Ќелавост

Term Main definition
Ќелавост

Ако на сон видите маж без ниту едно влакно на главата предупредува да внимавате на своето однесување за да не ви се потсмеваат. 

Што значи да сонувате некој кој е ќелав?

Ако сонувате ќелава личност

Ако на сон видите личност без ниту едно влакно на главата, тоа е предупредување дека би требале да внимавате на вашето однесување. Можеби ќе посакате да направите нешто што би можело да ја загрози вашата репутација. Иако никому нема да го кажете тоа, вистината ќе се дознае и ќе ве изложи на потсмев на околината. Доколку ги остварите вашите намери и постапите непромислено, ќе имате последици кои ќе придонесат многу луѓе да почнат да ве гледаат со други очи.

Ако бидете ќелави однапред

Кога сонувате дека сте ќелави однапред тоа имплицира дека некој ве посрамува. Веројатно се работи заичност која сте ја сметале за пријател и често сте и ги кажувале тајните.  Ќе дознаете дека тој/таа го злоупотребил/ла тоа и дека едно кажувал/а, а друго правел/а. Ќе бидете разочарани од развојот на ситуацијата и ќе ви биде јасно дека повеќе не сакате да продолжите да се дружите со некого кој не ве почитува.

Ако сонувате дека сте ќелави одзади

Ако сте ќелави одзади тоаа симболизира сиромаштија на јаве. Во наредниот период ќе имате потешкотии со парите кои лошо ќе влијаат врз вашето здравје. Може да се случи платата да ви биде намалена, додека ратите за кредит и истанати трошоци да останат исти. Ќе бидете приморани да реагирате и да пронајдете решение за лошата ситуација во која се наоѓате.

Ако сонувате ќелави луѓе

Доколку на сон видите ќелави луѓе тоа означува дека успешно го видите бизнисот. Без разлика дали работите за некого или имате приватен бизнис, ќе го давате максимумот и ќе се трудите да остварите резултати. Во тоа значително ќе ви помогнат новите влијателни познанства кои сте ги стекнале на деловните патувања.

Ако ја шишате косата ќелаво

Кога сонувате дека се шишате на ќелаво, тоа значи дека ќе најдете докази кои ви одат во прилог. Веројатно сте обвинети за нешто што не сте направиле, но околината ќе се води според изреката дека секој е крив додека не се докаже спротивното. Ќе ви проработи инаетот па ќе примените сила и сè  што е потребно за да ја исчистите дамката од вашето име.

Ако некој друг ве ишишал ќелаво

Ако на сон некој ве ишишал ќелаво тоа претставува предупредување дека треба да се чувате од слаткоречиви луѓе. Доколку некој постојано ви упатува комплименти или ве фали, веројатно има некои скриени намери. Пазете се да не ви влезе манипулатор во животот поради свои цели и да ви го изложи животот во опасност.

Ако вие ишишате некого ќелаво

Сон во кон некого шишате ќелаво укажува дека некој ќе ви го расипе изненадувањето кое го подготвувате за саканата личност или за член на семејството. Веројатно ќе се потрудите да организирате убава забава за саканата личност, но тој/таа да не дознае. сè ќе испланитате до последен детаљ, но поради еден пропуст тој/таа сепак ќе дознае за вашите намери. Можеби накратко ќе бидете разочарани, но кога ќе видите колку се радува вашиот партнер/партнерка или пријател/пријателка ќе заборавите дека изненадувањето ви пропаднало.

Ако сонувате дека носите перика поради ќелавост

Доколку сонувате дека носите перика поради загуба на коса тоа значи дека сте внимателна личност. Не дозволувате луѓето да ви се приближат додека не ги дознаете нивните вистински намери и не го запознаете нивниот карактер. Поради тоа блиските често ве предупредуваат дека ќе останете сами. Сепак, вие сте подготвени да се носите со тоа, бидејќи знаете дека така барем никој нема да ве повреди.

Ако ќелавите постепено

Ако видите на сон како косата ви опаѓа постепено тоа имплицира дека имате преголеми очекувања од себе. Веројатно сте оптеретени од учење или работа, бидејќи сакате да напредувате и да ви биде убава иднината. Во трката за успеси често го занемарувате фактот дека не сте задоволни и исполнети.

Време е да престанете да ги бркате парите или славата и да посветите време на нематеријалните, духовните нешта. Дружете се до семејството и пријателите, заминете на прошетка или на излет во природа, прочитајте книга, слушајте музика. Со тек на време ќе сфатите дека во хаосот кој сами си го создавате сте пропуштиле да уживате во животот.

Ако пресадувате коса поради ќелавост

Кога сонувате дека поради ќелавост сте подлегнале на третмани за пресадување на коса тоа укажува дека сте подготвени да се соочите со новиот предизвик кој ве чека во животот. Во моментот сте полни со самодоверба и малку нешта можат да ве „извадат од такт“. Имате доволно енергија и сакате да ја искористите на вистински начин. Затоа преземате премногу обврски на себе и вооопшто не се штедите. Сепак, немојте да претерувате во ништо.

Ако видите ќелаво бебе или дете

Доколку на сон видите ќелаво бебе или дете без коса тоа значи дека со вашиот изглед, ставовите и уверувањата се издвојувате од толпата.  Вие не се трудите да се издвојувате од другите, туку едноставно сте си такви.  Без оглед на тоа колку во детството или раната младост вашата автентичност ви создавала проблеми, сега сосема сте сигурни дека тоа е дел од вашиот идентитет и не сакате да се откажете од тоа.

Ако видите ќелав монах

Ако на сон видите ќелав монах, како оние кои практикуваат будистичка религија тоа имплицира дека сте подготвени да се откажете од некои желби и потреби за да бидете подобра личност. Можеби ќе сфатите дека материјалните нешта повеќе не ве исполнуваат, па ќе се одлучите во потполност да си го промените животот за да го откриете смисолот на вашето постоење.

Ако видите ќелава мачка

Кога на сон ќе видите ќелава мачка или мачка без влакна (Сфинкс) тоа значи дека потполно сте задоволни од вашиот изглед и дојдени сте до степен кога не сакате ништо да промените на себе. Сте се ослободиле од некои комплекси, сте почнале да вежбате и сте ја промениле исхраната, а резултатите се видливи. Сега без проблем можете да кажете дека изгледате најдобро во животот. Тоа веројатно допринело и на вашето расположение, но и емотивна исполнетост.

Ако видите ќелава кукла

Сон во кој гледате ќелава кукла укажува на беспричински страв за сопственото здравје кој се граничи со хипохондрија. Често читате списанија за здравје и гледате телевизиски емисии во кои се говори за болести. Затоа понекогаш ви се чини дека имате симптоми кои некаде сте ги слушнале. Редовен гостин сте во болниците и здравствените домови каде ве познаваат сите вработени. Можеби треба да се посветите на некое хоби кое барем на кратко ќе ве оттргне од црните мисли кои ви се вртат во глава.

Значењето може да биде поедноставно. Ако сте пред скоро време виделе ќелав човек или сте се шишале така, тоа веројатно оставило впечаток врз вас.

Дефиниција за ќелавост

Ќелавост е опаѓање и загуба на коса на глава и други делови на тело.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg