Лимон

Term Main definition
Лимон

Ако гледате лимон во сон значи дека ќе чуете радосни вести, помала добивка.

Што значи да сонувате лимон?

Ако во сон гледате лимон, тоа симболизира помала добивка. Можно е некој од членовите на семејството да ве награди за успехот што сте го постигнале за време на школувањето, што ќе ви даде шанса да размислите за понатамошна работа на себе или за инвестирање во сопствен бизнис. Бидејќи ќе докажете дека сте сериозни и вредни, тие нема да се двоумат да ви дадат сè што ќе им побарате.

Сонување дека берете лимони укажува на тоа дека ќе најдете утеха во работата. Веројатно минувате низ тежок период од животот кој емоционално ве исцрпи, поради што нема да имате сила да ја удирате главата за тоа што можело да биде. Вашето време ќе го исполните со активности за кои е потребна физичка сила, по што ќе имате само желба да заспиете и да се одморите.

Кога во сон цедите лимон, тоа подразбира дека сами на себе ќе си го загорчите  животот. Вие сте личност која бара влакно во јајце и доколку немате никаков проблем, сами ќе го измислите. Не сте навикнати во животот сè да поминува без проблеми, па затоа често се сомневате во луѓе кои се премногу добри и сметате  дека имаат скриени намери.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте береле или сте цеделе лимон, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лимон

Лимонот е дрво од родот цитрус, чиј плод има многубројни лековити својства.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg