Парфем

Term Main definition
Парфем

Ако мирисате: претерувате во барањата; ако имате: грижи, разочарување; ако купите: големи трошоци; ако дадете некому парфем значи преземање големи одговорности.

Какво значење има поимот парфем во соништата?

Ако видите парфем во сон, тоа покажува дека ќе направите некого среќен. Можно е во последно време, некој да е многу љубезен кон вас и да ви помогнал да ги завршите тешките обврски.

Ќе почувствувате голема благодарност и ќе сакате да возвратите на некој начин, па ќе му купите подарок што ќе го воодушеви.

 Ако сонувате дека мирисате парфем

Ако мирисате на парфем во сонот, тоа подразбира дека претерувате во вашите барања. Вие сте личност која оди на сè  или ништо, па не сте задоволни со просечни резултати и понуди. Вие сте перфекционист по природа и на сите многу лесно наоѓате маани кои ве спречуваат да им пристапите и да остварите соработка или врска чиј исход е неизвесен.

Ако сонувате дека се мирисате со парфем

Кога се прскате со парфем во сон, тоа значи заведување. Веројатно ќе сакате да ја изненадите саканата личност и да ѝ подарите незаборавна вечер. Ќе се обидете да направите сè д биде совршено, како сцена од филм.

Ќе бидете малку нервозни и ќе направите некои мали пропусти што вашиот партнер нема ни да ги забележи.

Ако сонувате дека имате парфем

Ако имате парфем во вашиот сон, тоа значи дека ќе бидете разочарани. Можно е да си поставите цел за која ќе се борите, но кога ќе ја достигнете, ќе сфатите дека сè уште чувствувате празнина.

Сте верувале дека на тој начин сите проблеми ќе ви исчезнат, но тоа во пракса нема да се исполни.

Ако сонувате дека купувате парфем

Ако купите парфем во сон, тоа симболизира големи трошоци. Може да се случи да имате поправки во станот/куќата за кои ќе треба да инвестирате многу пари. Бидејќи сте некој кој многу се грижи за просторот за живеење, ќе организирате сè како што сте замислиле и тоа ќе го сметате за добра инвестиција.

Ако сонувате дека подарувате некому парфем

Кога некому подарувате парфем во сон, тоа подразбира дека ќе преземете големи одговорности. Вие сте личност која секогаш се обидува да го даде својот максимум, но во наредниот период ќе ги прецените своите можности и ќе се презаситите. Ќе започнете многу нешта, но нема да завршите ништо, што ќе ве направи многу нервозни и фрустрирани.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте виделе, купиле, добиле на подарок, мирисале, сте имале или подариле парфем, тоа секако ви оставило впечаток на потсвеста.

Дефиниција за парфем

Парфемот е мешавина што остава пријатен мирис на човечкото тело или предмети.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg