Џигер - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Џигер

Term Main definition
Џигер

Ако сонувате црн дроб или џигер, тоа претставува предупредување да се чувате од алкохол, а ако видите црн дроб тоа значи дека ќе наследите нешто.

Што значи да сонувате џигер/ црн дроб?

Ако сонувате црн дроб или џигер

Кога сонувате црн дроб, тоа е предупредување да се чувате од алкохол. Можеби сте се соочиле со проблеми кои се поврзани со вашиот приватен или деловен живот и сакате да побарате утеха во овој порок. Тоа ќе ви изгледа како едноставна опција отколку да се соочувате со она што ве мачи и да признаете, како и сите, дека и вие имате слабости.

Алтернативно толкување е дека ако сонувате црн дроб имплицира дека ќе добиете наследство. Веројатно сте поминале низ пекол за да се изборите за она што ви припаѓа според закон. Соочувањето со толкава неправда ќе остави последици на вашето физичко и психичко здравје, па слободно можете да кажете дека во претходниот период „ви го јаделе црниот дроб“.

Ако сонувате дека ве боли џигерот?

Ако сонувате дека ве боли црн дроб тој сон претставува дека ви следи период на добро здравје.

Ако јадете џигер

Ако сонувате дека јадете џигер тоа значи дека водите сметка за своето здравје. Се трудите да се придржувате до корисните навики кои ќе ви обезбедат добар изглед и воедно ќе ви бидат превенција за различни болести. Подготвени сте да се жртвувате поради своите повисоки цели и да се откажете од сите штетни намирници кои ги сакате. Редовно тренирате и правите се за да бидете во топ форма.

Ако сонувате дека некој друг јаде џигер

Доколку во вашиот сон некој друг јаде џигер тоа укажува на голема количина на стрес која ја чувствувате во моментот. Веројатно се соочувате со бројни проблеми и грижи на деловниот или на приватниот план. Имате потреба да побегнете од сето тоа и да се откажете од борбата. Потребен ви е само еден мал одмор, затоа слободно земете еден слободен ден и посветете се себеси.

Така ќе ги наполните батериите и ќе ви биде полесно да се соочите со сите нови предизвици. Немојте да губите мотивација и да трошите енергија на самосожалување. На тој начин нема да постигнете апсолутно ништо. Решението се наоѓа токму во вас, само е потребно да го пронајдете.

Толкувањето на овој сон зависи и од контекстот во кој се одвива и од други детали, како на пример од кое животно јадете црн дроб.

Ако сонувате дека печете џигер 

Ако на сон печете џигер  тоа имплицира дека ќе ви се налути некоја блиска личност. Веројатно партнерот или некој од домашните ќе ви се налути. Можно е дека партнерот или некој од членовите на вашето семејство ќе направи нешто што нема да ви се допадне.

Од вашата кавга би можела да настане расправија, па морате да бидете внимателни во афект да не изговорите нешто што не го мислите. Потрудете се да покажете разбирање и подготвеност за правење компромис. Немојте да криете што мислите, но нема потреба за бурна расправија околу тоа.

Ако сонувате дека други луѓе печат џигер 

Сонот во кој гледате дека други луѓе печат џигер значи дека ќе ви се оствари некоја желба. Можеби партнерот, пријателот или некој од членовите на семејството ќе ве изненади со подарок или патување за кое долго време мечтаете. Од друга страна, не е исклучено ниту дека ќе успеете да положите некој многу важен испит или дека ќе добиете покачување на плата на работа. Обидете се да замислите која ви е најголемата желба во моментот и тоа сигурно ќе ви се оствари ако имате малку трпение.

Ако сонувате дека пржите џигер 

Доколку сонувате дека пржите џигер  во тава тоа е предупредување да не ги игнорирате пораките кои ви ги испраќа вашето тело. Зачестените главоболки можат да бидат последица на нервоза, но тоа не значи дека дијагнозата и лековите треба да ги барате на интернет.

Закажете преглед за да бидете сигурни што ви се случува во телото.

Ако сонувате дека некои други луѓе пржат џигер 

Ако на сон видите дека некој друг човек пржи џигер тоа значи дека ќе ве израдуваат добри вести од странство. Можеби ќе добиете работа или пријателот или членот на семејството ќе ви се јави да ви пренесе дека очекува принова.

Пред вас е еден прилично турбулентен, но убав период. Веројатно ќе сфатите дека е ризична одлуката којашто сте ја донеле неодамна, но сепак произвела позитивен исход.

Ако сонувате дека правите паштета од џигер

Ваквиот сон може да значи дека сте голем гурман и дека уживате во приготвување и консумирање на храна. Обожавате да испробувате нови егзотични јадења и рецепти. Можно е да сте на диета или лекарите ве предупредиле да намалите со консумирање на храна, па со такво чувство сте заспале.

Свински џигер 

Кога сонувате свински џигер  тоа значи дека ви недостасува енергија. Веројатно сте започнале многу задачи и имате желба да се ослободите од нив што поскоро, но ви треба нешто да ве мотивира. Обидете се подобро да се организирате или да ја намалите количината на дневните обврски.

Ако добро си го распоредите времето може да си направите баланс помеѓу работата и одморот. Запомнете, и едното и другото ви се подеднакво значајни.

Пилешки џигер 

Ако сонувате пилешки џигер тоа симболизира умереност. Вие сте личност која во се пронаоѓа мера како во деловниот така и во приватниот живот. Прилично сте трпеливи и имате разбирање за сите луѓе, но се трудите вештините и знаењето да го пренесете на други луѓе за да можете да им помогнете. Не сакате да претерувате ниту во советите ниту во чувствата.

Личноста која ја сакате е свесна за сето тоа, дури и кога воопшто не му/и го покажувате тоа. Оние кои не ве познаваат најчесто мислат дека сте ладни и незаинтересирани, но вие едноставно не сакате да ги покажувате чувствата.

Гускин џигер 

Доколку сонувате дека јадете гускин џигер тоа значи дека многу сакате луксуз. Вие сте личност која ужива во скапи предмети и естетиката ви е многу важна. Не трошите многу пари на евтина облека, туку штедите за да можете да си купите квалитетно и скапо парче облека. Исто така, годишниот одмор го планирате скоро цела година, па многу ви завидуваат кога летувате на егзотични дестинации.

Работата е во тоа што поради таквите уживања сте подготвени да се откажете од многу нешта. Тешко ќе ви биде да пронајдете партнер кој ќе покаже разбирање за тоа. Додека едните ќе го осудуваат ова ваше „расипништво“, другите ќе се чудат зошто толку штедите.

Сепак, не би требале да губите надеж бидејќи вие сосема сигурно ќе пронајдете сродна душа.

Говедски џигер 

Сонот во којшто јадете говедски џигер укажува на тоа дека ви се допаѓа личност која не може лесно да се освои. Ве привлекува неговата/нејзината таинственост и начинот на кој се однесува кон другите луѓе. Веројатно се работи за некого кого многу долго време го познавате, а за кого знаете многу малку.

Можеби тоа е неговиот одбранбен механизам со кој си се штити од повреда, а можеби лошите искуства го/ја научиле да не покажува емоции. Во секој случај, ќе ви биде потребен огромен труд и трпение прво да го/ја придобиете, а потоа и да му/и го задржите вниманието.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте купиле или јаделе црн дроб, тоа сигурно ви оставило впечаток врз вас.

Дефиниција за црн дроб

Црн дроб или џигер е орган под рбетот кој има бројни функции како на пример: производство на протеини во крвта, жолчката, детоксификација и многу други.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg