Ќумур - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Ќумур

Term Main definition
Ќумур

Јаглен на сон е добри вести на јаве, ако си во недоумица – just do it!

Што значи да сонувате ќумур или јаглен?

Ако сонувате јаглен или ќумур

Кога на сон ќе видите јаглен тоа значи дека пред вас е еден поволен период на деловен и љубовен план.  Ако сè што сте планирале може да се оствари, доволно е само да соберете само малку храброст и да почнете да ги реализирате своите желби и планови. Ако се двоумите дали да отпатувате, немојте да се двоумите. Спакувајте ги куферите и заминете!

Ако чистите јаглен

Ако сонувате дека чистите ќумур од оџак тоа значи дека ќе се посрамите во поголемо друштво. Ќе бидете во можност да присуствувате во разговор на тема за која не знаете ништо. Со намера да не се забележи вашето незнаење или незаинтересираност ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај присутните. Тогаш ќе сфатите дека понекогаш е подобро да молчите, отколку да се посрамите на таков начин.

Доколку сонувате дека некој друг чисти јаглен од оџак тоа имплицира дека поради „долг јазик“ ќе се најдете во неприлика. Пред личноста која краток период ја познавате ќе кажете нешто што би можело да се протолкува на погрешен начин и на тој начин ќе паднете во замката да станете главна тема на трачевите во својот крај. Ако ја зборувате вистината нема да се посрамите, но ако додавате или измислувате нешто што не е точно бидете подготвени на јавна осуда.

Кога сонувате дека чистите јаглен од моторот на автомобилот можеби ќе мора многу да се помачите за да остварите некоја цел. Можеби ќе сфатите дека факултетот кој сте го запишале е претежок или сте презеле преголема одговорност на работа. Во секој случај ќе треба да вложите многу труд за да го завршите започнатото, но со тоа и задоволството ќе биде поголемо.

Сон во кој гледате како некој друг чисти јаглен од мотор на автомобил укажува на тоа дека ќе преплатите некоја услуга или призвод. Ќе купите нешто што е прескапо за што ќе се испостави дека не е вредно за парите што сте ги дале. Ќе научите лекција да не им робувате на трендовите туку добро да се информирате пред да „фрлите“ тешко заработени пари.

Ако сонувате дека чистите ќумур од ауспух на автомобил тоа значи дека треба да имате поголемо трпение и разбирање за саканата личност. Партнерот/ката сторил/а нешто што не ви се допаднало, па бурно сте изреагирале. Во афект сте изговорите зборови кои не ги мислите и со тоа сте повредиле блиска личност. Веројатно сега се каете поради своите постапки, но на тоа сте требале да мислите на време. Потрудете се да се извините за своето однесување, за да не задоцните и изгубите сакана личност.

Доколку на сон видите дека некој друг чисти ќумур од ауспух тоа значи добивка на коцка. Можеби ќе одлучите да уплатите тикет во кладилница или да одиграте лото, па сосема неочекувано ќе освоите поголема сума на пари. Тоа ќе ви помогне да ги „закрпите дупките“ настанати од бројни трошоци. Сепак, немојте да верувате дека може да се живее од игри на среќа, бидејќи многу ќе се измамите. Имајте на ум дека коцкањето е опасен облик на зависност.

Ќумурно лице

Кога на сон ќе си го видите сопственото лице ќумурно тоа значи дека ќе бидете предмет на трачеви. Со своите постапки ќе предизвикате коментари на љубопитни луѓе кои немаат попаметна работа туку да се занимаваат со туѓи животи. Ќе сфатите дека љубомората и зависта се главни двигатели за се она што се зборува за вас, па нема да се трудите да ги демантирате гласините.

Ако, пак, на сон видите ќумурно лице на личност која ја познавате тоа имплицира дека тој/таа ќе побара ваша помош во иднина. Можеби ќе ви побара помош при селидба или некоја друга работа. Од друга страна, можеби ќе ви побара пари на заем или некој совет.

Ако на сон видите ќумурно лице на непозната личност тоа значи дека пред вас е еден прилично турбулентен период. Ќе имате проблем да ја усогласите работата со приватниот живот. Од една страна шефот ќе ви замери дека не се трудите доволно околу работните задачи, а од друга страна, семејството и пријателите ќе ви замераат што не им посветувате доволно време и внимание. Потрудете се да си го сочувате здравиот разум. Еден од начините е да не ги слушате ниту едната ниту другата страна, туку да го слушате своето тело. Можеби е крајно време да се одморите од сè.

Ќумурни раце

Сон во кој гледате дека ви се ќумурни рацете предупредува на опасности на патот. Можеби ќе бидете принудени со часови да патувате од едно место на друго поради застој, дефект или сообраќајна несреќа. Ќе мора да имате многу трпение, без оглед на тоа што ќе доцните на договорените состаноци не по ваша вина. На сите ќе мора да им објаснувате дека не сте виновни за тоа, што кај вас ќе предизвика дополнителна нервоза. За секој случај, тргнете порано каде и да планирате да одите, бидејќи никогаш не знаете што може да ви се случи.

Ако на сон видите туѓи ќумурни раце тоа значи дека во наредниот период потполно ќе се посветите на личноста која преживеала голема загуба. Потрудете се да бидете покрај неа во секој момент, да ја расположите, да ја натерате да направи нешто за себе. Најважно е да покажете дека ја има вашата потполна поддршка.

Ако видите ќумурен човек

Доколку на сон видите ќумурен маж или жена тоа претставува предупредување да не присвојувате нешто што не ви припаѓа. Ова се однесува на работното место, некој материјален предмет, па дури и емотивен партнер со кого не сте во формален однос. Ако сте во тајна врска можеби се залажувате дека таа личност конечно ќе ја официјализира вашата љубов. Имајте на ум дека тоа нема да се случи, па постојат шанси да завршите како и оние кои својата среќа ја градат на туѓа несреќа.

Ако бегате од ќумурен човек

Кога сонувате дека бегате од ќумурен човек потсвеста ве предупредува дека не смеете да се опуштате штом малку ќе ви излезе среќата.  Вие сте личност што мисли дека успехот се подразбира, па често кога ќе добиете нешто што го сакате се откажувате наместо да напнете уште повеќе и да покажете дека сте сериозни. Во следниот период ќе постои опсност да го изгубите сè  она што сте го стекнале досега, бидејќи ќе добиете опасна конкренција со опасна желба за докажување.

Значењето може да биде поедноставно. Ако неодамна сте чистиле јаглен од оџак или мотор на автомобил тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за јаглен/ќумур

Тоа е црна прашина која останува откако ќе се изгаси огинот. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg