Ослепување

Term Main definition
Ослепување

Ако ослепите во сон предупредува на зло, неволји, проблеми што ќе ви се случат на јаве.

Што значи кога сонувате дека вие или некој друг ослепел (изгубил вид)?

Ако сонувате дека сте ослепеле

Ако сте ослепеле во сон, тоа предупредува на неволја. Можно е сè да ви тргне наопаку во следниот период, па затоа ќе заклучите дека е најдобро да останете во кревет за да го спречите дејството на Марфиевиот закон. Ќе се сметате себеси за малер кој уништува сè што ќе допре.

Може да биде и предупредување дека смртта е можна во далечното семејство. Можно е лице кое долго време било болно да умре, но и покрај неговата/нејзината состојба, вестите ќе ве најдат неподготвени.

Ќе се справите потешко отколку што сте можеле да замислите, особено затоа што станувате свесни дека повеќе нема да го видите.

Ако сонувате дека некој друг ослепел

Ако некој друг ослепел во сон, тоа значи претпазливост. Веројатно во вашето опкружување имате примери на луѓе кои имале лош живот, поради што ќе одлучите да научите некоја лекција од нивните грешки.

Држете се до докажани методи и совети затоа што не сакате да создадете непотребни проблеми за себе и за вашите најблиски.

Ако се преправате во сон дека сте ослепеле

Кога глумите дека сте ослепеле во сон, тоа подразбира дека ќе лажете. Вие по природа сте перфекционист кој нема да се појави на факултет или работа ако не стори сé што се очекува од него/нејзе.

Сметате дека е попаметно да излезете со изговор и да останете дома отколку да бидете засрамени и да изгледате недоволно подготвени и несигурни во вашето знаење.

Ако сонувате дека некој друг глуми слепило

 Ако во сон некој се преправа дека е ослепен, тоа покажува дека ќе бидете злоупотребени. Може да се случи некое лице од околината да ве изманипулира и да се обиде да добие пари или нешто што му е потребно. Ќе се чувствувате виновни и ќе ви биде многу тешко да не се предадете на уцените што ве погодуваат.

Ако сонувате дека некоја ваша блиска личност ослепела

Кога некој близок е ослепен во сон, тоа означува расправија. Можно е пријател или партнер да биде под влијание на другите и да им верува повеќе на злонамерни луѓе кои ќе сакаат да ве скараат. Ќе направите се за го/ја вразумите, но разговорот ќе оди во погрешна насока и ќе започнете сериозна дискусија.

Ако сонувате дека следите слепа личност

Ако следите слепа личност во вашиот сон, тоа укажува дека одите кон пропаст. Може да се случи доброволно да следите личност која заговара погрешни работи. Ќе бидете фасцинирани од него/неа, па ќе престанете да размислувате со главата и да ги слушате оние кои навистина ви посакуваат добро во животот.

Ако сонувате дека некое животно ослепело

Кога во вашиот сон ќе ослепе некое животно, тоа значи дека се плашите од одговорност. Веројатно не се ни осмелувате да земете милениче бидејќи се плашите дека не сте во можност да се грижите за него. Би сакале другите да ве сфаќаат сериозно, но не преземате ништо за да докажете дека сте сериозни и зрели.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако вие или некој од околината сте ослепеле, тоа создава не само физички, туку и психолошки проблеми.

Дефиниција за слепило

Слепилото е делумна или целосна неможност за визуелна перцепција.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg