Лубеница

Term Main definition
Лубеница

Бидете повнимателни при изборот на пријатели; залудни љубовни желби, љубомора.

Што значи да сонувате лубеница?

Ако во сон гледате лубеница, тоа е предупредување да бидете повнимателни при изборот на пријатели. Може да ви се случи да им дадете доверба на луѓето кои нема да умеат да го ценат, туку она што ќе им го признаете ќе го користат против вас и ќе направат да се чувствувате помалку вредни.

Секогаш ќе најдат причина да ве потсетат дека не сте доволно добри и дека би требало да се срамите поради грешките што сте ги направиле.

Сонување дека јадете лубеница означува дека вашите љубовни желби се залудни. Веројатно ви се допаѓа личност која нема намера да се смири во блиска иднина, што вам само ви претставува поголем предизвик и мотивација да го/ја убедите во спротивното. Вашиот однос ќе биде пример за игра „топло-ладно“ и ќе трае додека не ви пукне филмот и не свртите грб.

Друго значење е дека би требало да имате мера во сè. Вие сте личност која оди од една во друга крајност и затоа сте или на врвот или на дното. Непознат ви е поимот  златна средина, поради што често се случува да останете без пари, да го сакате и да го мразите вашиот партнер во ист ден итн.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте јаделе лубеница, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лубеница

Лубеницата е зеленчук од семејството тикви кое се смета за овошје и содржи голем процент вода.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg