви било да се свртите кон иднината и да не ја испуштите следната укажана шанса.

Ако сонувате воден душек

Доколку во сонот гледате душек исполнет со вода, тоа имплицира дека вложувате преголем труд во однос кој не е двонасочен. Можеби максимално се прилагодувате на желбите и потребите на вашиот партнер, но тој или таа воопшто не ви го возвраќаат вниманието. Отсекогаш сте чувствувале одредена доза на презир кон себичните луѓе, а сега сте се довеле во ситуација да бидете заљубени во токму таква личност.

На вам е да одлучите дали ќе го/ја прифатите или среќата ќе си ја побарате со личност која е слична на вас. Исто важи и за деловната сфера на вашиот живот. Ако вложувате премногу труд и работа во некоја задача, а не чувствувате благодет од тоа, време е да направите промена.

Ако сонувате душек од мемориска пена или од гел

Доколку сонувате душек од мемориска пена или од гел тоа укажува дека ќе направите пријатен разговор со личност која неодамна сте ја запознале.  Постои можност на работа да сретнете некого за кого ќе се испостави дека е пријатна личност со која можете со леснотија да зборувате. Веројатно ќе посакате да се дружите и надвор од работното време и колегијалниот однос да ви прерасне во вистинско пријателство.

Ако сонувате мокар душек

Доколку сонувате дека лежите на мокар душек тоа ја симболизира вашата претерана амбициозност. Кога ќе зацртате одредена цел во состојба сте да урнете многу мостови за да ја остварите. Колегите на работа ве одбегнуваат бидејќи сметаат дека сте доволно безобразни да ги загрозите ако имате некои свои интереси.

Размислете добро за своите постапки, бидејќи сигурно ќе дојдете до заклучок дека погрешно загрозувате други луѓе за да вам ви биде подобро.

Ако сонувате дека спиете на неудобен душек

Доколку сонувате дека спиете на прилично неудобен или тврд душек тоа значи дека не е време за големи деловни подвизи, бидејќи нештата би можеле да се изјаловат. Немојте да потпишувате важни договори додека не се осигурате какви се вашите задолженија и обврски и какви последици би можеле да сносите ако работата не биде успешна. Постојат големи шанси некој од деловните соработници да се обиде да ве искористи за сопствено профитирање.

Друго значење на овој сон е дека навистина во стварноста спиете на премногу тврд или неудобен душек, па тоа чувство ви се пренело и на сон.

Ако сонувате дека носите душек

Доколку сонувате дека носите душек тоа значи дека ви е потребна голема промена. Веројатно размислувате за тоа да се преселите во некој друг град или држава и тамо да започнете нов живот. Можеби ќе наидете до заклучок дека премногу време сте потрошиле „тапкајќи во место“ и дека е време за нови почетоци. Мора да ви биде јасно дека на самиот почеток нема да ви биде лесно, но никогаш нема да се пожалите поради оваа своја одлука.

Ако сонувате дека купувате душек

Кога сонувате дека купувате душек, тоа имплицира дека ќе имате исплатливо вложување. Можеби ќе купите некој производ, автомобил, па дури и недвижнина за која ќе произлезе дека ќе биде многу добра инвестиција. Ако се занимавате со приватен бизнис, вложувањето во производството, технологијата или работниците би можело да биде полн погодок.

Ако сонувате дека продавате душек

Ваквиот сон симболизира осаменост. Ако долго време немате партнер, јасно е зошто сонувате вакви нешта, меѓутоа, ако сте во врска или во брак, сосема е сигурно дека не би требало така да се чувствувате. Размислете добро дали партнерот или партнерката ве повредил или навредил, дали не комуницирате доволно или премалку внимание си посветувате еден на друг.

Во секој случај би требале да разговарате со него/неа за тоа во четири очи. Веројатно се работи за некоја фаза која би можеле да трае подолго ако не работите на својот однос.

Ако сонувате дека фрлате душек

Ако сонувате дека фрлате душек тоа значи дека се срамите од сопствените постапки. Каде и да се појавите ве гризе нечистата совест. Доколку знаете од каде потекнува ваквото расположение, обидете се да сфатите кои се причините за вашите постапки или зборовите коишто сте ги изговориле. Размислете добро за тоа и анализирајте ја дадената ситуација

. Тоа е единствениот начин на кој минатото ќе го оставите зад себе и од сето ова да извлечете поука.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред  скоро време сте одморале на душек, тоа сигурно ви оставило впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за душек

Душек или мат е простирка која може да биде изработена од памук, волна или некој друг материјал.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg