Џепарлак

Term Main definition
Џепарлак

Ако добиете џепарлак на сон тоа значи дека ќе ви се остварат плановите.

Што значи да сонувате џепарлак?

Ако сонувате дека сте добиле џепарлак

Ако на сон добиете џепарлак, тоа имплицира дека имате заштитници. Можеби сте пораснaле во стаклено ѕвоно и во сите нешта луѓeто сакале да ви угодат.

Од мали нозе сте свесни дека нема потреба за ништо да се трудите бидејќи она што го сакате, во секој случај го добивате. Премногу се ослонувате на другите и од нив очекувате дека ќе најдат решение за сите ваши маки и проблеми.

Ако сонувате дека заработувате џепарлак

Кога ќе сонувате дека сте заработиле џепарлак, тоа значи дека вашата упорност ќе се исплати. Вие точно знаете што сакате и подготвени сте да направите се за да ги остварите целите што сте си ги зацртале. Во состојба сте да се одрекнете од се и секого кој или што ги доведува во прашање методите кои ги применувате.

Многу луѓе сметаат дека сте направени од челик бидејќи така размислувате, но вие најдобро знаете која цена сте морате да ја платите за да се изборите за она што го имате.

Ако сонувате дека сте се одрекле од џепарлакот

Сонот во кој сте се одрекле од џепарлакот укажува дека ќе направите благороден гест. И покрај тоа што ви се потребни пари, ќе се жртвувате за некого кој е во многу тешка ситуација. Многумина ќе се зачудат бидејќи се навикнати да ве гледаат како правите нешта од кои имате корист и раководени според таа логика ќе мислат дека зад вашето добро дело се крие однапред смислен план.

Ако сонувате дека некому давате џепарлак

Доколку давате џепарлак потсвеста ви порачува дека е време да го/ја наградите за неговиот/нејзиниот труд. Тоа не мора да се однесува на материјални нешта. Можеби ќе чувствувате дека партнерот/партнерката или пријателот/пријателката пружа многу повеќе љубов, па сакате на некој начин да му/и возвратите. Ако имате приватна работа, веројатно се двоумите дали на вработените да им ги покачите платите.

Ако на непозната личност и давате џепарлак тоа имплицира дека би требале да се посветите на хуманитарна работа. Имате чувство дека сегашната работа не ве исполнува иако заработувате доволно. Можеби треба да правите нешто што не донесува заработка, туку само духовна сатисфакција.

Ако сонувате дека сте одбиле да дадете џепарлак

Кога на сон ќе одбиете да дадете некому џепарлак тоа значи дека сте арогантна личност. Свесни сте за своите квалитети и доблести и секогаш ги ставате во прв план. Се сметате за многу поинтелигентна и повешта личност од другите луѓе во многу нешта, па неретко на шега ги понижувате своите пријатели.

Тие од некоја причина не ви замеруваат, но тешко ќе можете така да играте со луѓето со кои деловно соработувате и од кои ви зависи платата.

Ако сонувате дека некој одбил да ви даде џепарлак

Доколку на сон некоја личност која ја познавате одбила да ви даде џепарлак тоа имплицира дека премногу им се ослонувате на другите. Ако, пак, личност која не ја познавате одбива да ви даде џепарлак можно е дека ќе слушнете неповолни вести.

Ако сонувате дека крадете џепарлак

Овој сон укажува на срамота. Можеби сте направиле нешто од кое денес се срамите. Веројатно некому сте му рекле нешто што не го заслужил, па сега ви е срам од сопствените зборови. Во секој случај соновите со ова значење би можеле да ве прогонуваат ако не покажете дека се каете.

Ако сонувате дека некој ви го украл џепарлакот

Кога сонувате дека некој ви го украл џепарлакот тоа значи дека ќе се соочите со голема финансиска криза. Можеби ќе ви пропадне некој проект или вложување од кое сте имале големи очекувања, а можеби ќе  имате поголеми трошоци од примања. Пред вас е стресен период исполнет со предизвици од кој ќе се „извлечете“ само ако ги направите правите чекори и ако имате само малку трпение.

Ако сонувате дека сте изгубиле џепарлак

Сон во кој сте изгубиле џепарлак е предупредување дека премногу трошите. Вашите желби и потреби одамна ги надминале вашите можности, па честопати ви се случува да завршите без скршен денар во џебот. Трошите на нешта кои не ви се потребни, а потполно ги занемарувате тековните трошоци.

Наместо да купувате облека и скапи уреди, прво платете ги сметките и купете си храна. Сработете ги приоритетите и нема да има потреба секој месец да позајмувате од другите за да го преживеете следното пристигнување на платата.

Ако сонувате дека броите џепарлак

Ако во вашиот сон броите џепарлак можно е дека нема да бидете задоволни од наградата за сиот вложен труд. Веројатно работодавецот ќе ви исплати стимулација од која ќе се разочарате. Сепак, со двете раце ќе прифатите бидејќи во моментот имате потреба од пари. Ова воедно ќе ви биде и порака да не губите време онаму каде што не можете да напредувате. Време е за промена на работното место.

Друго значење на овој сон во кој броите џепарлак е дека постои можност дека ќе добиете подарок кој нема да ви се допадне, но поради пристојност ќе излажете дека ви се допаѓа.  Можеби овој трик може да помине кај лица кој не ве познаваат доволно, а ако се обидете да го примените врз пријателите или членовите на семејството, за кратко време ќе им стане јасно дека ги лажете за да не им ги повредите чувствата.

Ако сонувате дека грабнувате џепарлак

Доколку сонувате дека некому му го грабнувате џепарлакот тоа значи дека ќе се однесувате детинесто и неодговорно кон себе и кон другите. Ова особено се однесува на фактот дека ги занемарувате обврските или го одложувате нивното спроведување до последен момент. На овој начин деловните соработници, колегите и шефовите стекнуваат впечаток дека сте неспособни, што воопшто не е вистина. Не смеете вашата мрзеливост да ви ги расипе плановите и да ви ја загрози егзистенцијата.

Ако сонувате дека некој ви го грабнал џепарлакот

Ако сонувате дека некој ви го грабнал џепарлакот тоа имплицира дека некој ќе се обиде да го загрози вашето работно место или статус во општеството. Нема да бира средства како да ви наштети. Веројатно се работи за љубомора или завист. Единствениот начин да се изборите со тоа е да не донесувате избрзани одлуки и да не давате оправдување за своите постапки. Знаете кои сте, што се и нема потреба некому да му се објаснувате постојано.

Ак сонувате дека сте го прокоцкале џепарлакот

Кога сонувате дека сте го прокоцкале џепарлакот тоа значи дека можеби ќе ја изгубите довербата кај луѓето кои ве опкружуваат. Можеби со своите постапки ќе го разочарате партнерот или работодавачот. Ако се потрудите од ова можете да извлечете важна лекција.

Ако сонувате дека други луѓе го прокоцкале вашиот џепарлак

Овој сон укажува на расправија со блиска личност поради пари. Ќе имате различни ставови околу тоа како да го распоредите буџетот со којшто располагате. Тој/таа ќе смета дека парите се тука за да се потрошат, но вие, од друга страна, ќе сметате дека парите треба да се заштедат за „црни денови“. Ќе морате да се потрудите да најдете некој компромис ако не сакате да си го загрозите односот што го имате.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку неодамна сте добиле или потрошиле џепарлак, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за џепарлак

Џепарлак е помал паричен износ кој тинејџерите го добиваат од родителите и го трошат за ужина, излегувања или нешто слично.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg