Лажење

Term Main definition
Лажење

Ако лажете: неуспех, грижи, беда; слушање лаги: некој ќе те насамари.

Што значи да сонувате дека лажете?

Ако во сон сами себе се лажете, тоа означува неуспех. Можно е да не сте направиле вистински избор на работа, партнер и сл., но не можете да си дозволите да погледнете наназад. Свесни сте дека нема смисла да се оптоварувате со она што можело да биде, поради што ќе се фокусирате на убавите работи што ви се случуваат, трудејќи се на тој начин да направите компензација и баланас во животот.

Сонување дека лажете други означува загриженост. Веројатно не сакате да ги нервирате блиските личности, па затоа нема да им ја кажете вистината за вашата  здравствена состојба, ситуација на работа или врска/брак. Ќе се преправате дека сè е во најдобар ред и ќе им помагате во решавање на нивните проблеми, што барем за момент, ќе ви покаже дека не е сè толку црно и безнадежно.

Кога во сон ќе слушнете лаги, тоа е предупредување дека некој ќе ве насамари. Може да се случи да добиете понуда која ќе звучи премногу добро за да биде вистинита, но вие ќе поверувате во неа и ќе вложите пари, надеж и време. По краток временски период ќе сфатите дека нешто не е во ред, но ќе биде доцна за да се поправи штетата.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте кажале или сте слушале лаги, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лаги

Лага е тврдење спротивно на вистина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg