Лупите овошје/ зеленчук

Term Main definition
Лупите овошје/ зеленчук

Веројатно ќе вложите многу пари или време во нешто што воопшто нема да ви биде од корист.

Што значи да сонувате како лупите некое овошје или зеленчук?

Ако сонувате дека лупите компири

Ако сонувате дека лупите компири значи дека залудно се надевате. Веројатно ќе вложите многу пари или време во нешто што воопшто нема да ви биде од корист. Може да се работи за некоја работа или емотивна врска со партнер кој нема да биде подготвен да направи компромис или да ви ги возврати чувствата што ги заслужувате.

Ќе сфатите дека не е доволно само едната страна да се обидува и да се труди и дека е подобро за вас да  ѝ ставите крај на оваа приказна додека не биде предоцна.

Ако сонувате дека лупите јаболко

Ако лупите јаболко во сонот, тоа укажува на љубовни проблеми. Веројатно сте во врска со личност која не можете да ја претставите на родителите, пријателите или семејството, бидејќи сте свесни каква бурна реакција би можело да предизвика тоа. Затоа не можете да правите планови како и сите други парови.

Најверојатно се чувствувате беспомошни затоа што сте влегле во неговиот/нејзиниот живот предоцна. Вие, сепак, ќе мора да прифатите дека ова е максимумот што ќе го добиете од него/неа.

Ако сонувате дека лупите портокал

Сонот во којшто лупете портокал значи дека ќе се ослободите од некои „демони“ од минатото и ќе го започнете животот од почеток. Истиот може да биде поврзан со токсични љубовни или пријателски односи, лоша работа или животен простор што не ви се допаѓа.

Во секој случај, ќе направите голем рез во вашиот живот, по што сè ќе стане подобро за вас. Очекувајте напредок и просперитет во блиска иднина.

Ако сонувате дека лупите банана

Кога сонувате да лупите банана, тоа значи дека на потсвесно ниво сте незадоволни од вашиот сексуален живот. Меѓутоа, ако сте свесни за вашето незадоволство, многу е можно дека сте претерале со проблемот.

Оженетите дефинитивно треба да поразговараат со својот партнер за таквите нешта. Ако сте сами или сте во некој вид на тајна врска, време е да го промените тоа.

Ако сонувате дека лупите кромид

Сон во којшто лупете кромид обично симболизира позитивна енергија. Веројатно се чувствувате подготвени да преземете некои чекори што ќе ве направат посреќни и поуспешни. Долго време нештата сте ги препуштале на случај, па ви се случувало да добивате најмалку кога сте вложиле најмногу.

Сепак, раководејќи се од претходните искуства, сте научиле која е вистинската мерка во односот инвестиција-профит, така што ваквите ситуации нема да ви се повторат никогаш. Конечно ќе започнете да ја планирате својата иднина и да се обидете да ги остварите вашите соништа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg