Ѓердан - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Ѓердан

Term Main definition
Ѓердан

Ако сонувате ѓердан тоа значи веселба, исполнување на желбите на јаве.

Што значи да сонувате ѓердан?

Ако сонувате ѓердан

Ако во сонот видите ѓердан, тоа симболизира исполнување на желбите. Пред вас е еден многу поволен период во текот на кој ќе ви оди од рака се што ќе започнете. Можеби порано сте сакале да правите нешта за кои не сте имале доволно знаење и искуство.

Кога ќе се фокусирате само на она што ви оди добро, продуктивноста ќе ви се зголеми и многу врати ќе почнат да ви се отвораат давајќи ви шанса да ги подобрите условите за живот.

Ако сонувате дека подарувате ѓердан

Кога сонувате дека некому подарувате ѓердан, тоа означува голема љубов. Во меѓучовечките односи сте искрени и во секој момент се трудите да и го пружите на саканата личност најдоброто што можете. Иако поради таквиот став сте страдале, не престанувате да верувате дека за вас постои вистинската личност која ќе знае да ги цени и почитува вашите квалитети.

Ако добиете ѓердан за подарок на сон

Ако сонувате дека сте добиле ѓердан тоа имплицира дека некој пријатно ќе ве изненади. Веројатно желно очекувате одговор за кој сметате дека ќе ви го промени животот. Тоа може да биде поврзано со факултетот, работата или емотивната врска. Кога најмалку ќе се надевате, ќе слушнете убава вест после која ќе можете конечно да се опуштите и да сонувате за убава иднина.

Ако сонувате дека сте изгубиле ѓердан

Доколку на сон изгубите ѓердан тоа значи дека ќе ве снајде некоја неволја. Можеби поради непредвидени трошоци ќе мора да продадете или да заложите нешто што со децении престојува во вашата фамилија. Долго време ќе размислувате што да направите, но нема да имате многу избор. Задолжувањето или кредитот повеќе не е опција, па веројатно ќе мора да се откажете од тоа ваше семејно наследство.

Ако сонувате дека сте пронашле ѓердан

Ако сонувате дека сте пронашле ѓердан тоа укажува на среќни и весели моменти. Можеби ќе ве посети некој кого долго време не сте го виделе, па ќе му го посветите секој слободен момент. Ќе се потрудите да му/и биде што попријатно во вашиот топол дом и што подобро да се забавувате. Вашето гостопримство нема да помине незабележано, па и вие самите ќе бидете пречекани на ист начин во неговиот/нејзиниот дом.

Ако сонувате дека продавате ѓердан

Кога сонувате дека продавате ѓердан или ѓердани тоа значи дека ќе се обидете да ја надминете пречката за да стигнете до целта. На тој пат ќе се послужите со измама или манипулација, но морате да бидете внимателни да не ви ја откријат намерата и расипат планот. Ако успеете во своите намери не смеете да дозволите ваквите методи да ви бидат примарни за сите аспекти од животот.

Понекогаш мора и да се помачите за да го добиете она што го сакате.

Ако сонувате дека сте нашле ѓердан

Ако пронајдете ѓердан во сон, тоа покажува дека ќе бидете среќни. Можно е да дојдат кај вас гостите што сте ги очекувале и на кои ќе им го посветите целото внимание. Ќе се обидете да ги угостите што е можно подобро и да им обезбедите незаборавно забавување што ќе ги натера да сакаат да се вратат што е можно побрзо.

Ако сонувате дека купувате ѓердан

Сон во кој купувате ѓердан симболизира победа над непријателите. Можно е некој да се обиде да ве загрози, но вие на време ќе ги сфатите неговите намери и нема да дозволите такво нешто. Освен тоа, ќе го употребите неговото оружје за да го совладате. Долго време ќе се гордеете со оваа победа, иако многу луѓе ќе ви говорат дека сте го избрале погрешниот начин.

Ако сонувате дека сте украле ѓердан

Овој сон означува дека ќе промените позитивно или негативно мислење за некоја личност. Кога подобро ќе ја запознаете оваа личност ќе сфатите дека не сте биле во право. Можеби од ова познанство ќе се изроди пријателство за цел живот. Ќе сфатите дека предолго време сте дозволувале стереотипите да управуваат со вашиот живот и ќе промените многу убедувања со цел да бидете што посреќни.

Ако сонувате дека некој ви украл ѓердан

Кога на сон некој ви украл ѓердан тоа укажува на разочарување во некого или во нешто. Можно е пријателот или пријателката да ве повреди со своите постапки или нешто околу кое многу сте трудите нема да ги исполни вашите очекувања. Поради тоа би можеле да западнете во емоционална криза, но ако ја погледнете пошироката слика“ ќе сфатите дека не е се така црно како што ви изгледа.

Ако сонувате дека сте го искинале ѓерданот

Доколку сонувате дека сте го искинале ѓерданот тоа имплицира дека би требале да го послушате својот инстинкт во врска со проблемите кои ве мачат долго време. Обидете се да пронајдете рационално решение за тоа, но тајната се крие во чувствата кои ги имате во врска со тоа.

Ако имате чувство дека некој ве лаже или ве мами веројатно сте во право. Ако, пак, сонувате дека некој ви го искинал ѓерданот тоа значи дека ќе запознаете влијателна личност која би можела да ви помогне во кариерата. Ќе се потрудите да се зближите и да ја стекнете неговата/нејзината доверба за да подоцна го прашате за совет или помош.

Сепак, бидете внимателни и немојте да претерувате за да не ве доживее како нападна и преамбициозна личност. Запомнете, мерката е клуч за вашиот успех.

Ако сонувате дека некој ви става ѓердан околу врат

Кога, на пример, млада жена сонува дека некој и става

ѓердан околу врат тоа ја симболизира нејзината желба да се омажи во богата фамилија. Веројатно страдате од комплексот „принцеза“, па ви е под чест да работите и тоа радо би го препуштиле некому друг. Меѓутоа, ако веќе мажена жена сонува дека некои и става ѓердан околу врат тоа имплицира дека мечтае некоја да ја пофали за вложениот труд за да го зачува семејството.

Можно е да сметате дека домашните не го ценат вашиот труд и работа и дека не ја сфаќаат сериозно улогата која ја имате во вашиот дом. Ваквото чувство произлегува од тоа дека на свој грб сте презеле многу одговорности и ви се чини дека никој нема потреба да ви помогне.

Ако сонувате дека некому ставате ѓердан околу врат

Ако маж сонува дека на својата жена и става ѓердан околу врат тоа значи дека не и подарува доволно внимание и љубов. Доколку, пак, не станува збор за неговата жена тоа покажува дека му се допаѓа некој кој не би смеело.

Ако сонувате ѓердан од злато

Кога сонувате ѓердан од злато тоа укажува на грижи. Сте почнале да се сомневате во многу пријатели и познаници и често сте си го поставувале прашањето дали би биле со вас доколку би немале пари или кога би имале големи проблеми.

Запрашајте се пред се, зошто себеси си поставувате прашања такви тешки прашања и зошто се сомневате во преданоста на луѓето кои ве опкружуваат. Дали некој во минатото ве повредил или лошите искуства ве натерале да бидете внимателни. Кога ќе сфатите ќе знаете зошто имате потреба постојано да ги „тестирате“ луѓето околу себе.

Ако сонувате бисерен ѓердан

Кога сонувате бисерен ѓердан, тоа симболизира раздор во бракот. Може да се случи вие и вашиот партнер да престанете да ги споделувате истите интереси, што ќе доведе до отуѓување. Ќе почувствувате дека тој/таа не е во можност да се жртвува себеси за вас и да ве задоволи, поради што ќе престанете да го правите она во што тој/ таа ужива.

Ѓердан од сребро

Доколку на сон гледате или носите сребрен ѓердан тоа значи дека премногу сте тврдоглави да прифатите различни мислења и ставови и веројатно често ви се случува да не сакате да ја признаете грешката ако произлезе дека не сте во право. Затоа постои реална можност за расправија или жестока расправа со личност која е доста слична на вас.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте купиле или добиле ѓердан, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за ѓердан

Ѓердан е турцизам со кој се означува стар женски накит.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg