Ѓезве - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Ѓезве

Term Main definition
Ѓезве

Ако правите кафе во ѓезве – добивка во најава. Празно ѓезве – трошок.

Ѓезве – значење на сонот и симболизам

Кога на сон ќе видите ѓезве тоа значи дека ќе добиете добар совет или конструктивна критика. Среќни сте бидејќи околу себе имате луѓе кои со безрезервно го споделуваат своето знаење и искуство. Тоа особено се однесува н деловната сфера на вашиот живот.

Можно е во минатото да сте имале некои непријатни искуства, каде количината на суета често ги надминувала границите на здравиот разум, па ќе ви биде многу необично кога луѓето ќе сакаат да ви помогнат. Повеќе од самата работа ќе бидете воодушевени од позитивната атмосфера на работното место.

Сите се свесни дека мора да го поминете периодот на адаптација, па ќе ви помогнат што побргу да се прилагодите.

Ако сонувате полно ѓезве

Ако сонувате полно ѓезве тоа имплицира дека имате добри пријатели кои во секој момент се подготвени да ви помогнат. Заедно сте поминале и убави и грди моменти и сте сфатиле дека без нив тешко би можеле да функционирате. Со оглед на тоа дека во пријателството вложувате многу љубов, труд, доверба и време, многу ви е важно истиот третман да го добивате за возврат.

Убедени сте дека вашите пријатели всушност се вашето огледало и затоа секогаш сте опкружени со оние кои делат слични ставови, уверенија и мислења со вас. Благодарение на нив и самите ќе станете подобар човек.

Ако сонувате празно ѓезве

Овој сон укажува дека ви е потребен одмор. Грижите, проблемите и секојдневните обврски почнале да ве гушат и преоптоваруваат, што значи дека мора да застанете. Промената на средина би можела позитивно да ви делува на вашиот дух и тело за кратко патување или изглед со личноста која ја сакате и со која убаво се забавувате.

Тоа ќе ви помогне да ги наполните батериите и да можете подготвено да се соочите со нови животни предизвици.

Ако сонувате дека готвите кафе во ѓезве

Ако сонувате дека готвите кафе во ѓезве некому тоа значи дека во посета ќе ви дојде драга личност со која не сте се виделе долго време. И покрај тоа што честопати сте разделени и не комуницирате многу, секогаш имате многу теми на разговор. Во негово/нејзино друштво се чувствувате опуштено и никогаш не ви е здодевно.

Овој однос функционира на таков начин со години. Кога имате време вие се дружите, а кога и двајцата сте зафатени, не си вршите притисок да се видите. Тоа во овој момент совршено ви одговара.

Ако сонувате дека некој готви кафе во ѓезве

Кога некој ќе ве послужи кафе во ѓезве тоа е предупредување да се чувате од озборувања. Лицата за кои знаете дека обожаваат да озборуваат немојте да им ги кажувате своите тајни или планови, бидејќи вашата приказна сигурно ќе се прошири. Тогаш би можеле да се соочите со осуда од луѓето во околината за некои постапки, а со самото тоа ќе ви се зголеми и количината на стрес.

Ако купувате ѓезве

Доколку купувате ѓезве тоа укажува на ризична инвестиција. Веројатно ќе вложите пари во нешто што другите ќе го сметаат за потполно неисплатливо и безпотребно. Ќе се обидат да ве разубедат од тоа залудно да не си ги трошите заработените пари, но вие цврсто ќе се држите до својот план и со текот на времето истиот ќе даде позитивен резултат. Ако доволно верувате во она што го работите, успехот нема да ве изостави.

Ако продавате ѓезве

Ако на сон продавате ѓезве тоа значи дека би требале да бидете поекономични бидејќи многу лесно би можеле да западнете во финансиска криза. Непланираните трошоци би можеле да ве натераат да се откажете од нештата и навиките во кои уживате. Не е исклучено ниту дека ќе морате да продадете нешто што сте го добиле како наследство.

Можеби многу ќе ви биде жал поради тоа, но ќе немате друг избор. Сигурно ќе морате да направите некоја жртва за да имате подобро утре.

Ако подарите ѓезве

Кога сонувате дека некому сте му подариле ѓезве тоа имплицира дека на личноста која ви се допаѓа конечно ќе и ги признаете своите чувства. Сигурно сте забележале дека тој/таа не е рамнодушен на вас, но не се осмелува да го направи првиот чекор.

Токму тоа ќе биде капката која ќе ја прелие чашата и ќе ве натера да му/и признаете се што ви лежи на срце. По природа сте многу искрена личност и не сакате во љубовта да калкулирате и да се занимавате со игри. Ќе сфатите дека во љубовта најдобро е да се оди на се или на ништо. Така барем ќе знаете на што сте.

Ако некој ви подари ѓезве

Доколку некој на сон ви подари ѓезве тоа значи дека многу бргу ќе се покаете поради своите одлуки. Можеби ќе бидете под притисок и ќе реагирате избрзано и непромислено. Брзоплетоста би можела многу да ве чини доколку на време не се соочите со својата грешка. Исправете ја додека не ви го загрози работењето, односите со партнерите или членовите на семејството.

Ако украдете ѓезве

Ако сонувате дека некој ви украл ѓезве тоа е предупредување дека сте во опасност. Во блиско опкружување имате личност чии намери воопшто не се искрени. Веројатно се труди да ви се „вовлече под кожа“ за да ве искористи за свои цели. Можеби долго време работи на тоа, само што вие сте премногу наивни за да го согледате тоа. Ако сонувате дека сте украле ѓезве тоа имплицира дека сте осамени.

Можеби луѓето со кои порано сте се дружеле немаат веќе време за вас или личноста која ја сакате многу работи и не може да ви се посвети онолку колку што би сакале. Понекогаш сакате да запознаете нови луѓе, но ретко излегувате од својата комфорна зона. Имате одреден круг на пријатели и не сакате да го проширите.

Затоа честопати ви се случува да немате со кого да испиете кафе или пијалак. Се е до вас, ако на луѓето им дадете шанса да ви се приближат, можеби и вам ќе ви се случат некои интересни нешта.

Ако сонувате златно ѓезве

Доколку на сон видите златно ѓезве или готвите кафе во него тоа укажува на благосостојба. Грижите и проблемите кои долго време ве измачувале конечно ќе се решат со помош на блиските луѓе и нивната безрезервна поддршка. За многу кратко време ќе влезете во мирна фаза од вашиот живот, па ќе можете да се посветите на себе.

Крајно време е и вие самите да уживате во нештата кои ве прават среќни. Конечно ќе можете на мир да прочитате некоја добра книга, да заминете на прошетка или да испланирате излет со саканата личност. Кога најмалку ќе се надевате коцките ќе се наредат сами, затоа е важно да имате трпение и да не губите надеж дека ќе дојдат подобри времиња.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или користеле ѓезве тој впечаток сте си го пренеле и на сон.

Дефиниција за ѓезве

Ѓезве е мал лонец со долга дршка особено наменет за подготовка на турско кафе. Може да биде изработено од бакар, алуминиум или од огноотпорно стакло.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg