Лале - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Лале

Term Main definition
Лале

Гледање лалиња во сон ве предупредува да не бидете горди и лекомислени на јаве.

Што значи да сонувате лалиња?

Ако во сон гледате лалиња, тоа е предупредување да не бидете горди и лекомислени на јаве. Можно е дека ќе остварите успех што ќе ве заслепи и ќе направи да имате за себе превисоко мислење. Нема да ги слушате другите затоа што ќе бидете уверени дека сè најдобро знаете, поради што можете да направите многу пропусти што лошо ќе влијаат на вашата репутација.

Сонувањето дека наводнувате лалиња укажува на тоа дека вложувате многу труд во љубовната врска. Веројатно покрај себе имате личност за која се грижите и сакате да му/ѝ го направите секој момент поминат заедно незаборавен. Инаку, вие сте многу внимателни, па затоа постојано сте во контакт со пријатели, роднини и многу познаници.

Кога во сон подарувате лалиња, тоа подразбира дека некому ќе му објавите војна. Може да се случи да се чувствувате загрозено на работа или во врска, па суптилно ќе му дадете на знаење на лицето што го сметате за закана да не се закача со вас. Не сакате со никого да се замерувате, но не се двоумите да ги покажете забите веднаш штом ќе процените дека сте во опасност.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе, сте полевале, сте добиле или подариле лалиња, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лалиња

Лалињата се цвеќиња кои се користат како украсни растенија во паркови, градини и жардиниери.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg