Џеб

Term Main definition
Џеб

Празен џеб значи дека желбата ќе ви оствари, додека полн џеб значи дека ќе имате непредвидени трошоци.

Што значи да сонувате џеб?

Ако сонувате празен џеб

Ако на сон видите празен џеб, тоа имплицира дека ќе имате голема добивка. И покрај сите лоши прогнози на околината, вие ќе истраете во намерите да започнете работа која ја сметате за профитабилна.

Внимателно ќе го испланирате секој чекор и ќе имате реални очекувања кои ќе ве спречат да се разочарате. Ќе направите план кој на долг рок ќе ви донесе успех и сигурност.

Ако сонувате полн џеб

Кога сонувате полн џеб тоа укажува на тоа дека ве очекуваат неволји. Можно е зад вас да е период на благосостојба во текот на која сте се опуштиле и престанале да размислувате за потенцијалните проблеми.

Луѓето со кои сте блиски ќе ви префрлат дека не се трудите околу нив и дека вашето пријателство го земате здраво за готово.

Ако сонувате искинат џеб

Доколку сонувате искинат џеб тоа значи дека се обидувате да скриете некои ваши маани за да му се допаднете некого. Во прв план го ставата она што сметате дека е прифатено или привлечно. Така си правите лоша услуга, дури и ако освоите или заведете некого, во некој момент ќе си го покажете вистинското лице. Така уште повеќе ќе го/ја разочарате, а таквата врска, знаете и самите, нема иднина.

Ако сонувате дека си го шиете џебот

Овој сон укажува на тоа дека сте свесни за својот проблем дека не знаете да управувате со парите. Сето она што го имате во состојба сте да го потрошите за многу кратко време, па потоа да се каете што не сте си ја распоредиле заработката. Долгорочно гледано, ова би можело да претставува голем проблем за вас и за вашата иднина. Ако се најдете во ситуација во финансиска смисла некој да зависи од вас, нема добро да си „помине“ човекот.

Ако сонувате дека шиете туѓ џеб

Кога сон сон шиете туѓ џеб тоа значи дека сте лути на партнерот или партнерката или членот на семејството бидејќи потрошил/ла повеќе отколку што сте сметале дека требал/а. Веројатно сте имале договор за тоа како да го распоредите месечниот буџет, а тој/таа не се придржувал до тоа.  Најтешко ќе ви падне фактот дека со мака заработените пари заминале во потполно погрешна насока. Ова е знак дека треба да ја промените тактиката. Ако имате заедничка сметка, потрудете се постојано да имате предвид колку пари се наоѓаат во неа. Во спротивно, ваквите ситуации ќе се повторуваат до недоглед.

Ако некој ви го сошива џебот

Ако на сон некој ви го сошива џебот тоа имплицира дека ви пречи тоа што другите луѓе ви се мешаат во животот. Можеби станува збор за постар член на семејството кој се труди да го држи под контрола секој сегмент на вашиот живот.

Честопати ги преиспитува вашите постапки и одлуки и постојано ве критикува за се она што го правите.                 Ви недостасува слобода во одлучување која сте ја изгубиле бидејќи зависите од некој друг. Ако во моментот не придонесувате во семејниот буџет време е да го промените тоа за да стекнете барем малку самостојност.

Ако сонувате дека протнувате некому раце во џеб

Ако сонувате дека протнувате некому рака во џеб тоа значи дека се сомневате во верноста на вашиот партнер. Можеби во последно време чудно се однесува и крие каде оди и со кого се дружи. Пред да го/ја обвините за неверство, обидете се да разговарате за проблемите.

Можеби вие сте причината поради неговото/нејзиното отсуство. Немојте да се обвинувате себеси ако партнерот/партнерката ви е неверен/неверна или често отсутен/отсутна, но немојте ниту да обвинувате ако немате докази за тоа.

Ако сонувате дека некој ви протнува раце во џеб

Доколку сонувате дека некој ви протнува раце во џеб тоа е предупредување да внимавате со кого соработувате кога е во прашање работата. Некој од колегите на работа ќе се обиде да ве искористи за да ги постигне сопствените цели.

Фактот дека сте вредна личност не значи дека треба да прифаќате секаква работа којашто ќе ви се понуди. Некои од понудите би можеле да бидат премногу ризични или нелегални. Освен тоа, не потпишувајте никакви договори доколку не се ги прочитале убаво и сфатиле секоја ставка која се наоѓа во него.

Ако сонувате дека сте пронашле пари во џеб

Кога сонувате дека сте нашле пари тоа укажува на трошоци. Можеби ќе вложите при во поправка или регистрација на автомобил или ќе имате штета на некој кујнски апарат. Не е исклучено ниту дека буџетот ќе ви биде оптоварен со трошоци по повод некои прослави, како на пример венчавка, крштевка или роденден. Ако правилно си го распоредите она со што располагате нема да има потреба да се задолжувате.

Ако сонувате дека сте пронашле оружје во џеб

Ко сонувате дека сте пронашле оружје во џебот тоа значи дека сте личност на која и  е потребна сигурност и стабилност во емотивниот живот. Доверливоста и одговорноста ги сметате за највредни човечки особини, па тоа ви е главниот критериум кога избирате партнер/партнерка или пријател/пријателка или пријатели. 

Знаете како да ги усогласите деловните обврски со приватниот живот и како правилно да ги распоредите сите заработени пари. Поради овие ваши особини сите луѓе ви се восхитуваат, но има и такви кои ве сметаат за робот чиј живот е програмиран до најситни детали.

Ако сонувате дека сте пронашле молив во џеб

Доколку сонувате дека сте пронашле молив во џеб тоа значи дека ќе сретнете личност со која порано сте биле многу блиски, но во последно време сте изгубиле контакт. Ништо посебно не се случило, туку едноставно, животот ве одвел на различни страни.

Ќе одлучите да одите на кафе или ручек кој ќе ви годи бидејќи ќе евоцирате убави спомени од минатото. Освен тоа ќе сфатите дека тој/таа ви недостасувал/ла и би сакале почесто да се гледате. Веројатно после ова ќе продолжите да контактирате и да се дружите.

Ако сонувате дека сте пронашле цигари во џебот

Значењето на ваквите соништа зависи од тоа дали во стварниот живот сте пушач. Ако сте, можно е дека пред спиење сте запалиле цигара, па тоа ви се одразило на сон. Доколку сте непушач и сонувате дека во џеб сте пронашле цигари тоа значи дека ќе се разочарате од личноста која ви бил пример. Ќе сфатите дека тој/таа има многу маани кои не ви се допаѓаат па вашето воодушевување ко него/неа прилично ќе слегне. После тоа ќе се потрудите да бидете личност каква што сакате да ви биде вашиот идол.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте нашле нешто во џебот или сте го шиеле, тоа сигурно оставило силен впечаток врз вас.

Дефиниција за џеб

Џеб е дел од облеката во облик на вреќичка во која можете да ставите пари, телефон, клуч или други ситни нешта кои ви се потребни.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg