Нуклеарна електрана

Term Main definition
Нуклеарна електрана

Ако на сон видите нуклеарна електрана тоа значи дека пред вас е еден успешен период на деловен и на приватен план.

Што значи да сонувате нуклеарна електрана?

Ако на сон видите нуклеарна електрана тоа значи дека пред вас е еден успешен период на деловен и на приватен план. Нештата ќе почнат да се одвиваат онака како што сте сакале и очекувале. Ќе направите планови за во иднина и ќе имате сили да ги спроведете на дело.

Кога сонувате дека се шетате во нуклеарна електрана тоа ја симболизира вашата потреба за нови знаења. Можеби ќе запишете некој курс по стран јазик или обука од област која долго време ве интересирала, а не сте имале време да се посветите на тоа. Постои можност и за промена на факултет или работата која во моментот ја работите.

Сон во кој се криете во нуклеарна електрана симболизира желба за возбуда или за авантура. Мечтаете да заминете на некое егзотично место или да се испробате во екстремни спортови. Можеби би сакале да доживете романса со потполен туѓинец или да имате интимни односи на јавно место.

Ако сонувате експлозија на нуклеарна електрана тоа значи дека сте загрижени за своето здравје. Веќе некое време чувствувате симптоми кои ги игнорирате и сметате дека ќе поминат. Сепак, потсвеста ве мачи и би сакале да дознаете за што се работи, но се плашите да одите на лекар. Затоа често посегнувате по информации од интернет, што е најлошата работа која можете да ја направите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg