Џунгла - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Џунгла

Term Main definition
Џунгла

Ако видите џунгла тоа предупредува дека ви се заканува опасност, изненадувања.

Што значи да сонувате џунгла?

Ако сонувате џунгла

Ако на сон видите џунгла тоа е предупредување дека ви се заканува опасност. Можно е во некои ситуации да изреагирате непромислено што ќе доведе до судир со луѓето чија позиција е подобра од вашата. Инаку не сакате авторитети и се работите за да им пркосите.

После одредено време ќе сфатите дека можеби би ви било подобро малку да се стрпите наместо да истерувате правдина и да исправате „криви дрини“.

Ако сонувате дека сте се изгубиле во некоја џунгла

Кога сонувате дека сте се изгубиле во џунгла, тоа симболизира голема промена во вашиот живот. Самите сте добро организирани и сакате во секој можен момент да имате пред себе јасна цел. Меѓутоа, наскоро ќе ви се случи нешто што ќе ве исфрли од колосек и што ќе ги наруши сите ваши досегашни планови.

На почетокот нема да знаете како да се снајдете, но ќе се потрудите да се фокусирате само на убавите нешта кои допрва ве очекуваат.

Ако сонувате дека живеете во џунгла

Ако сонувате дека живеете во џунгла тоа имплицира дека имате весело семејство. Во вашиот дом се случува нешто интересно и едвај чекате да ги завршите обврските за да поминете повеќе време со нив.

Исто важи и за вашите пријатели кои кога ќе ви дојдат во посета, повеќе зборуваат со домашните отколку со вас.

Ако сонувате дека се шетате во џунгла

Доколку во сонот се шетате во џунгла тоа значи дека не ги искористувате доволно сите можности кои ви се нудат во животот. Веројатно станува збор за мрзеливост или за страв од промени. Можеби не сте во потполност задоволни од својата работа или емотивниот живот, но се плашите да промените нешта за да не изгубите и она што го имате.

Морате да бидете свесни дека ниту еден успех не доаѓа без трошка ризик. Вашиот најголем проблем е недостатокот на волјата и храброста. Ако поработите на тоа веројатно ќе остварите се она за коешто сте мечтаеле дога во животот.

Ако сонувате дека бегате од џунгла

Сонот во кој бегате од џунгла симболизира преголема чувствителност. Во моментот се наоѓате во фаза кога луѓето имаат преголеми очекувања од вас и чувствувате постојан притисок. Се плашите дека секој ваш чекор би можел да наиде на осуда од другите луѓе и затоа се чувствувате заробено во своја кожа.

Имате чувство дека несреќата би можела да ве „закочи“ во секој момент, а тоа се граничи со параноја. Тоа што сте ранливи во овој период не значи дека не сте способни да се соочувате со секојдневните проблеми.

Едноставно, потрудете се да не земате при срце секаква критика која ќе ја добиете во сегашноста бидејќи на луѓето не може да им се удоволи. Работете го она што го сакате и давајте се од себе. Само така можете да очекувате поволни резултати, а притоа нема да ве гризе совеста дека не сте се потрудиле доволно.

Ако сонувате дека сте побегнале од џунгла

Ако во сонот успеете да побегнете од џунгла тоа е показател дека е време за радикални промени во вашиот живот. Предолго време одложувате некои нешта бидејќи се плашите дека нема да успеете или дека некого ќе повредите.

Доколку планирате преселба во друг град или држава, сигурно се плашите дека нема да знаете да се снајдете и дека заминувањето ви било грешка. Меѓутоа, ако поради тоа сепак одлучите да останете онаму каде што сте, би можеле д се каете до крајот на животот.

Ако сте дошле до заклучок дека вашиот партнер не е личноста со која можете или сакате да го поминете остатокот од својот живот, признајте му/и го тоа. Немојте да го завлекувате и да му го трошите времето. Некои врски едноставно немаат иднина, можеби и вашата е една од нив.

Ако сонувате дека се криете во џунгла

Овој сон е порака воопшто да не се обидувате обврските и одговорностите за сопствениот неуспех да ги префрлувате на некој друг. Кога ќе направите грешка најмалото нешто коешто можете да го направите е да признаете дека сте погрешиле.

Доколку барате вина во некого така само ќе си го изгубите интегритетот и угледот на работата или во друштвото. Ако знаете дека некоја работа не можете да ја сработите сами, побарајте помош, а немојте потоа другите да ги обвинувате за лошите резултати.

Ако сонувате дека ве нападнале  диви животни во џунгла

Доколку сонувате вакво сценарио тоа значи дека ве гризе совеста поради нешто што сте рекле или направиле. Можеби сте повредиле некоја сакана личност, а не знаете како да му/и се извините или сте наштетиле некому кого не го познавате.

Во секој случај, уште долго време ќе сонувате вакви непријатни соништа, ако не се соочите со своите проблеми. Во реалноста, вашата грижа има многу лесно решение, само вистинското прашање е дали сте доволно храбри да го направите она што треба да го направите.

Ако сонувате дека ловите животни во џунгла

Кога сонувате дека ловите диви животни во џунгла тоа имплицира дека ќе имате среќа на лотарија или во кладилница. Можеби чисто поради забава ќе купите грепка или ќе уплатите бинго или тикет во кладилница. Прво ќе помислите дека станува збор за некаква грешка или шега, но набргу ќе се уверите дека всушност сте среќниот добитник.

Силно ќе ве шокира сознанието дека со оглед на тоа дека никогаш не сте се ослониле на среќа кога се во прашање парите. Сепак, ова не значи дека би можеле долгорочно да профитирате од игрите на среќа. Сфатете го ова како почетничка среќа и парите употребете ги за нешто што долго време сте мечтаеле.

Ако сонувате дека сте загинале во џунгла

Ако во сонот загинете во џунгла тоа значи дека би требале да внимавате на своето однесување. Понекогаш многу бурно реагирате, па делувате агресивно и арогантно. Поради тоа луѓето кои не ве познаваат ве избегнуваат на улица. Сето тоа е последица на сликата која ја градите за себе. Во секој случај озборувањата кои ги слушате за себе не се без покритие.

Ако сонувате дека уништувате џунгла

Сон во кој сечете дрва или уништувате џунгла е предупредување дека самите на себе си правите штета.  Вам не ви е потребен непријател бидејќи си се загрозувате со сопствените одлуки и потези. Време е да размислите за тоа и да се соочите со фактот дека имате проблем. 

Без разлика дали се работи за одреден порок или едноставно навика да не учите од сопствените грешки, ќе морате да работите на тоа, не поради околината, туку за ваше добро.

Ако сонувате дека палите џунгла

Доколку сонувате дека намерно сте предизвикале пожар во џунгла тоа е индикатор на идна расправија. Можеби случајно или намерно ќе изговорите нешто што кај соговорникот ќе пробуди сомнеж поради којшто ќе ви бара да му дадете образложение за своите ставови. Најверојатно вашата расправија ќе отиде предалеку, па подоцна ќе ви биде жал што јазикот ви бил побрз од мозокот.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте гледале на телевизија репортажа за џунгла или пак можеби сте биле таму на патување, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за џунгла

Џунгла е тропска дождовна шума која е обрасната со густа вегетација.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg