Лав

Term Main definition
Лав

Ако се брка лав: загуба; убивање на лав: ќе дојдеш до моќ и углед; ловење лав: доброто се враќа со добро; гледање: ќе ѝ се допаднеш на голема (моќна) личност.

Што значи да сонувате лав?

Соништата со лавови спаѓаат во ретки соништа. Статистички гледано почесто ги сонуваат луѓе помлади од 20 години, а овие соништа најчесто се појавуваат после  посета на зоолошка градина или после гледање емисии за животни на телевизија, односно после директна визуелна средба со лавови.

Ако сонуваме лав или повеќе лавови по такви средби во некој разумен рок од 15 дена, таквите соништа не ги толкуваме, бидејќи тие се одраз на она што сме го виделе или сме го слушнале, ако поминале повеќе од 15 дена, тогаш можеме да ги толкуваме таквите соништа.

Соништата со лавови се позитивни соништа.

Ако гледате лав во сон

Ако кралот на животните го гледате во сон, тој сон означува дека имате моќен заштитник за кој не сте воопшто свесни дека ве заштитува.

Ако гледате лавица во сон

Сонот е еквивалентен на претходниот сон, освен што сега заштитникот е од женски род.

Ако сонувате мртов лав или лавица

Ако сонувате мртов лав или лавица, тој сон означува дека сте изгубиле моќен заштитник за кој не сте биле свесни дека е тоа. Алтернативно толкување е дека родителите повеќе не можат да ви ја дадат заштитата и безбедноста како што можеле некогаш.

Ако гледате лавови или еден од нив како ловат во сон

Доколку во сон гледате лав, тоа значи дека ќе ѝ се допаднете на моќна личност. Можно е да направите нешто што ќе му покаже на вашиот шеф дека сте личност од доверба и дека може да смета на вас. Исто така, ќе ги поддржите неговите/нејзините ставови што ќе ви обезбедат сигурна иднина во фирмата и многу привилегии.

Ако ловите лав или лавови во сон

Кога во сон ловите лав, тоа укажува дека доброто се враќа со добро. Веројатно ќе  помогнете на лице кое нема да биде во можност соодветно да ви се оддолжи. Неговата/нејзината среќа ќе ви биде најважна, а вие неочекувано ќе добиете награда од некој што нема никаква врска со оваа приказна.

Ако ве брка или бегате во сон од лав, лавица или лавови

Ако во сон ве брка лав, тоа означува загуба. Можно е искреноста скапо да ве чини затоа што ќе ѝ замерите на личност која е подобро да ја имате на своја страна. Кога ќе ги согледате последиците од вашите постапки и зборови, ќе се чувствувате прилично беспомошно, но ќе биде доцна да се повлечете и да го негирате она што сте го изјавиле.

Ако убиете лав во сон

Сонување дека сте убиле лав подразбира дека ќе имате моќ и углед. Можеби ќе се случи да не се послужите со најискрените средства за да дојдете до врвот, но тоа нема да ви биде важно затоа што ќе го постигнете она за што долго сте копнееле. Притоа ќе заборавите да го чувате грбот, бидејќи среќата изградена врз туѓа несреќа не е долготрајна.

Ако гледате лавови како спијат

Вашиот непознат моќен заштитник и чувар не е тука, нема да може да ви помогне ако наидете на некои проблеми, финансиски или правни.

Ако слушате рикање на лавови

Ако во сон слушнете рикање на лавови, тој сон означува дека е потребно да бидете претпазливи околу неодамнешните деловни одлуки. Можно е да се впуштите во проект што нема да можете да го одработите или да му се посветите детално. Таквите проекти понекогаш е подобро да се прескокнат отколку да се наруши својот углед.

Ако галите лав

Деловниот ризик ќе ви се исплати, по што ќе заработите почит од одредени луѓе. Успех и благосостојба.

Ако сонувате црн лав

Не ја забележувате сопствената моќ и знаење. Се потценувате себеси. Потребно е да имате поголема самодоверба. Потребно е да ризикувате малку повеќе во сè, но не претерано.

Ако сонувате бел лав

Вие ја преценувате сопствената моќ и знаење. Се преценувате себеси. Потребно е  да ризикувате помалку и да играте на сигурно.

Ако сонувате лав во кафез или затворен лав

Можноста е пред вас, но не ја забележувате. Треба да размислувате надвор од рамките, за да го забележите тоа. Можна финансиска и деловна добивка ако тоа ви тргне од рака.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе, сте убиле, сте бркале или сте побегнале од лав, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лав

Лав е голем цицач со карактеристична грива кој лови во глутница и живее во савана.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg