Нож

Term Main definition
Нож

Голем: грижи, лага; мал: кавга, измама; џебен: ќе те прогонуваат, неуспех; губење: непријатно изненадување; наоѓање: некој ќе те израдува; ’рѓосан: болест, опасност.

Што значи да сонувате нож?

Ако во сон гледате голем нож, тоа означува лага. Можеби ќе сакате да заштитите некого, кажувајќи му/ѝ го она што сака да го чуе, наместо реалната состојба. Ќе бидете уверени дека правите добро дело, но сигурно би било покорисно за односната личност доколку сте биле искрен од самиот почеток.

Сонување мал нож подразбира дека ќе се карате со некого. Веројатно се работи за личност која многу ја цените и почитувате, но никако не успевате да пронајдете  заеднички јазик. Тоа може да биде партнер/ка, пријател, член на семејство со кого воопшто не се согласувате, но лелекате штом ќе се одвоите од него/неа малку подолго.

Кога во сон гледате џебен нож, тоа подразбира дека ќе ве прогонуваат. Вие сте личност која нема влакна на јазикот и принципот според кој функционирате е: „што  на ум, тоа на друм“. Свесни сте дека си штетите на себе, но не сакате да бидете полтрон кој прави сè што ќе му биде кажано без прашање, иако тоа не го смета за  правилно.

Доколку во сон изгубите нож, тоа означува непријатно изненадување. Можно е веќе долго време да се подготвувате да му кажете сè што мислите некому в лице, презентирајќи ги фактите што го поткрепуваат секое ваше тврдење. Меѓутоа, ќе се изненадите кога ќе сфатите дека не е сè црно или бело, туку дека постојат многу други нијанси што сте ги превиделе.

Сонување дека сте нашле нож, укажува дека некој ќе ве израдува. Може да се случи да добиете предмет што има посебно значење за вас и кој долго време го посакувавте. Ќе ви биде чест што ви припаднал вам и ќе се трудите да го зачувате што е можно подобро.

Ако во сон гледате ’рѓосан нож, тоа предупредува на болест. Веројатно нема да забележите никакво влошување на вашето здравје, но деталното испитување може да ве соочи со опасностите што ви се закануваат. И покрај тоа што ќе се преправате дека сте силни и бестрашни, вие само сакате некој да ве прегрне и да ви каже дека сè ќе биде во ред.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе, сте пронашле или сте изгубиле нож, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за нож

Нож е алат која се состои од острило и дршка и служи за сечење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg