Ѓеврек - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Ѓеврек

Term Main definition
Ѓеврек

Благосостојба, среќа.

Што значи да сонувате ѓеврек?

Кога на сон ќе видите ѓеврек тоа симболизира среќа и благосостојба во семејството.  Можеби заедно сте поминале низ тежок период и сега ви следува мирна фаза во вашите животи. Тоа не значи дека воопшто ќе немате проблеми, туку дека ќе имате помалку грижи од вообичаеното.

Со оглед на тоа дека здравјето и среќата на членовите на семејството ви се на прво место, конечно ќе можете да се опуштите и да уживате во љубов, мир и слога.

Ако сонувате дека купувате ѓеврек

Ако сонувате дека купувате ѓеврек тоа е порака да ја искористите приликата којашто сте ја добиле. Можеби ви се укажала можност да ги продолжите студиите во странство или да добиете понуда за подобро платена работа. Во секој случај, не смеете да дозволите поради страв од непознатото да го одбиете она што ви се нуди. Размислете за својата иднина и обидете се да замислите како би ви изгледала кога би ја зграпчиле приликата пред вас.

Ако сонувате дека продавате ѓеврек

Овој сон укажува на неуспех или незадоволство од сегашниот живот. Не заработувате онолку колку што ви е потребно, па често ви се случува да се најдете на работ на банкрот. Време е за радикални промени – или прифатете ја сегашната состојба и обидете се да се прилагодите или побарајте друга работа или дополнителен извор на заработка.

Ако сонувате дека некој ви дал ѓеврек

Кога сонувате дека некој ви дал ѓеврек тоа значи дека би требале да го послушате советот на некој постар колега или член  на семејството. Прифатете го фактот дека многу нешта не знаете и дека ви недостасува уште многу животно искуство за да станете поуспешни. Затоа не двоумете се да поставите прашања и да усвојувате одговори кои ги добивате и тоа да го користите во текот на планирањето и реализацијата на идеите.

Ако сонувате дека делите ѓевреци

Сон во кој делите ѓевреци бесплатно на луѓето укажува на тоа дека пријателот ќе ви се обрати за помош. Можно е дека ќе се најде во многу тешка финансиска состојба, па ќе ве праша да му/и позајмите пари.  Ако и самите сте во криза, ќе ве гризе совеста бидејќи ќе морате да го одбиете.

Ако сонувате дека јадете ѓеврек

Доколку сонувате дека јадете топол, свеж ѓеврек тоа симболизира материјална добивка. Можно е дека ќе добиете покачување, некоја парична награда или наследство. Не е исклучено ниту дека ќе ви се посреќи ако уплатите лото ливче. Ако ѓеврекот е тврд и невкусен тоа значи дека во стварниот живот се чувствувате ранливо или понижено.

Некој настан ви ја нарушил хармонијата во вашиот живот па ви треба време да се вратите во „колосек“.

Ако сонувате дека други луѓе јадат ѓеврек

Ако на сон видите дека други луѓе јадат ѓевреци тоа укажува на осаменост. Доколку долго време сте сами и без емотивен партнер, ваквото чувство е сосема нормално. Меѓутоа, ако сте осамени и покрај тоа што сте во врска тоа значи дека односите со партнерот не ви се на завидно ниво. Можеби комуникацијата ви е нарушена или не поминувате доволно време заедно. Обидете се овие проблеми да ги надминете со компромисни решенија.

Ако сонувате дека правите (месите) ѓеврек

Кога на сон ќе правите ѓеврек тоа значи дека би сакале својот проблем да го префрлите на некого. Веројатно се соочувате со тешка задача и не знаете како да ја решите. Затоа ќе се обидете да ја проследите на колегите или некои домашни членови, но тоа нема да ви појде од рака.

Соочете се со своите обврски на сериозен и на одговорен начин. Побарајте помош и совет и немојте да „мижите пред вистината“. Не е срамота ако не знаете не што да направите, туку ако не сакате.

Ако сонувате дека други луѓе прават ѓеврек

Сон во кој гледате како пекар меси ѓеврек имплицира дека ќе запознаете личност која ќе ве воодушеви со својата храброст, интелигенција и способностите. Ќе посакате да бидете како него/неа и ќе се потрудите што повеќе да се дружите за да можете да научите многу нешта од дружбата.

Со оглед на тоа дека сте љубопитни и сакате да стекнувате нови познанства, ова познанство ќе ви претставува полн погодок.

Ако сонувате дека сте украле ѓеврек

Доколку сонувате дека сте украле ѓеврек од пекара тоа значи дека сте интересна и забавна личност со која многумина сакаат да се дружат во слободно време. Секогаш сте најгласни и најинтересни во друштво и плените со позитивна енергија. Можеби некои луѓе поради тоа ве сметаат за несериозни, но голем број од нив уживаат во вашето друштво.

Ако сонувате дека некој ви украл ѓеврек

Ако некој на сон ви украл ѓеврек тоа имплицира дека ќе се скарате со колегата или некој член на семејството. Причината за расправијата, како и обично, ќе бидат спротивни мислења и ставови. Ќе се научите да  не се расправате во врска со политиката или со религијата бидејќи ретко имате истомисленици.

Немојте своите уверувања да им ги наметнувате на другите бидејќи секој има право на свое мислење. Тоа што вие нешто го сметате за лошо или погрешно, не мора да значи дека е искуство на луѓе со кои се дружите.

Ако сонувате дека сте фрлиле ѓеврек

Кога сонувате дека сте фрлиле ѓеврек во корпа за отпадоци тоа значи дека членовите на семејството ви замеруваат бидејќи не поминувате доволно време заедно. Веројатно доволно сте зафатени со работата, а кога имате време се дружите со пријателите или со партнерот. Затоа на вашите родители, браќа или сестри им се чини дека ги игнорирате.

Можеби тоа е дури и точно бидејќи ве оптоваруваат со своите проблеми и потсвесно се оддалечувате од нив. Не заборавајте дека отсекогаш ви биле најголема поддршка во животот и најмалку што заслужуваат е да им посветите време понекогаш.

Ѓеврек со сирење

Доколку во сонот јадете ѓеврек со сирење (кашкавал) тоа значи дека нешто во животот ви недостасува. Можеби многу нешта сте решиле во своја корист, но вашата среќа не е потполна. Ако сте изградиле успешна кариера, можеби ситуацијата на љубовниот план не ви е идеална.

Од друга страна, ако имате квалитетна врска, можеби ви недостасуваат пари за да бидете посреќни. Сепак, морате да бидете свесни дека секогаш нешто ќе ви недостасува во животот, бидејќи животот е таков и затоа треба да бидете задоволни со она што го имате.

Ѓеврек со кајмак

Ако јадете ѓеврек со кајмак тоа укажува на хедонизам. Вие сте личност која сака да си прави задоволства на себе, без оглед на тоа што има околината да каже на тоа. Многу внимание им посветувате на нештата во коишто уживате, па често сте во добро расположение. Другите луѓе би имале што да научат слушајќи и гледајќи ве вас.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте јаделе ѓеврек во пекара тоа ви оставило впечаток врз вас кој од јаве се пренел на сон.

Дефиниција за ѓеврек

Ѓеврек е вид на печиво во облик на прстен кој се добива со мешање на брашно, квасец, јајца, сол, шеќер, масло и сусам.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg