Парк (шеталиште) - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Парк (шеталиште)

Term Main definition
Парк (шеталиште)

Ако видите парк во сонот значи дека ве чека задоволство, пријатен живот на јаве.

Какво значење има поимот парк (шеталиште) во соништата?

Ако видите парк во вашиот сон, тој симболизира пријатен живот на јаве. Вие сте личност која се обидува да не се оптеретува со секојдневни проблеми, туку умеете да наоѓате задоволство во малите нешта што ве прават среќни.

Поголемиот дел од слободното време го поминувате на чист воздух, што ви помага да го расчистите умот и да ги наполните батериите.

Ако сонувате дека трчате во паркот

Ако трчате во парк во сон, тоа покажува дека сте дисциплинирани. Вие сте личност која го почитува дадениот збор и не дозволувате никому и ништо, а особено не на мрзеливоста, да ви застане на патот кон успехот.

Во целост сте посветени на целите што си ги поставувате пред себе и ги постигнувате без оглед на туѓото мислење.

 Ако сонувате дека седите во паркот со некоја блиска личност

Кога седите со сакана личност во паркот во вашиот сон, тоа може значи дека сте се оддалечиле од него/нејзе. Можно е поради брзото темпо на живот да не можете да си посветувате време едни на други како порано.

Сте го пропуштиле периодот во кој сте имале помалку пари, но повеќе разбирање едни за други, додека сега ситуацијата е обратна.

 Ако сонувате дека бегате од паркот

Ако бегате од паркот во сон, тоа подразбира дека ве мачат спомени. Веројатно сте се покајале за одлуката што сте ја донеле, а се однесува на односот со вашиот партнер или пријател.

Ќе се обидете да се утешите изјавувајќи дека сте донеле вистинска одлука, но потсвесно ќе знаете дека сте отишле предалеку.

Ако сонувате дека носите дете во паркот

Кога носите дете во парк во сон, тоа значи дека ќе му се посветите на семејството. Можно е да поминете повеќе време со блиски луѓе, додека ќе ги занемарите деловните обврски. Ќе почувствувате дека заслужувате кредит кој ќе ги покрие и надомести некои ваши идни пропусти.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте виделе, прошетале, истрчале или одвеле некого во паркот, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за парк (шеталиште)

Паркот е дел од градот каде се одржува зеленилото.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg