Кловн

Term Main definition
Кловн

Ако видите кловн во циркус ви се заканува исмевање на јаве.

Што значи да сонувате кловн?

Ако сонувате кловн во циркус

Ако видите кловн во циркус во сон, тоа покажува дека ќе бидете исмевани на јаве. Можно е некој да сака да ве убеди во невистина што може да ве скара со личност која ви мисли добро. Ќе бидете збунети затоа што не сте навикнати да се соочувате со лаги, ниту знаете како да препознаете кој е искрен со вас, а кој гледа на вас како можност да оствари свој интерес.

Бидејќи немате намера да се замерувате со никого, може да се случи предоцна да сфатите дека требало да заземете позиција и да се изјаснете.

Ако сонувате дека сте кловн

Ако сонувате дека сте кловн значи дека нема да преземете одговорност. Веројатно ви е полесно да се претставите како беспомошна личност која не е во можност да донесува важни одлуки. Се плашите дека ќе направите грешка, па затоа претпочитате да се откажете или да оставите сè на луѓето во кои имате доверба.

Честопати се потценувате и мислите дека не сте способни за ништо, и покрај фактот што многумина мислат најдобро за вас и сметаат дека сте капацитет што може да постигне многу во животот. Со леснотија ги гледате вашите сопствени недостатоци додека ги негирате доблестите и не им обрнувате внимание.

Ако сонувате дека разговарате со кловн

Кога разговарате со кловн во вашиот сон, тоа значи дека залудно се трудите. Може да се случи вашиот обид да го убедите вашиот партнер/партнерка да ве почитува да се претвори во невозможна мисија затоа што тој/таа нема да биде подготвен да соработува и да ги промени старите навики.

Од вас ќе зависи дали ќе прифатите таков став или ќе поставите услови по кои ќе знаете дали има смисла да останете во врска со личност која не сака да ви попушти или да се прилагоди на вас.

Ако сонувате тажен кловн

Сонот во кој гледате тажен кловн укажува на тоа дека сте премногу затворени во себе и дека не пуштате да влезат другите луѓе во вашиот живот од страв да не бидете повредени. Можно е да влечете траума од минатото, некој да ве разочарал или повредил, па затоа сега се плашите да не ви се случи такво нешто по втор пат.

Токму овој ваш одбранбен механизам не ви дозволува да им дадете на луѓето шанса да ве направат среќни, а со тоа не си давате шанса да направите некого среќен.

Ако сонувате дека ве брка (прогонува) кловн

Ако сонувате дека ве брка кловн, тоа подразбира дека се обидувате да избегате од вистината или да скриете нешто. Веројатно толку сте засрамени поради нешто од минатото што сте решиле да го потиснете и никогаш повеќе да не зборувате за тоа. Од друга страна, може да станува збор и за некои физички недостатоци, како што се прекумерна тежина или неухранетост, опаѓање на косата и слично.

Ако кловнот што ве брка изгледа морничаво, тоа значи дека треба да се вардите од лицемери. Можно е некој да ви се претставува како искрен и добар пријател, а всушност е подготвен да ја злоупотреби вашата доверба во секој момент.

Ако сонувате дека кловнот се обидува да ве убие

Овој сон ја симболизира вашата немоќ да се справите со нешто или некого. Можеби трпите понижување на училиште, на работа, па дури и од блиска личност или не можете да се ослободите од некои негативни чувства, како што се лутина или љубомора.

Ако сонувате кукла-кловн

Кога во сон ќе видите кукла-кловн, тоа подразбира дека сте весела и донекаде детинеста личност. Затоа сте омилени во секое друштво. Умеете да ги насмеете и расположите и најмрачните луѓе, што често ви помага кога правите нешто погрешно. Доволно е само да се  насмевнете и сè  ќе ви биде простено.

Ако купите кукла-кловн за некого во сон, тоа значи дека сакате да му помогнете на некој што е во неволја. Веројатно блиска личност има многу грижи, а вие не знаете како да му/ѝ го олесните тоа. Сепак, вниманието, љубовта и сочувството што ги покажувате се доволен доказ дека се грижите и дека сте тука за него/неа.

Ако сонувате дека носите маска кловн

Сонот во кој носите маска кловн на лицето покажува дека не сте целосно искрени со саканата личност. Можеби се плашите да ги признаете вашите вистински чувства затоа што знаете дека вистината би го/ја повредила. Треба да започнете да се справувате со тоа, бидејќи со молчењето се повредувате и себе и него/неа.

Друго значење на овој сон е дека сте исплашиле некого со вашето агресивно однесување. Веројатно сте „експлодирале“ во некој стресен момент и сте ја покажале вашата мрачна страна. После тоа, оние што ве виделе во такво издание, целосно го промениле мислењето за вас. Важно е да научите јасна лекција од ова - контролирајте се ако не сакате целиот свет да ве замрази.

Ако сонувате дека се шминкате како кловн

Ако сонувате дека се шминкате како кловн, тоа подразбира дека многу се трудите да скриете од луѓето како всушност се чувствувате. Постојано ја потиснувате тагата или грижите со широка насмевка во друштво, но едвај чекате да дојдете дома и да ја тргнете „фасадата“ што ја носите за доброто на другите. Важно е да знаете дека не треба да ги криете вашите чувства и дека треба да пронајдете некого на кого ќе му верувате доволно за да му ја раскажете вашата приказна.

Ако сонувате дека носите кловновски чевли

Ако носите огромни чевли на кловн во сон, тоа значи дека сте премногу сериозни за да можете да уживате во животот. Сте дозволиле да бидете толку оптоварен од грижи и проблеми што не можете да се опуштите дури и кога ги нема.

Луѓето забележале дека скоро никогаш не се смеете, па затоа се обидуваат да ве расположат на секој можен начин. Престанете да размислувате само за лоши работи и обидете се да ги искористите убавите работи што ви ги нуди животот.

Ако сонувате дека носите костум на кловн

Кога сонувате да одите по улица облечени во костум на кловн, тоа подразбира дека намерно се однесувате неспособно или не сте во состојба да извршите некои задачи. Имате голем потенцијал, но се штедите и затоа што не сакате луѓето да ве искористуваат.

Затоа, повеќе би сакале да кажете дека не знаете да направите, отколку на луѓето да им дозволите да видат дека можете да сторите нешто, за да можат да ве „натоварат“ со уште поголема работа. Вашата тактика може да биде добра во некои случи, но поради таквото однесување тешко дека ќе постигнете некои големи деловни успеси.

Ако сонувате дека водите љубов со кловн

Премногу се грижите за тоа што другите ќе кажат. Треба да научите да ги игнорирате негативните мислења на другите луѓе и да станете посилна личност.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе кловн, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за кловн

Кловн е комичар во циркус со смешна облека и нос чија улога е да ја забавува публиката.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg