Очила

Term Main definition
Очила

Носење: ќе дочекаш длабока старост; кршење: ќе претрпиш штета, срам; губење: внимавај на патот; купување: штета поради брзоплетост.

Што значи да сонувате oчила?

Очилата асоцираат на успех и снаодливост при склучување зделки, додека нивното кршење или губење има негативна конотација.

Ако во сон носите очила

Ако во сон носите очила, тоа укажува дека ќе дочекате длабока старост. Вие сте личност која не дозволува никому и ништо да ја извади од такт, туку инсистирате на вашата приказна што ја сметате за точна.

Многумина би рекле дека сте тврдоглави, но тоа е единствениот начин да ги зачувате нервите и да се изборите за себе.

Ако во сон скршите очила

Доколку во сон скршите очила, тоа е предупредување дека ќе претрпите срам. Можно е да бидете невнимателни и да го загрозите проектот на кој работите подолго време. Претпоставените јавно ќе ве опоменат за да им дадат на знаење на сите што ги очекува, додека колегите ќе избегнуваат да ви доверат поважни одговорности.

Ако сонувате дека сте изгубиле очила

Кога во сон ќе изгубите очила, тоа подразбира да внимавате при патувања. Може да се случи да одите на службен пат каде што ќе склопите важни договори. Ќе мора да држите отворени четири очи, затоа што некои ќе се обидат на измама од вас да го извлечат она што не сте им го ветиле.

Ако сонувате дека купувате очила

Ако во сон купувате очила, тоа значи дека сте брзоплети. Вие сте личност која мисли дека голем успех се постигнува преку ноќ, поради што работите на себе дури  кога ќе сте уверите дека тоа би можело да ви се исплати.

Доколку се сомневате во реализацијата, веднаш се откажувате и се посветувате на нешто што ви изгледа попривлечно.

Ако сонувате дека сте позајмиле очила од некого

Кога во сон позајмувате очила од некого, тоа укажува дека ќе имате повеќе разбирање. Веројатно ќе осудувате личност со чии постапки не се согласувате, но ќе имате можност да ја дознаете причината за неговото/нејзиното однесување.

Тоа ќе биде важна лекција која ќе придонесе да бидете кон другите онакви какви што би сакале другите да бидат кон вас.

Ако сонувате дека некому сте позајмиле очила

Ако во сон некому позајмите очила, тоа подразбира дека некој ве копира. Можно е да имате личност во вашето опкружување која ви се восхитува и која би сакала да биде како вас. Понекогаш се чини дека ве имитира во многу работи, но не можете тукутака да му/ѝ кажете да престане со тоа.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, купиле, скршиле, носеле, изгубиле или сте позајмиле очила, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за очила

Очилата се очно помагало што му овозможува на корисникот да гледа подобро.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg