Нешто палите/горите

Term Main definition
Нешто палите/горите

Ако горите во сонот тоа значи дека ве очекува беда, сиромаштија.

Што значи да сонувате дека горите?

Ако сонувате дека горите

Ако вие горите во вашиот сон, тоа е предупредување дека ве очекува беда. Можно е да се соочите со проблеми чие решение нема да зависи од вас, како на пример: временските неприлики. Ќе се потрудите да направите сè  што е во ваша моќ, но и понатаму ќе чувствувате дека тоа не е доволно.

Нема да имате многу време за очајување, туку ќе мора да се погрижите за членовите на семејството кои зависат од вас.

Друго значење е дека сте заљубени. Веројатно се работи за личност која ќе успее да разбуди убави чувства во вас кои не сте знаеле дека постојат. Ќе сфатите дека вашите претходни врски биле смешни во однос на оваа и дека допрва ќе дознаете како изгледа кога некого сакате. Поради него/нејзе ќе бидете подготвени да направите сè, па дури и да заминете во земја каде што никого не познавате.

Ако сонувате дека некој човек гори

Ако сонувате дека некој друг човек гори тоа значи дека нема да му помогнете на пријателот во неволја. Иако сте прилично блиски, ќе мислите дека правите мечкина услуга и ќе решите дека е подобро да го прекинете контактот. Меѓутоа, совеста нема да ви даде мир и додека да се одлучите дали да преземете акција, може да биде премногу доцна за било што.

Ако сонувате дека ви гори лицето

Кога во сонот гледате дека ви гори лицето тоа укажува на недостаток на самопочит и верба во себе. Веројатно се чувствувате непривлечно за другите, а особено за личност која ви се допаѓа. Обидете се на парче хартија да ги ставите сите ваши доблести и маани и ќе согледате дека првата колона е подолга од втората.

Тоа би требало да ви биде доволно јасен знак. Кога ќе се засакате себеси и на другите ќе им биде полесно да ве засакаат.

Ако сонувате дека лицето на некој човек гори

Доколку сонувате дека нечие лице гори тоа значи дека ќе го посрамотите својот партнер или пријател. Ќе кажете нешто поради коешто многу ќе се посрами.

Многу ќе ви замери, но нема да сака да ви го покаже тоа. Следниот пат добро размислете пред да кажете нешто што би можело да го компромитира човекот којшто го сакате.

Ако сонувате дека ви горат рацете или нозете

Сонот во којшто ви горат вашите раце или нозе симболизира чувство дека тешките ситуации со коишто сте се соочиле во минатото. Искрено се каете поради некои нешта, а сега станувате свесни дека животот си го враќа долгот.

Ако сонувате дека му горат рацете или нозете на некој друг човек

Ако видите дека му горат рацете или нозете на некој човек тоа имплицира неподготвеност да се соочите со одговорни задачи, без оглед на тоа дали се работи за деловниот или за приватниот живот. Сè  уште сакате да уживате и да не се мачите многу, но се ближи време кога ќе треба да покажете колку сте пораснале и созреале.

Ако ви значи што мислат другите луѓе морате веднаш да се воозбилите и да се потрудите да им го докажете тоа. Во спротивно, вашата приказна паѓа во вода.

Ако сонувате дека „горите“ од желба за некого

Доколку сонувате дека горите од желба за некого тоа укажува на емотивни проблеми на јаве. За оние лица коишто немаат партнер, сосема нормално е да сонуваат вакви соништа. Сигурно копнеете да имате личност покрај себе. Меѓутоа, ако сте во врска или во брак, овој сон укажува на тоа дека односот со партнерот не ви е на завидно ниво.

Можеби не сте задоволни од вашата врска или нешто ви недостасува. Проблемот најчесто е во недостаток на секс кој предизвикува бројни несогласувања меѓу емотивните партнери.

Ако сонувате дека некој „гори“ од желба за вас

Ако во вашиот сон некоја непозната личност „гори“ од желба за вас тоа значи дека ќе имате непријатна средба со некого со кого не сте во добри односи веќе подолго време. Тоа што ќе го видите во поминување ќе ви пробуди спомени на кои нерадо се сеќавате. Ќе посакате никогаш во животот да не сте го запознале.

Сонот во којшто гледате како личноста којашто ја познаете „гори“  од желба за вас симболизира вистински чувства кон него/нејзе. Ако станува збор за вашиот партнер или партнерка, вие се сметате за среќна личност. Доколку станува збор за некоја друга личност, тоа значи дека таа личност ве привлекува, но тоа не значи дека не сакате тоа да си го признаете себеси.

Ако сонувате дека горите во пеколот

Кога сонувате дека горите во пекол тоа значи дека ќе се помирите со својата судбина. Конечно ќе сфатите дека нема смисла да се уништувате поради нешто што ви се случило и дека е време да продолжите да се борите, бидејќи животот нема да застане поради вас. Мотивација ќе ви даваат луѓето на коишто им се воодушевувате. Гледајќи ги нив ќе соберете сили и ќе истраете во она што сте наумиле.

Ако сонувате дека други луѓе горат во пеколот

Ваквиот сон укажува на радување на туѓа несреќа. Можно е некој да не го послушал вашиот совет и поради тоа се нашол во неволја. Наместо да му бидете поддршка вие ќе се однесувајте со одбојност и постојано ќе му префрлате дека сте биле во право.

Ова е најлошото што можете некому да му го направите за кого тврдите дека ви е драг. Во ред е да укажете некому на грешка и да понудите помош за да се исправи, а не постојано да повторувате „те предупредив“, „ти реков“ и слично.

Ако сонувате како горат пари

Доколку во сонот видите дека горат парите тоа значи дека се плашите дека сиот труд што сте го вложиле во нешто ќе ви биде залуден. Многу напорно работите и се надевате дека еден ден трудот ќе ви се исплати, но сè повеќе сте убедени дека никогаш нема да ги почувствувате бенефитите од вашите жртви.

Можеби би требале да промените работно место. Ако не можете да напредувате со години, време е за промена. Колку и да се плашите од исходот, не може да биде полош од сегашниот, зарем не?!

Ако сонувате дека целиот град е во пламен

Сонот во којшто гледате дека целиот град гори симболизира уништено пријателство. Веројатно ќе се скарате со личност со која се познавате цел живот и ќе одлучите никогаш повеќе да не ѝ се јавите. Нема тука да застанете, туку суетата ќе ве тера да зборувате лоши работи за него/нејзе. На тој начин ќе срушите многу мостови, а нема да направите ништо што ќе ви донесе какво било задоволство.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе дека нешто гори, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за горење

Горење е хемиски процес помеѓу горива и оксиданси во кој се создава топлина поради промени во хемискиот состав.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg