Лоз (грепка)

Term Main definition
Лоз (грепка)

Кувањето лоз во сон означува загуба, додека пронаоѓањето значи добивка на лотарија.

Што значи да сонувате лоз (грепка)?

Ако во сон купувате лоз, тоа означува загуба. Можно е брзоплето да влезете во приказна со работа што, по повнимателна анализа, секому би му изгледала сомнително. Ќе поверувате во лажните ветувања на луѓе кои ќе ги сакаат само вашите пари и ќе ви се допадне идејата дека за краток временски период, без многу проблеми, ќе остварите големи приходи.

Сонување дека сте пронашле лоз, укажува дека ќе добиете на лотарија. Може да се случи да осмислите комбинација на броеви што ќе бидат извлечени и што ќе ви донесе вредна награда. Отпрвин нема да верувате што ви се случува, но штом сфатите дека не е шега, ќе започнете да правите планови како да го прославите и да го потрошите освоеното.

Кога во сон кинете лоз, тоа подразбира дека ќе се соочите со проблем. Веројатно веќе одреден период затворате очи пред вистината и дозволувате други да ве купуваат со шарени лаги. Доколку се работи за сакана личност, ќе инсистирате да зборувате отворено и да си признаете еден на друг сè што сте премолчувале.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте купиле, сте нашле или сте искинале лоз, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за лоз

Лоз е парче хартија со која купувачот учествува во наградна игра.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg