Нозе

Term Main definition
Нозе

Убави: кавга; грди: нови пријатели; болни: несреќа, штета; отечени: веселба, танц; миење нозе: болест, патување; кршење, губење: понижување, губење на пријатели.

Што значи да сонувате нозе?

Нозете во сон имаат различни значења, но можно е да поминувате многу време во стоење или да ве болат поради што треба да посетите лекар.

Ако сонувате убави нозе

Ако во сон гледате убави нозе, тоа означува расправија. Можно е вашиот партнер/ка да е љубоморен на секој згоден маж/жена што ви приоѓа, поради што често започнувате конфликти што не водат никаде.

Вие се обидувате да му/ѝ објасните дека нема причина за такво однесување и дека не можете да гледате настрана или да бегате од други луѓе.

Ако сонувате грди нозе

Доколку во сон гледате грди нозе, тоа симболизира нови пријателства. Може да се случи да запознаете луѓе со кои ќе се согласите за многу работи, па да останете во контакт и ќе разменувате искуства и мислења.

Ќе сметате дека сте доволно зрели сами да ги избирате своите пријатели, а не училиштето, работата или други околности да ви го наметнуваат профилот на луѓе со кои треба да се дружите.

Ако сонувате болни нозе

Кога во сон гледате болни нозе, тоа означува штета. Веројатно во наредниот период нема да можете да работите како порано, поради што ќе имате помал прилив на финансиски средства.

До сега се потпиравте само на себе и се трудевте да создадете повеќе, но здравствената состојба недвосмислено ќе ви порача дека мора да забавите и да се чувате.

Ако сонувате отечени нозе

Ако во сон гледате отечени нозе, тоа симболизира радост. Можно е да имате причини да се радувате затоа што ќе се приближи датумот што го чекавте долго. Тоа може да биде: промоција, венчавка, крштевање итн.

Нема да се двоумите да покажете колку сте среќни, иако следниот ден нема да можете да си дојдете на себе.

Ако сонувате дека миете туѓи нозе

Доколку во сон миете туѓи нозе, тоа подразбира дека сте покорни некому. Веројатно станува збор за личност која претставува авторитет за вас, кој никогаш не сте го довеле во прашање. Сепак, стравот е она што ве придвижува и прави и понатаму да правите работи поради кои не се чувствувате добро.

Не си дозволувате да фантазирате за слободата затоа што се плашите дека премногу ќе ви се допадне.

Ако сонувате дека сте изгубиле нога

Кога во сон ќе изгубите нога, тоа значи дека ќе изгубите пријател. Може да се случи повеќе да не се однесувате еден кон друг како порано, поради што ќе сметате дека е подобро да се дистанцирате отколку да ги расипете убавите спомени што ве врзуваат.

Секогаш ќе го/ја поздравувате на улица, а на луѓето околу вас ќе им кажувате сè најдобро за него/неа.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте скршиле или сте изгубиле нога, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за нозе

Нозете се екстремитети кај луѓето и животните кои им овозможуваат стабилност и подвижност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg