Облог (опклада)

Term Main definition
Облог (опклада)

Ако сонувате опклада предупредува на штета, не ризикувајте.

Што значи да сонувате опклада - облог?

Ако сонувате дека се обложувате

Ако се обложувате во сон, тоа значи штета. Можно е да ризикувате да им докажете на сите дека можете да направите нешто за кое мислат дека не сте способни. Ќе ве погоди што не ви веруваат, па ќе водите инает и ќе започнете да правите работи што не одат во ваша корист.

Ако сонувате дека другите се обложуваат

Ако сонувате дека другите се обложуваат, тоа подразбира дека сте пристрасни. Веројатно претпочитате еден пријател или член на семејството од другите и правите сè што можете за да му помогнете. Колку и да се трудите да бидете исти со сите, ќе биде многу лесно да се погоди која е вашата душичка.

Ако сонувате дека сте добиле опклада

Кога добивате опклада во вашиот сон, тоа покажува дека ќе бидете во право. Може да се случи колегите да го доведат во прашање успехот на проектот на кој работите, но нема да дозволите да ве поколебаат. Нивната недоверба ќе ви послужи како дополнителна мотивација да дадете сè од себе и да покажете дека е попаметно да не ви се мешаат.

Ако сонувате дека сте изгубиле облог

Ако изгубите облог во сон, тоа значи дека ќе бидете во заблуда. Можно е да сте биле уверени во некои работи што ќе се покажат како неточни. Ќе ви биде тешко да ја прифатите вистината што е спротивна на она во што верувате, но тоа ќе ја одрази вашата зрелост и подготвеност да се промените на подобро.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте добиле или изгубиле опклада, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за опклада - обложување

Опклада е договор во кој губитникот мора да го стори она што ќе му го каже победникот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg