Лицитација

Term Main definition
Лицитација

Лицитација во сон значи зло за задолжениот, и добар знак за оној што не должи.

Што значи да сонувате лицитација?

Ако сте во долгови, а сонувате лицитација, тоа е лош знак. Можно е вашите долгови да бидат наплатени многу порано отколку што очекувавте. Нема да успеете да соберете доволно пари, поради што ќе останете без работи кои за вас имаат финансиска и сентиментална вредност.

Доколку никому не должите ништо, а сонувате лицитација, тоа е добар знак. Вие сте личност која е синоним за точност и чесност кога станува збор за роковите за плаќање обврски или отплата на заеми. Немате од што да се плашите затоа што вашата совест е чиста и никој не може да ви префрли дека сте го оштетиле.

Сонување дека лицитирате е предупредување дека не можете да ја изградите вашата среќа врз туѓа несреќа. Може да се случи од личност која е во неволја за мали пари да си дозволите нешто што е многу вредно. Иако ќе бидете возбудени од неочекуваната добивка, ќе ве измачува совеста и фактот дека не сте постапиле исправно.

Кога во сон ќе се откажете од лицитација, тоа подразбира дека не ги почитувате туѓите чувства. Во вашата околина веројатно постои личност која долго е заљубена во вас и која тајно негува надеж дека ќе бидете заедно. Ќе играте „топло-ладно“ поради што тој/таа нема да знае на што е и ќе биде многу повреден/а од вашето однесување.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте лицитирале, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лицитација

Лицитација е јавно наддавање на купувачи и продавачи околку купопродажба на  стоки.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg