Епилепсија - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Епилепсија

Term Main definition
Епилепсија

Ако видите дека некој има епилепсија, деловни проблеми. Ако вие имате епилепсија, финансиска добивка.

Епилепсија – значење на сонот и интерпретација

Ако доживеете епилептичен напад на сон

Кога сонувате дека сте доживеале поголем епилептичен напад укажува на финансиска добивка. Можеби ќе сфатите дека ризичното вложување кое сте го презеле сепак било погрешно или дека сте купиле нешто што не ги исполнило вашите очекувања. Исто може да се однесува на патување кое долго време сте го посакувале, но не „испаднало“ како што сте го замислиле.

Сон во кој преживувате помал епилептичен напад симболизира потреба да ја повратите контролата над својот живот. Веројатно сте дозволиле важните одлуки во вашиот живот да ви ги донесува вашиот партнер или член на семејството. Се чувствувате безначајно иако сè што ви се случува влијае врз вашето секојдневие и иднина. Крајно време е да кажете што мислите и да преземете одговорност за своите постапки и одлуки.

Кога бремена жена сонува дека има епилептичен напад

Кога бремена жена сонува дека има епилептичен напад тоа укажува на страв од пораѓање. Овие стравови не се ртки и ги преживуваат многу жени кога прв пат остануваат бремени. Важно е да пронајдете начин да се опуштите и да мислите на позитивен исход од бременоста.

Ако сонувате дека вашето дете има епилептичен напад

Ако мајка сонува дека нејзиното дете има епилептичен напад тоа значи дека веројатно е загрижена за неговата иднина. Овие соништа се чести кај родители чии деца имаат проблеми на училиште, во вид на лоши оценки или намалено поведение. Ако се работи за такво нешто, обидете се смирено да разговарате со детето за да не почувствува дополнителен притисок. Вниманието, љубовта и добрата комуникација можат многу лесно да го решат овој ваш проблем.

Ако сте сведок на епилептичен напад кај друга личност

Доколку во сонот видите дека некој доживува епилептичен напад тоа значи дека ќе имате проблеми на работа. Можеби работодавецот нема разбирање за вашите идеи или ќе ве обвини за туѓа грешка. Не е исклучено ниту дека ќе ви замери бидејќи сте земале слободен ден од приватни причини. Ако имате приватна компанија проблемот се однесува на партнерите кои несериозно ги сфаќаат роковите кои однапред сте им ги задале.

Ако сонувате дека се лечите од епилепсија

Ако сонувате дека примате терапија за епилепсија тоа имплицира дека имате проблем со самоконтрола. Можеби лекарот ве посоветувал да изгубите килограми за да не си го загрозите здравјето, но вие не можете да се откажете од храната во којашто уживате. Проблемот со самоконтрола може да се однесува и на претерано бурни реакции во конфликтни ситуации.

Ако сонувате дека други се лечат од епилепсија

Овој сон е поврзан со непријатна ситуација која сте ја доживеале во вистинскиот живот. Сте претрпеле огромна количина на стрес, кој ве исфрлил од колосек. Ќе ви треба време да си ја повратите самодовербата и вербата во себе за да можете нормално да функционирате.

Обидете се да ги канализирате негативните чувства така што ќе работите нешто што ве исполнува. Посветете се на некое хоби, заминете во прошетка или лошата енергија исфрлете ја со тренинг во теретана.

Ако сонувате дека сте се излечиле од епилепсија

Доколку лекарот во сонот ви кажува дека сте ја победиле болеста тоа укажува на добри вести. Можеби ќе слушнете дека работното место не ви е загрозено или дека ќе добиете покачување. Поволните вести можат да се однесуваат на приватниот дел на вашиот живот или на некого кого го познавате. Можеби ќе дознаете дека близок пријател чека принова.

Ако сонувате дека некој друг се излечил од епилепсија

Кога сонувате дека лекар му соопштува некому дека успешно се излечил од епилепсија тоа значи дека ќе доживеете убави моменти со партнерот или со семејството. Веројатно ќе организирате романтична вечера или дружба на која ќе се соберете сите кои се сакате. Ќе сфатите дека нивната среќа и здравје ви се поважни од се друго во животот.

Ако сонувате дека сте наследиле епилепсија

Доколку сонувате дека сте наследиле епилепсија од родители или од подалечни роднини тоа имплицира дека живеете во минатото. Можеби во последно време многу нешта ви се случиле, но сте останале заробени во периодот кога ви било најубаво. Кај постарите лица тоа е младоста, а кај помладите детството. Веројатно ви недостасуваат безгрижните денови или моменталните обврски ве преоптовариле, па не можете да поднесете толкава одговорност.

Ако сонувате дека сте умреле за време на епилептичен напад

Ако сонувате дека сте починале за време на епилептичен напад тоа значи дека избегнувате да се соочите со проблемот којшто го имате. Можеби се однесува на работата, но и на семејните односи. Доколку одреден временски период имате лоша комуникација со партнерот или вашиот однос во кревет не е на завидно ниво, тоа може да ги предизвика овие соништа.

Ако сонувате дека некој друг починал за време на епилептичен напад

Доколку во сонот сте биле сведок на смртен исход на епилептичен напад тоа значи дека сте премногу строги кон оние кои ги сакате. Кога некого сакате ќе сторите се за него. Меѓутоа, имате навика да го/ја критикувате и опоменувате за секоја ситница. Сето тоа го правите со најдобри намери, но би требале да промените пристап.

Ако сонувате дека читате за епилепсија

Ако во сонот читате за епилепсија тоа укажува на знаци на хипохондрија. Веројатно сте една од личностите која постојано размислува за болести и чувствува симптоми дури и кога ги нема. Редовно одите на контрола кај лекар и ретки се прегледите на кои не сте заминале.

Ако ви откријат некоја болест во состојба сте на сите за тоа да им зборувате кога ќе ги сретнете на улица. Многу нешта се случуваат во ваша глава, но ви е тешко да се изборите со тоа.

Ако сонувате дека зборувате за епилепсија

Доколку во сонот зборувате со некого или држите говор за епилепсија тоа значи дека сте загрижени за здравјето на саканата личност. Сте се обиделе да го наговорите да посети лекар, но не ви успеало. Често имате желба сами да го однесете на лекар за да бидете сигурни дека навистина ќе се појави пред специјалистот, но знаете дека на таков начин ќе го/ја навредите.

Признајте си себеси дека сте направиле се што било во ваша моќ и немојте да се мачите со она коешто не можете да го промените.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако боледувате од епилепсија или во опкружувањето имате некого кој има епилепсија овој сон не е предмет на толкување. Исто важи и ако неодамна сте читале за епилепсија или гледале на телевизија прилог на таа тема. Се што сте виделе или доживеале ви оставило впечаток кој од јаве се пренел на сон.

Дефиниција за епилепсија

Епилепсија е група на невролошки нарушувања кои се карактеризираат со епилептични напади. Овие напади можат да бидат епизоди кои варираат од кратки до скоро незабележливи до долги периоди на силно тресење.  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg