Ќелија

Term Main definition
Ќелија

Ако видите ќелија на сон значи дека ќе се почувствувате осамено.

Што значи да сонувате ќелија?

Ако сонувате ќелија

Ако на сон видите ќелија тоа имплицира дека сте осамени. Ќе имате чувство дека околината не ве разбира  и немате кому да се доверите.  Со оглед дека вашите ставови и размислувања се разликуваат од оние на толпата претпочитате да си го исполнувате времето со книга или правејќи нешто што ве исполнува. Вашата најголема желба е да пронајдете сродна душа со која би можеле да водите долги разговори за она што ве интересира и мотивира.

Ако престојувате во ќелија

Кога сте во ќелија тоа укажува дека чувствувате вина. Можеби во некои ситуации не сте однесувале коректно кон некои луѓе што ќе влијае да имате постојана грижа на совеста. Тоа чувство ве спречува да уживате во своите успеси и штом ќе направите мал чекор потсвесно ќе направите нешто што ќе ве врати на старо.

Ако напуштите ќелија

Ако сонувате дека напуштате ќелија тоа значува дека ќе станете пофлексибилни. Порано цврсто сте се држеле за вашите принципи и не сте биле подготвени да попуштите иако ви било од корист. Меѓутоа, животното искуство ќе ви покаже дека ништо не е црно и бело туку дека постојат и многу други нијанси.  Ќе се научите да се ослободите и да ги придвижите сопствените граници напуштајќи ја вашата комфорна зона што ќе ви донесе резултати.

Ако посетувате некого во ќелија

Доколку на сон некого посетувате во ќелија значи дека сте загрижени за таа личност. Можеби се работи за некој кој многу го сакате и почитувате, но често запаѓа во неволја. Ќе сторите се што е во ваша моќ да му/и помогнете и укажете на грешките што ги прави, а кои скапо го чинат.

Ако некој ве посетува во ќелија

Ако некој ве посетува во ќелија имплицира дека нема да послушате добронамерен совет, туку ќе направите онака како што мислите. Подоцна ќе се испостави дека не сте биле во право и дека ништо не сте научиле од сопствените грешки.

Ако сонувате позната личност во ќелија

Кога во ќелија ќе видите позната личност, како на пр. претседател на државата или владата, тоа значи дека ќе запознаете некого кој ќе ви помогне да си ги решите проблемите. Веројатно станува збор за работа или некој правен проблем поради кој често сте вознемирени. Сепак, тој/таа ќе ви понудат помош благодарение на неговите/нејзините контакти ќе ги решите своите проблеми.

Ако заклучите ќелија

Ако на сон заклучувате ќелија значи дека се плашите некој да не ви ја открие мрачната тајна. Тоа сериозно би ви ја загрозило работата и би ви го нарушило угледот во друштво, а би се одразило и на приватниот живот. Затоа ќе се трудите никој да не го дознае вашиот срам. Подготвени сте да си го носите бремето бидејќи сте свесни за последиците ако бидете откриени.

Отклучена ќелија

Сон во кој отклучувате ќелија укажува на тоа дека потајно сте вљубени во личност која е зафатена. Можеби тој/таа веќе има партнер/партнерка или и самите сте зафатени. Но, тоа не ве спречува да мислите на него/неа. Колку и да се трудите да го карактеризирате како моментална затресканост, чувствата ќе ви стануваат сè посилни. Најдобро би било да се дистанцирате од оваа личност на некое време, за да се уверите во изреката „далеку од очите, далеку од срцето“.

Ако отворите ќелија

Кога сонувате дека отворате ќелија значи дека ќе запознаете личност која ќе ве заведе со својата убавина, но и начинот на размислување. Тоа ќе биде некој во чие друштво ќе уживате и ќе умее да ве насмее кога ќе сте најтажни. Ако сте сами, подгответе се да запловите во страсвена врска која ќе ви го промени животот. Доколку имате партнер, не дозволувајте да страда поради вашите постапки. Прекинете ја врската/бракот ако сакате да бидете со друга личност.

Ако затворите ќелија

Ако на сон затворате ќелија тоа имплицира дека во минатото сте донеле одлуки поради кои сега страдате. Можеби погрешно сте процениле некоја ситуација и сега се каете. Престанете да се навраќате на минатото и обидете се да ја промените сегашноста. Време е да почнете да размислувате за својата иднина.

Ако обивате ќелија

Ако сонувате дека обивате ќелија значи дека поради пријател или некој член на семејството ќе се најдете во неприлика.  Ќе мора да го браните иако сте свесни дека не е во право. Така би можеле да си го нарушите угледот во друшштво или да изгубите деловни соработници. Обидете се да го решите проблемот ако не сакате негативно да ви се одрази.

Доколку некои други обиваат ќелија тоа претставува предупредување да внимавате со кого се дружите. Не се доверувајте на луѓе кои тукушто сте ги запознале, бидејќи меѓу нив сигурни има некој кој би можел да го злоупотреби чуеното ако му се укаже прилика.

Ако чистите ќелија

Ако сонувате дека чистите ќелија значи дека ќе се посрамите во големо друштво. Ќе присуствувате во разговор на тема за која не знаете ништо, но со цел да бидете сфатени сериозно, ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај присутните. Така ќе постигнете обратен ефект, но ќе научите да молчите кога немате ништо попаметно да кажете.

Доколку на сон видите дека некој друг чисти ќелија тоа значи дека сте станале мрзеливи. Секој ден одложувате обврски кои ви се наголемуваат. Поради тоа ќе се доведете во ситуација да не можете да решите сè во краток рок, па ќе мора да побарате помош.

Овие соништа се толкуваат во зависност од други детали. Ако, на пример, на сон видите празна ќелија значи дека ќе мора да се откажете од патувањето или од реализацијата на некој план кога ќе сфатите дека не ви се исплати. Можеби сте избрзале со одлуката да заминете на одмор, не земајќи предвид дека би имале дополнителни трошоци кои би ви го оштетиле буџетот.

Ако на сон видите полна ќелија со луѓе тоа значи дека во иднина ќе се изолирате од луѓето. Ќе ви годи да бидете сами, па ќе избегнувате да излегувате и да се дружите со пријателите. Ова е фаза низ која поминуваат сите луѓе во животот. Затоа нема место за паника, само да не ви потрае предолго.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе ќелија или биле во неа, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за ќелија

Ќелија има повеќе значења од кои едно е: простор преграден со решетки во кој се затвораат луѓе кои сториле кривично дело.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg